ВМРО-ДПМНЕ: Антикорупциската комисија ја урна лагата за имотот на Мицкоски

Нивната Антикорупциска комисија ја урна лагата на СДСМ и Заев за имотот на Мицкоски, Владата стана фабрика за лажни вести со кој ја убивaат вистината.

Најдобар демант на лагите на СДСМ е времето кое покажува дека секоја лага се распрсна пред налетот на вистината.

Денес е факт дека СДСМ, Заев и неговата скапо платена пропагандна машинерија се најголемиот извор на лажни вести. Станавме држава во која Владата стана фабрика за лажни вести со кој секојдневно ја убива вистината. Но кога фактите се стопроцентни на страната на вистината, лагите паѓаат.

Дури и нивната Државна Комисија за спречување на корупцијата донесе одлука со која потврдува дека нема никаков доказ дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски извршил било каква злоупотреба при стекнување на концесии за стопанисување на мали хидроцентрали.

Повеќе од една година СДСМ отворено дрско лажеше и безочно манипулираше со јавноста.

8 државни институции секојдневно проверуваа документации, и сите до една констатираа дека нема ништо спорно.

“Од обезбедените документи и даденото објаснување, видно е дека во периодот на носење на одлуката за избор на најповолна понуда по Јавен повик за прибирање на понуди за доделување на концесија за користење на вода за изградба на 80 мали хидроцентрали, Христијан Мицкоски немал никаков ангажман од страна на Владата на Р.М., ниту пак имал некаква функција во АД ЕЛЕМ” стои во образложението.

Наспроти тврдењата на СДСМ за постоење конфликт на интереси, Државната Комисија за спречување на корупцијата констатира дека Христијан Мицкоски бил именуван за советник на премиерот дури девет месеци по објавата на одлуката за избор на најповолна понуда за доделување на концесија, односно дури една година по назначувањето за член на Надзорниот одбор на АД ЕЛЕМ.

Дури и на една таква чиста ситуација претседателот Мицкоски донесе одлука за откажување од неговиот удел во компанијата, пример кој досега не го следи ниту еден владин функционер.

Очигледно за Заев сака да биде и премиер, и бизнисмен и глава на криминалниот октопод кој управува со државата.

Лажните вести Владата ги користи за дефокусирање на јавноста од вистинските скандали како на пример ослободувањето на Катица Јанева, која очигледно премногу знае за криминалите на Заев и власта, или пак да се сокријат стотици илјади евра од државни институции кои завршувале на приватните сметки на луѓето од власта.

Најмалку што може да направи СДСМ и Заев е да се извинат поради изречените лаги и клевети. Ширењето лаги нема да го ублажи падот на оваа влада. Вистинскиот суд доаѓа од граѓаните на 12-ти април кога оваа влада ќе биде жестоко поразена.

Во продолжение Ви ја испраќаме интегрално Одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата која се однесува на случајот со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Пукотници во средно училиште во САД , застрелан ученик (ВИДЕО)

Ученик е повреден во денешното пукање во средното училиште Вотсон Чапел во Пајн Блаф, во американската сојузна држава Арканзас, соопштила управата на окружното училиште.

„Родителите на повредениот ученик се информирани“, се вели во соопштението, додавајќи дека сите други ученици се безбедни, а станувало збор за „изолиран инцидент“, пренесува Ројтерс.

Наставата започнала денеска во училиштето во Пајн Блаф, што се наоѓа на околу 70 километри од главниот град на државата Арканзас, Литл Рок.

Кембриџ :Само една доза на вакцината од Фајзер го намалува ширењето на короната

Само вакцинацијата со една доза на вакцината на Pfizer ја намалува веројатноста за пренесување на вирусот за 75 проценти, покажала новата студија.

Студијата е спроведена на 9000 луѓе меѓу здравствени работници во Кембриџ, Велика Британија. Тестовите за присуство на вирусот кај лица вакцинирани со единечна доза на Pfizer 12 дена по вакцинирањето покажале дека процентот на лица заразени со вирусот САРС-CoV-2, но без симптоми, е за 75 проценти помал. Бројот на заразени со симптоми се намалил за сличен процент.

Ова откритие е важно затоа што покажува дека вакцинацијата значително го намалува преносот на вирусот.

Од претходните истражувања било јасно дека Pfizer е многу ефикасен во намалувањето на симптоматските инфекции, но досега не било познато дали вакцинираните лица можат да станат асимптоматски и да продолжат да ја пренесуваат инфекцијата.

„Ова ќе значи дека со зголемување на вакцинацијата, пренесувањето на вирусот кај луѓето значително ќе се намали, што е одлична вест“, изјави за Гардијан водачот на студијата Мајк Викес од Универзитетот во Кембриџ.

Стоилковски: „Можеле да сокријат“ значи само едно - сокриваат многу

Нема ден да нема нов скандал и ново забегување во самобендисните изјави на државниот политички врв, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Министер за одбрана, втор чин во партијата на власт вели:

„Можеше ова да не го кажеме, за да добиваме помалку прашања“ - Радмила Шекеринска порача дека можеле да сокријат дека е вратен капарот за кинеските вакцини!

Внимавајте „можеле да сокријат“- значи само едно - дека сокриваат колку им душа сака!

На пример: сокриваат за случајот со Рашковски тежок осум милиони евра. Нели е сокривање снимен разговор, самиот потврди дека тој зборува, чиста корупција, нема ништо од некаков процес - јавноста не смее да зборува - затоа што ако зборува може да заврши како тројца новинари кои што беа повикани во полиција затоа што ја објавиле аферата?

Сокриваат ли за случајот „ШИК Јелак“ во Тетово - огромен скандал кој што открива можна поврзаност на владата, директно на премиерот, со балкански бизнисмен, поранешен припадник на југословенските служби, а сега го врзуваат со Москва, за пари давани на црно за финансирање на избори, имот, бензински пумпи и што се не, во замена за огромен градежен плац во Тетово? Да потсетам Заев призна дека дал насока СДСМ во Тетово на Советот да гласа за тој контроверзен ДУП!

Дали по принципот на Шекеринска сокриваат кој и што стои зад исчезнувањето на Сашо Мијалков, на пример, што предизвика скандалозни брканици, прес конференции, меѓусебни обвинувања на линија министер за внатрешни – суд - обвинителство? Сокриена ли е вистината за неговото изненадно појавување пред медиуми како слободно шета во Скопје иако има потерница и најавена е меѓународна потерница по него?

Сокриена ли е вистината и за причината зошто и четири месеци по најавата, нема вакцини и Македонија е црна дупка во светот, заради наводни грешки во документи, и со „Фајзер“, а сега и со Кина?

Сокриена ли е вистината за политичкиот договор за пописот? Сокриена ли е вистината за бројот на невработени, за затворени погони, за хаосот во образованието, за изборните манипулации, за поткупи, за висината на меѓународното задолжување, за криминалот и корупцијата заради која што Македонија тоне на сите релевантни мерења и полека полека од хибриден преоѓа во власт на диктатура?

Можеле да сокријат, за да добиеле помалку прашања - порача вториот чин во СДСМ! Прашањата се тука и Шекеринска и Заев и Филипче и Николовски и Спасовски ги знаат одговорите - само што се уште ги сокриваат. Но доаѓа ден, за брзо се ќе се дознае!


притисни ентер