Пендаровски во Нови Сад ќе се обрати на 4-от Регионален младински форум

 Претседателот Стево Пендаровски, кој се наоѓа во официјалната посета на Србија, денеска во Нови Сад ќе учествува на 4. Регионален младински форум.

Пендаровски ќе има свое обраќање на претседателскиот панел „Обраќање на младите пред претставниците на влаcта: презентирање на политичкиот дијалог пред милениумците", заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателот на Словенија, Борут Пахор.

Вчера Пендаровски се сретна со Вучиќ при што освен за зајакнувањето на билатералните односи, разговарале и за француската иницијатива за нова променета методологија во водењето на претпристапните преговори со ЕУ. Тој уште еднаш го истакнал ставот дека за нас не постои друга одржлива алтернатива и гаранција за стабилност, сигурност и просперитет, освен полноправно членство во Унијата.

– Во овој контекст ме радува фактот што и од Скопје и од Белград упатуваме јасни пораки дека Европската унија не треба да заборави на западниот Балкан, за кој перспективата за членство во ЕУ е единствена гаранција за стабилност, сигурност и просперитет и всушност е единствена одржлива опција. Европската интеграција на регионот е најдобриот начин што ќе овозможи демократска трансформација на нашите општества, просперитет и зајакната регионална соработка, изјави Пендаровски.

За разлика од него, Вучиќ повтори дека и за Србија целта е членството во ЕУ, и веќе има отворано 17 поглавја, но со францускиот „нон-пејпер" документ многу работи се нејасни.

– ЕУ сега во овој момент бара начин, поради Преспанскиот договор да ја задоволи Македонија, за Албанија е малку потешко, да отвори преговори....кога ќе ги прашате, а што потоа, што кога ќе се отварат преговорите, во март или во мај во Загреб, никој нема одговор во ЕУ што ќе биде потоа со преговорите со Србија и Црна Гора, па и со Северна Македонија откако ќе ги отвори преговорите. Таков план немаме видено досега. Затоа до нас во регионот е да отвараме повеќе автопатишта, пруги, се повеќе да се спојуваме и да соработуваме, да бидеме се поуспешни, изјави Вучиќ, во контекст на иницијативата за „Мал Шенген".

И Пендаровски ја оцени иницијативатат за „Мал Шенген" како одлична, истакнувајќи дека тоа не е алтернатива на ЕУ, за што добил потврда и од францускиот претседател Макрон.

– Тој треба да се менува, да се шири и да ги опфати сите шест држави од Западен Балкан, без да го прејудицирам идниот статус на Косово, треба да се најде решение за сите држави да влезат во оваа иницијатива, бидејќи така може да имаме сите бенефиции и поголем пазар, и сите без надворешна пресија да се однесуваме како Европјани, рече Пендаровски.

На оваа констатација на Пендаровски се надоврза и Вучиќ кој кажа дека „Мал Шенген", односно слободното движење на капиталот, на стоки, услуги и луѓе се суштина на напредокот и тоа е прогресивна иницијатива и најдобро нешто во регионот во изминатите 30 години.

– Ние немаме покровители тука и сами се договараме. Со Заев и со Рама многу лесно се договараме. Отворени сме и за другите, па и за Приштина, сакакаме и тие да влезат, бидејќи сите ќе имаме огромна корист, или според Светска банка сите би имале околу три милијарди заштеда, а тоа не се мали пари, кажа Вучиќ, кој додаде дека „има будали кои него и Еди Рама ги обвинуваат дека ја прават четврта Југославија или Голема Србија и Голема Албанија, што не одговара на вистината".

Потрошил 14.000 евра за да стане куче, а сега повторно шокира со новиот кучешки костум (ВИДЕО)

Претходно пишувавме за Јапонец, кој се крие зад прекарот Токо.

Тој потрошил повеќе од 14.000 евра на костим за куче, со цел да го исполни детскиот сон и да го запознае светот од перспектива на животното.

Сега тој повторно го шокира светот, откако претстави хиперреалистичен костим на маламут од Алјаска што му овозможува да прави „нови трикови“.

Потсетуваме, Јапонците ангажираа експерти од компанијата „Цепет“ на кои им биле потребни 40 дена за реализација на проектот.

Му дале импресивен костим на овчарско куче со густо крзно и анатомски исправни екстремитети, но неговата глава била „најслабиот“ елемент.

Сега Токо претстави нова инвестиција, а костимот од Alaskan Malamute изгледа импресивно, со можност за движење на опашката и устата, пренесува Oddity Central.

Тој признава дека ја крие својата страст од пријателите, семејството и колегите на работа, плашејќи се од суд, но не планира наскоро да се откаже од хобито.

Ако ништо друго, се чини дека тој е сѐ повеќе и повеќе опседнат со кучешкиот живот секој ден.

„Жешката“ полицајка која му играше во скут на шефот доби отказ, но не за снимката (ВИДЕО)

Њујоршката полицајка Вера Мекали (26) се најде во центарот на вниманието на јавноста откако беше објавено видео на кое таа танцува во скутот на тогашниот шеф.

Оттогаш поминаа три години, а жената сега е отпуштена - од други причини, објави Дејли Стар.

По жешкото видео од забавата, Вера продолжи да работи во службата, а нејзиниот шеф бил префрлен на ново работно место.

Сепак, иако не добила отказ, по две години од егзотичното танцување, Вера била суспендирана поради мешање во апсењето на нејзиниот девер кому се обидела да му помогне кога бил запрен поради возење во пијана состојба.

Вера ги нападна полицајците од Њу Џерси затоа што го фатиле, велејќи дека „не ја завршиле добро работата“.

Како што пренесуваат американските медиуми, таа боса втрчала во станицата и врескала дека е полицајка.

Таа барала да ѝ кажат зошто мажот е уапсен.

Истрагата покажала дека полицајците направиле сѐ по протокол, а Вера била исфрлена од полициските сили.

„Тато, згрешив, се срамам што те посрамотив тебе и семејството“, му рекла Вера на својот татко и додала дека сѐ „требало да биде шега“.

„Не бев свесна дека му ја уништив кариерата, сега изгледа како лош човек, извини“, рекла поранешната полицајка.

Во куќата на нацистички лидер се пронајдени човечки остатоци- сите немаат шаки и стопала

Група аматерски истражувачи пронашле коски од пет луѓе во куќа која некогаш му припаѓала на еден од најблиските соработници на Хитлер - Херман Геринг.

Остатоците се пронајдени во трошна зграда во близина на поранешното седиште на Адолф Хитлер, Волчјо дувло, во денешна Полска, пренесува Der Spiegel.

Во густо пошумена област покриена со бункери, националсоцијалистите изградиле добро обезбеден квази-мал град за нивното раководство - вклучувајќи кино, чајџилница и противвоздушни станици.

Речиси 80 години подоцна, Волчицата била обрасната со плевел и природата ги „голтнала“ куќите, а се верувало дека урнатините на куќата што некогаш ја користел Геринг биле добро истражени. Меѓутоа, кога археолози аматери од Полска и Германија почнале да бараат под дрвениот под, ископале човечки череп на длабочина од десет сантиметри.

Веднаш повикале полиција, но немало докази дека таму е извршено неодамнешно злосторство. Тогаш тимот истражувачи, предводен од Октавијан Бартошевски, почнал да копа понатаму. Како што пишува Der Spiegel, пронајдени се останките на уште три лица, тинејџер и бебе.

„Можеби се работи за семејството кое било погребано во куќата на Геринг, пишува Der Spiegel.

Засега не е јасно чии се посмртните останки. Можно е дека остатоците веќе биле таму за време на изградбата на куќата, како што знаел фелдмаршалот Рајх. Меѓутоа, можно е и овие луѓе да дошле во Волчицата по завршувањето на Втората светска војна.

Полското јавно обвинителство сега сака да утврди дали масовното убиство има врска со нацистите.

Она што ги загрижува сите е тоа што на сите скелети им недостасуваат шаки и стопала. Постои можност коските да изгниле во текот на децениите, но и некој да им ги отсекол екстремитетите.

притисни ентер