Свештеник- педофил , повторно доби задача да работи со деца (ВИДЕО)

Католички свештеник, за кој знаело дека е осуден за злоупотреба на деца, пратен е во мисија во африкански земји за да работи со семејства и деца, откри истрагата на Си-Ен-Ен.

Свештеникот Лук Делфт е обвинет за сексуална злоупотреба на најмалку две момчиња во организацијата Каритас, водечка католичка добротворна организација, во Централноафриканската Република.

50-годишниот свештеник од Белгија припаѓа на Редот на Собранието на Св. Френсис Салехиски, дел од римокатоличката црква чија мисија е христијанско образование на адолесценти и млади. Делфт беше отстранет од функцијата само откако СNN им откри на неговите претпоставени нови обвинувања за силување деца.

Со години, Организацијата криела дека свештеникот  Делфт сексуално злоупотребува деца, пренесува Си-Ен-Ен, преместувајќи го од едно на друго место, во различни држави низ светот. И покрај обвинувањата и осудата за сексуална злоупотреба, му било дозволено да продолжи да работи со деца.

Албан Ален, кој сега има 17 години, изјави за Си-Ен-Ен дека Делфт повеќе пати сексуално злоставувал кога го запознал пред четири години во логорот за раселени лица  во Кага-Бандоро.

Кога новинарот на Си-Ен-Ен го прашал свештеникот Делфт дали има нешто да каже за наводите за сексуален напад, тој само рече ,,Не”.

„Но, вие сте свештеник, претставник на Бога. Децата ве обвинуваат дека сексуално ги злоупотребувате и немате што да кажете, ништо во своја одбрана? “, Го праша новинарот.

„Не, јас немем што да кажам“, одговори Делфт.

Делфт злоупотребил најмалку две момчиња, едно на 12 години и друго на 13 години, додека работел како началник во 2001 година во интернатското училиште „Продаж“ во белгискиот град Гент.

Делфт во тоа време имал 31 година, а неговата работа била да се грижи за децата. Наместо тоа, тој влегол во нивните соби во текот на ноќта и ги злоупотребувал.

Дневен хороскоп за 15. декември 2019 година

Дневен хороскоп за недела , 15. декември 2019 година. 

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Во љубовните прашања нека ве води вашата интуиција. Со нејзина помош се ќе биде подобро и полесно.

Кариера

Во работите каде што постои слободна размена на идеи , денеска би можеле да бидете брилијантни. Сите познати дејности ќе ви бидат здодевни.

Здравје и совет

Најдете златна средина.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе ви недостига емотивно исполнување , но и сензационализам со кој обично ги пополнувате празнините.

Кариера

Во работењето со младите , ќе измислите нови идеи , кои целата работа ќе ја поместат чекор напред.

Здравје и совет

Помогнете им на послабите.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Она што сте го кажале , ќе има позитивно влијание. Партнерот ќе размислува за реалноста , а вие ќе бидете позадоволни.

Кариера

Ќе одработите она што мора да се сработи и тоа што можете побргу. По тоа ќе им се посветите на другите луѓе.

Здравје и совет

Излезете во природа на свеж воздух.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Кога би ги собрале сите ваши љубовни сништа , ќе увидите дека во последно време само сонувате. Спуштете се на земја.

Кариера

Климањето со глава не може никому да му користи, но ниту покренуваљње револуција не е најдобро решение. Треба да се размисли.

Здравје и совет

Успех со алтернартивните терапии.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Својата среќа во личниот живот ќе ја споделите со блиските луѓе. Можно е да повикате гости кои ги сакате.

Кариера

Што и да работите , денеска без грижа ќе може да се потпрете на некои колеги , како и тие на вас . Ви претстои убава соработка.

Здравје и совет

Вежбајте правилно дишење.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Фазата на уживање во љубовта ќе продолжи и денеска . Имате речиси се што можете да посакате.

Кариера

Одличен ден за сите дејности во кои се бара поврзаност со луѓето и смисол за убаво. Се се одвива се подобро и подобро.

Здравје и совет

Кашлица.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

На повеќето љубовни настани вие ќе иамте некаква забелешка. Обидете се работите да ги гледате помалку строго и опуштете се.

Кариера

Нема ништо да се придвижи доколку само чекате. Треба да се покажете , да зсе јавите , да се претставите.

Здравје и совет

Некои ќе имаат преодна настинка.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Доколку сте решиле да бидете пољубезни , тоа нека биде искрено. Секоја измама ќе ве носи чекор наназад во односите со саканата личност.

Кариера

Доколку го проанализирате она што сте го сработиле , можете да бидете сосема задоволни. барем работата ви оди од рака.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе мора малку да се помачите за да освоите нечие срце. Доколку тоа ви е премногу тешко , почекајте.

Кариера

Можни се финансиски издатоци на кои не сте сметале. Немојте многу да се грижите , зашто се ќе се врати на друга страна.

Здравје и совет

Бидете поконкретни.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Малите внатрешни превирања нема да ја загрозат вашата стабилна врска. Оние кои се сами , нека не се откажуваат од додворувања.

Кариера

Денешните финансиски планови би можеле да ја нарушат соработката со младите колеги на работното место. Најдете компромис.

Здравје и совет

Внимавајте на сопствената грубост.

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Оние кои успеале да воспостават поотворен контакт со лицата од работното место , денеска би можеле да ги повикаат на забава.

Кариера

Работата ќе ја одработите како зомби, а потоа ќе живнете и ќе се занимавате со спорт , забава , пријатели и љубов.

Здравје и совет

Можете да се опуштите.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе се обидете уште повеќе да се зближите со личноста што ја сакате. Во тоа ќе ви помогне вашиот внатрешен глас , како и сексот.

Кариера

Многумина за време на работењето ќе осмислуваат нов проект , што сеуште нема конкретни темели. Сепак , идејата ќе биде многу јасна.

Здравје и совет

Ќе ги видите работите во целост.

Видео: Со лавот не се игра ниту кога е во кафез!!!

Работник во зоолошката градина во Пакистан имал екстремно блиска средба со лавот.

Работникот ја ставил својата рака  меѓу решетките од  кафезот на лавот и потоа се покајал  за цел живот!

Исплашениот работник започнал да вреска со намера да го исплаши лавот и тој да ја испушти неговата рака од челустите, а неговите колеги  и гости немо го следеле овој немил настан.  

Инцидентот се случил за време на вообичаеното хранење на белиот лав , кој ја гризнал раката на скротителот Кануа Пирадит кој му фрлил парче месо.

За среќа борбата меѓу скротителот и лавот траела околу 40 секунди по што опасниот предатор конечно ја пуштил раката на работникот.

Видео-Фото: Секси Карлеуша со четири Деда Мразовци

Популарната пејачка Јелена Карлеуша на својот Инстаграм профил го најавува новогодишниот настап во еден белградски хотел.

Според атрактивната пејачка тоа ќе биде „најспектакуларниот новогодишен концерт на сите времиња“.

Карлеуша во видеото се појавува во секси розова долна облека во друштво на четири Деда Мразовци.

притисни ентер