Со вкупно 17.617 поени, новата „Corsa“ го освои првото место за само 157 поени пред новата генерација на „Peugeot 208“. Во проценти изразено, од вкупниот број распределени поени во финалето, разликата претставува само 0,2%! „Škoda Kamiq“ се најде на третото место со вкупно 16.848 поени, само 612 поени помалку од новиот „208“. Во вкупното рангирање следат „Renault Clio“ и „Nissan Juke“. Деталните резултати се наведени во „Final Ranking“ секцијата на веб-страницата на „AUTOBEST“.

„AutoBest “организацијата беше создадена во 2001 година со револуционерен концепт за „Best Buy автомобил“, односно автомобил кој нуди најмногу за својата цена достапен на европскиот пазар. Членовите на жирито претставуваат вкупно 31 европска нација, опфаќајќи огромното мнозинство на европското население. За еден автомобил да стане AUTOBEST победник, мора да претставува најдобра понуда за повеќето европски купувачи. Цената, сервисната мрежа, снабденоста со резервни делови и разновидноста на понудата се најважните критериуми во процесот на гласање. Дизајнот и новите технологии се исто така важни критериуми. При одлучувањето за победникот AUTOBEST жирито користи транспарентен систем на гласање, со сложена шема од 13 критериуми.