Променливо облачно со магла и локален дожд во јужните делови

Времето ќе биде променливо облачно. 

По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а во јужните подрачја ќе има повремен локален дожд, кој во текот на ноќта ќе се прошири и во западните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 1 до 12 степени, а дневната од 9 до 15 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со утринска температура до 7 степени, а дневна температура до 13 степени.

Има ли проблем со градски автобуси - граѓаните се жалат, ЈСП вели редовно сообраќаат

Нередовни автобуски линии, а некои од приградските и воопшто ги немало во изминатите денови, алармираат дел од граѓаните, кои загриженоста за проблемот ја споделија преку меил и до редакцијата на Канал 5.

Жител на скопски Раштак –наведува дека единствен превоз до центарот на Скопје во изминатите два дена им е автомобилот, бидејќи автобусот кој треба да ја опслужува линијата воопшто не се појавил.

-Веќе два дена, автобусот 65 од Скопје со с. Раштак преку с. Булачани не сообраќа. Сопругата вчера чекаше автобус после 12 часот во транспортен центар и мораше да се откаже и да дојдам јас да ја земам со автомобил, бидејќи двата автобуси кои сообраќаат во работен ден до с. Раштак не возеа, наводно зошто немаа гориво. Истото се случи и денес наутро. – Стои во пораката на Свето Тасев – Жител на С. Раштак до Канал 5.

Дека има недостаток на автобуси се пожалија и граѓаните кои ги затекнавме на постојките каде премрежуваат градските и приградските линии. Некои иако поседувале месечен билет, велат приморани се да се возат со такси, други пак автобус чекале дури 2 часа...

-Слободна имам, 1400 денари ја вадам, сега ако не помине 20ка, јас си одам со такси, и за што сум работела? За ништо. Повеќе даваме за такси и плус за автобус што плаќаме. Нема, ниту други автобуси нема, точно е дека нема.

- Некогаш можеме да чекаме и по 40 минути.

-27ца, 2 часа во Ново Лисиче – ја чекавте? Да, па се качив во 7ца, овде дојдов, па се прекачив таму.

Во меѓувреме, во јавноста се погласни се шпекулациите дека проблемот лежи во наводен голем долг на ЈСП за нафта кон добавувачот, поради што, било редуцирано снабдувањето со гориво, а автобусите неретко порано се повлекувале во депоата. Сомнежи дека нешто се случува има и кај граѓаните...

Гужва е, што значи дека не се толку редовни. Или е рестрикција или нешто има, тоа знаат само надлежните./ Зависи која релација, но не се редовни, кој знае кој жавол е тука што лежи во позадината.

Во однос на наводите, побаравме одговори од Град Скопје кои не упатија за детални информации до ЈСП. Директорот на претпријатието Крсте Петревски пак ги отфрла шпекулациите дека има недостаток на нафта, а линиите уверува дека се редовни со доволно автобуси. – за долгот за нафта, посочи да побараме одговор од понеделник.

-Информациите кои сте ги добиле за недостаток на нафта не се точни, јавното сообраќајно претпријатие троши големи количини на гориво бидејќи секојдневно 300 автобуси излегуваат од базата и тоа е постапка која тековно тече. Ете уште една шпекулација, вчера ЈСП редовно прими нафта, преку 80тина тони, значи испораките на нафта течат вообичаено, ЈСП ги сервисира своите обврски редовно,-- Крсте Петревски – Директор на ЈСП.

Претрпијатието веќе со години работи како загубар, а пред неколку месеци имаше и штрајк на вработените поради неисплатените плати, проблем кој се реши со 11те милиони евра субвенција која ја изгласа советот. Од ЈСП дополнуваат дека веќе три години Владата не ги плаќа своите обврски за бесплатниот превоз на пензионери, ученици и останати граѓани...

ЗНАМ: Најголема грижа на секој од нас е здравјето на нашите деца, нашите родители и нас самите

Знам дека најголема грижа на секој од нас е здравјето на нашите деца, нашите родители и нас самите.

Една од најголемите предизвици со кои се соочуваме е состојбата на здравствениот систем во нашата земја. Официјалната статистика открива дека имаме само 270 лекари на 100,000 жители, што е за 22% под просекот на Европската Унија. Исто така, последните десет години губиме околу двеста лекари годишно, што е приближно ист на бројот на студенти кои завршуваат медицински факултети. Ова е сериозен проблем кој бара нашата веднашна реакција и акција.

Ние од Движењето ЗНАМ имаме мерки и политики кои ќе ги подобрат условите во здравствениот систем. Најпрво, ние ќе работиме на зголемување на бројот на лекари, со фокус на инвестирање во образованието и обука на нови лекари, како и со создавање на услови за задржување на постоечките. Исто така, ние ќе се обидеме да ги поттикнеме младите да се вклучат во медицинската професија преку програми за стипендии и обука.

Конкретни мерки од нашата програма се

-Зголемување на платите на докторите за 20 проценти

-Зголемување на платите на медицинските сестри и другиот медицински персонал за 50 проценти

-Бесплатен здравствен систем за сите граѓани на државата

-Креирање на здравствен систем кој ќе ги лекува пациетнтите и нема од нив да прави клиенти

-Еднаков пристап до здравствени услуги на сите граѓани по нивен избор.

-Подобрување и реновирање на сите здравствени објекти во Македонија. Освен тоа, ќе се фокусираме на подобрување на здравствената инфраструктура и пристапот до здравствени услуги за сите граѓани, особено за оние во руралните области. Ја Споделуваме и вашата загриженост за ниските нивоа на наталитет и високата стапка на смртност, и затоа ќе се фокусираме на програми за здравствено образование.

ЗНАМ - Даниел Стојчевски, носител на кандидатската листа во ИЕ 2

притисни ентер