Во Германија се бараат носачи на ковчези

Носачи на мртовечки ковчези е професија во изумирање во Германија , па празните емста ги поплнуваат пензионери и студенти , додека никој не сака да ја работи оваа работа.

,,Нивниот недостиг сè уште не предизвикало одложување на погреб, изјави Кристијан Јагер, директор на Здружението на погребници на Северна Рајна-Вестфалија.

,,Порано беше вообичаено пријателите или роднините да ја преземаат оваа задача додека семејствата живееја близу.Сега се ангажираат пензионери или студенти кои сакаат да заработат екстра пари како носачи на ковчези, рече Јегер.

Постарите носачи, сепак, имаат свои проблеми, вели Мајкл Ваш од погребна компанија во Дортмунд. ,,Луѓето денес се многу потешки и, заедно со цвеќиња и ковчегот, шестмина носачи честопати треба да подигнат 200 килограми.”

Во Германија погребните компании не ангажираат свои носачи затоа што финансиски не им се испалтува.

Покрај тоа, бројот на полагање урни по кремирање значително се зголеми за околу 70 проценти, соопшти Федералната федерација на германски погребници. Во овие случаи, урната обично ја носи свештеник или член на семејството , поради недостиг на вработени носачи.

Премиера на претставата „Мац, мац“ вечерва во велешкиот театар

На сцената на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ вечерва премиерно ќе биде изведена претставата „Мац, мац“ инспирирана од „Мачка на вжештен лимен покрив“ на Тенеси Вилијамс во режија и кореографија на Филип Петковски.

Во претставата играат актерите Ведран Чешарек-Брик, Ана Јовановска, Илин Јовановски, Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Филип Христовски и Сандра Танчева.

Музиката е на Мориц Вернер од Германија, сценографија на Дардан Жегрова од Косово и Филип Петковски, а костимографијата е на Антонија Гугинска Јорданоска и Гордана Божиновска.

Проектот е финансиран од Интернационалниот фонд за копродукција (Internationaler Koproduktionsfonds) на Гете институтот и Министерството за култура. /МИА

Од понеделник учениците на еднонеделен пролетен распуст

За учениците од основните и средните училишта денеска е последен учебен ден по што ќе следува пролетниот распуст кој за прв пат се воведува годинава.

Од понеделник започнува пролетниот распуст за учениците од основните и средните училишта, кој ќе трае до 6 мај. Ден потоа на 7 мај учениците во чии училишта ќе се гласа се враќаат на настава, но со скратени часови и работно време до 11 часот. На 8 мај на денот на изборите училиштата нема да работат.

За прв пат годинава има промена и во календарот за настава, со што учебната година за основците, наместо на 10 ќе заврши на 17 јуни. Причина за ова е да се исполни годишниот фонт од 180 часови. Средношколците пак на летен распуст ќе одат на 10ти јуни…

Директорите на училиштата ја подржуваат ваквата одлука. Велат дека навремено биле известени за промената и се подготвени за реализација на распустот.

-Генерално сметавме дека е добар потег, бидејќи ова второ полугодие имаме малку денови неработни, па пролетниов заедно со Велигден и со мај ни дојде како споено, така да позитивни се до некаде реакциите.-Фоника Станоева - директор на ООУ Љубен Лапе – Аеродром.

За разлика од раководствата на училиштата, граѓаните со скепса гледаат на промената.

-Доволно е зимски распуст и летен распуст, а пролетен распуст мислам дека нема потреба. Се нарушува наставата и така не се добро опремени со книги со такви работи немаат за учење и сега плус и со наставата.

-Не е добра идеја. Сега можеби е добра затоа што има празници инаку пролетен распуст воопшто не го одобрувам. Кога децата ќе навлезат во учењето ние им даваме одмори, само што се навлезени во учење тогаш се оценките, тогаш се писмени работи.

Дополнително од МОН ги задолжија директорите на училиштата да организираат обработка на наставата од двата изборни дена и неработниот ден од Советот на министри на ОБСЕ, преку подолг престој на учениците во училиштата во денови од работната недела, а во рамки на шестчасовното работно време на наставниците.

САД соопштија дека уништиле беспилотни летала на Хутите

Војската на САД денеска соопшти дека коалициските сили „ангажирале и уништиле“ два беспилотни летала во деловите на Јемен контролирани од Хутите, откако бунтовниците поддржани од Иран лансирале балистичка ракета во Аденскиот Залив.

Противбродскиот проектил лансиран вчера не предизвикал повреди или оштетувања, се вели во соопштението на американската Централна команда (CENTCOM).

Неколку часа подоцна, американската војска „успешно ангажираше и уништи еден брод без екипаж и едно беспилотно летало во областите во Јемен контролирани од Хутите, соопшти командата.

Бунтовниците од ноември извршија десетици ракетни и беспилотни напади насочени кон бродовите, велејќи дека тие дејствуваат во знак на солидарност со Палестинците за време на војната меѓу Израел и Хамас во Газа. /МИА

притисни ентер