Гугл ќе ги ограничи предизборните огласи за партии и кандидати

Гугл одлучи дека повеќе нема да им дава можност на огласувачите да таргетираат предизборни реклами кон специфична публика, користејќи ги информациите за списокот на избирачи и нивната политичка припадност.

Ова беше објавено на блогот на Alphabet Inc. , матична компанија на Гугл.

Одлуката е донесена во време кога социјалните мрежи се под притисок за политичко рекламирање пред претседателските избори во САД во 2020 година.

На пример, Фејсбук е критикуван од законодавците и регулаторите за својата одлука да не ги смета валидни рекламите објавени од политичарите на нивната платформа, додека Твитер одлучи да забрани политички реклами.

Гугл вчера објави дека ќе започне со ограничување на таргетирање на публиката во изборните реклами кога станува збор за нивната возраст, пол и општа локација заснована на поштенски код.

Досегашните политички огласувачи беа претходно во можност да ги прилагодат своите реклами , користејќи ги информациите за политичката припадност на гласачите, независно далис е од лево или десно или неутрални.

Гугл посочува дека политичките огласувачи сè уште можат да користат таргетирање во контекст на публиката, како објавување реклами за луѓе кои читаат одредена приказна или гледаат одредено видео.

Новиот пристап ќе започне да се применува во Велика Британија за една недела, пред предвремените избори на 12 декември.

Забраната ќе стапи на сила и во Европската Унија до крајот на годината , а во остатокот од светот на 6 јануари 2020 година.

Продолжува енормното загадување, нов еко протест најавен за в петок

Со над 100 ПМ10 честички на метар кубен попладнево Аеродром и Ново Лисиче се најдоа на врвот на најзагадени населени места. 

Утринава, пак, на листата на градови со најзагаден воздух предничеа Охрид, Тетово и Битола. За решавање на проблемот, вчеравечер на протест излегоа Струмичани, денеска Кумановци, а улиците беа затворени и во скопската општина Ѓорче Петров.

Револтираните граѓани велат дека состојбата е алармантна, загадениот воздух им предизвикува и главоболка, а воедно бараат и итно расчистување на депониите во општината.

За депонијата кај Ново село, градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски вели дека е свесен за проблемот, а расчистување на преостанатите 7 хектари од депонијата најави за после Нова година, кога ќе се активираа и новиот буџет, каде се предвидени средства за справување со проблемот. Тој воедно апелира граѓаните редовно да плаќаат за одлагање на сметот и додаде дека инспекциските служби активно работат на терен.

Инаку, нов протест за аерозагадувањето, на т.н. Зелен фронт, кој поднесе над 100 барања до надлежните, е најавен за в петок. Од О2 Иницијативата велат дека седумте итни барања кои Владата ги прифатила, воопшто не ги спроведува во практика.

Од Зелен фронт истакнаа дека ќе останат на улиците, за да ги потсетат властите на нивните барања, бидејќи, како што велат, е прашање на живот или смрт.

Пендаровски: И со отпочнати преговори на пролет ни претстои долг и тежок процес на приспособување што оптимистички трае до седум години

Слабостите во самата Унија, не ја намалуваат нашата одговорност за начинот на кој ќе се одвива европската интеграција на нашата земја.

Исчекувањето на новата методологија за пристапните преговори и конечното доделување на датум за почеток на преговорите во текот на пролетта следната 2020 година, не смеат да бидат изговор за брзината и квалитетот на домашните реформи за коишто ние ја имаме примарната одговорност.

Ова го порача претседателот Стево Пендаровски во обраќање на отворањето на конференцијата „Можности за регионална интеграција на Македонија во Европската унија" што се одржува во Скопје во организација на Унијата на европските федералисти на Македонија.

Тој додаде дека дури и со отпочнати преговори на пролет следната година, нам ни претстои долг и тежок процес на приспособување што ќе трае, оптимистички од пет до седум години.

-Дотогаш, за да опстанеме како демократска држава и општество, ќе мораме да се справиме со проблемите поради кои стотици илјади наши граѓани веќе ја напуштија државата. Проблемот на организираниот криминал и високата корупција не се само предизвик за обвинителството и судството, туку се основен услов за опстанок на јавниот поредок. Релативно спорото темпо на економскиот развој е клучна пречка за отворање добро платени работни места, коишто се единствена надеж за успорување на миграциските текови. Конечно, слабостите во нашиот образовен систем, во јавното здравство и заштитата на човековата околина се повеќе стануваат причини за незадоволство кај граѓаните и мотив за напуштање на државата, не само од економски загрозените граѓани, туку и од оние кои имаат релативно добар социјален статус, но се незадоволни од функционирањето на системот, посочи Пендаровски.

На отворањето на конференцијата се обратија и Кристофер Глук, заменик-претседател на Унијата на европски федералисти и Никола Димитров министер за надворешни работи.

Шилегов: Воведуваме системски мерки, војната против аерозагадувањето мора да ја добиеме!

Влезени сме во војна која што мораме да ја добиеме – таа војна се вика системско решавање на аерозагадувањето. – порача Петре Шилегов од граѓанската трибина во Скопје.

Сите го дишиме истиот воздух, а нашето здравје и здравјето на нашите деца нема цена. Затоа за само 2 години преземавме 28 мерки кои видливо го намалуваат аерозагадувањето на краток, среден и долг рок.-истакна Шилегов.

Во таа насока е и формирање на  ГЕС кој работи на преземање на топловодната мрежа паралелно со процесот на гасификацијата. Ова ќе значи повеќе корисници поврзани на парно греење, повеќе корисници на греење на природен гас, а помалку активни оџаци во градот.-истакна Шилегов.

Истовремено, сериозно се засилени инспекциите и зголемување на бројот на казните за загадувачите и тоа сите го гледаат и тоа сите го знаат.

Денес, вкупно 13 од 23 средни училишта сега имаат нови енергетски ефикасни фасади.

Шилегов истакна дека за прв се воспостави систем за спречување на палењето на огнови на отворено и систем против палењето на стрништата.

При тоа исчистени се  безброј диви депонии. А изградени се над 20 километри нови велосипедски патеки. Отворени се  2 нови паркови и прв зелен кров во Малиот Ринг. Вкупно обновени се над 300.000 метри квадратни зеленило.-посочи  Шилегов од трибината во Скопје.

Започна имплементација на процесот на системско решавање на хигиената во градот и веќе се гледаат новите контејнери на улица кои што се само почеток на овој процес. –истакна Шилегов.  

Тој додаде дека на крајот на овој процес отпадот ќе се селектира, со можност за негово рециклирање и рационално искористување.

Го решаваме проблемот на криминалната концесијата на депонијата Дрисла и во многу скоро време Градот ќе го преземе нејзиното управување, а сето ова со цел да изработиме модел кој што ќе гарантира паметно управување со отпадот, потенцираше Шилегов од трибината во Скопје.

притисни ентер