Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ и јас лично подржувам се што е добро и за Македонија и за Бугарија

Мицкоски ги урна лажните вести на владата: Гоце Делчев и јазикот се Македонски.

-Синоќа ја завршивте овде средбата во арена Загреб, тет а тет средба со господинот Бојко Борисов, излезе едно видео тој го објави лично на неговиот профил на социјалната мрежа, а се однесува на договорот кој Македонија го има потпишано со Бугарија. Кој е вашиот став за договорот, бидејќи многу информации?

Нашиот став е познат, тој е непроменет, многу пати повторен во минатото и како политичка партија, како ВМРО-ДПМНЕ, она што беше моја изјава којашто ја рефлектирав вчера беше дека ВМРО-ДПМНЕ и јас лично подржувам се што е добро и за Македонија и за Бугарија, имавме контруктивна средба со господинот Борисов, разговаравме за изградба на автопатишта, железничка пруга, железничко поврзување помеѓу двете земји. Разговаравме за енергетско поврзување, продлабочување на научната соработка помеѓу универзитетите од двете држави, разговараме за побрзо интензивирање и отварање на граничниот прекин „Клепало“. И сето она коешто значи добро и за граѓаните на Македонија и за граѓаните на Бугарија.

Истовремено на средбата стана збор и за онаа Резолуција којашто се однесува на негирање на посебноста на македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев и тоа не е добро и тоа не можам да го подржам и никогаш нема да го подржам, македонскиот јазик е кодофициран и меѓународно признат 1977 година, тука немаме дилеми ниту пак јас, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ. Така што она што е добро коешто ги поврзува македонските граѓани и граѓаните на Бугарија го подржуваме, она што е спротивно на интересите на македонските граѓани, Македонија ние не можеме да го подржиме, како што е прашањето поврзано со македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев итн.

Но, забележлива е нервозата кај владата во заминување, кај премиерот во заминување господинот Заев па потрчаа оние скапо платени пи-ар пера да ја искриват вистината и практично лажни вести да рефлектираат во македонската јавност: Она кое што е важно е дека и оваа лажна вест им се распрсна како меур од сапуница. Тие нека продолжат да измислуваат лажни вести, а ние ќе продолжиме да работиме, одговори лидерот на ВМРО - ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Претседателот Пендаровски во Охрид го посети армискиот нуркачки тим

Претседателот на Македонија и Врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски, денеска го посети нуркачкиот тим од Баталјонот на специјалните сили на Армијата, што изведува обука во летни услови во Центарот за обука на вода во Охрид.

Припадниците на тимот го информираа претседателот Пендаровски за нивните тековни активности, беа прикажани нивните капацитети и способности, како и опремата што ја користат, а беа демоностирани и неколку показни вежби.

Нуркачкиот тим во месец јули престојуваше во Атина, Република Грција, каде заедно со грчката специјална единица изведуваше обука за нуркање. Со тоа, единицата започна циклус на соработка со грчката специјална единица, во рамки на заедничката соработка на двете армии на земји-членки на НАТО. Покрај со грчката армија, ваков вид на соработка се реализира со повеќе армии од земји-членки на НАТО.

Претседателот Пендаровски на припадниците на нуркачкиот тим, кои своите способности ги имаат докажано и во поддршка на цивилни институции, им посака натамошна успешна работа и изрази очекување да продолжи натамошната успешна соработка со партнерските армии од НАТО алијансата.

Делегација од Кабинетот на Претседателот оддаде почит на 10 армиски резервисти загинати кај Карпалак

Делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија  денеска положи цвеќе пред спомен-плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје и пред комплексот „Карпалак" во Прилеп.

Делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, по повод 19-годишнината од загинувањето на 10 армиски резервисти кај месноста Карпалак, денеска положи цвеќе пред спомен-плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје и пред комплексот „Карпалак" во Прилеп.

Во понеделник, 10 август 2020 година, делегација од Кабинетот на Претседателот ќе положи цвеќе пред спомен-обележјата во општина Ѓорче Петров, пред спомен-обележјето во село Љубанци, и во касарната „Илинден" во Скопје, по повод 19-годишнината од загинувањето на осум армиски резервисти кај месноста Љуботенски бачила, скопско.

РЕК Битола : Се санираат состојбите во рудниците и се оспособуваат багерите за ископ на јаглен

Се санираат состојбите во рудниците во РЕК Битола по елементарната непогода и поплавите кои се случија на откопните полиња за јаглен предизвикани од обилните врнежи во изминатиот месец, а особено во последната недела.

Денеска на терен во рудниците повторно беа генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски.

Исклучливо со сопствени средства и ресурси, неколку багери се вратени во функција, се испумпува водата и калта од откопните полиња, се вложуваат напори за брза набавка на неопходните дополнителни технички ресурси. Доколку е потребно, ќе пристигне и помош од соседна Србија, каде компанијата сродна на АД ЕСМ има искуство со неодамнешни поплави на производствените капацитети.

Предизвиканите штети на системот за ископ и транспорт на јаглен нема да влијаат врз производната цена на електричната енергија, бидејќи сите ресурси се осигурани од страна на соодветно осигурително друштво и штетата за комбинатот и за компанијата ќе биде покриена.

Од страна на генералниот директор Ковачевски беше испратена огромна благодарност за пожртвуваноста на сите вработени во РЕК Битола и во АД ЕСМ при санирањето на последитие од поплавите. Истовремено, Ковачевски ги осуди нападите врз РЕК Битола и вработените од страна на опозициската ВМРО – ДПМНЕ, со оценка дека во моментов таквите партиски пресметки преку грбот на најголемиот државен производител на електрична енергија се несериозни и штетни за целата држава која во најголем дел се снабдува со струја од РЕК Битола.

,, Вчера се состана Управниот одбор на АД ЕСМ заедно со стручниот колегиумот на РЕК Битола токму тука во комбинатот. Беа утврдени понатамошните чекори кои ќе се преземат и беа утврдени конкретните задачи по служби и по секој еден вработен. Мотивацијата меѓу вработените е голема, сите се на работните места, нема годишен одмор, нема викенд, сите се вратија на работа за да дадат свој придонес овој комбинат кој е гордост на сите нив повторно да се врати во нормално функционирање и да го надмине овој голем и огромен предизвик за сите нас.

Тоа што не помага и што создава чувство на разочараност кај вработените се политичките пресметки што се прават преку нивниот грб од страна на опозициската партија ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски.

Зачуденоста на вработените е уште поголема затоа што Мицкоски бил и директор во еден период. Сега од него дочекаа да слушнат дека не треба да им се дава и вода за пиење по рудниците.

Го повикувам Мицкоски да дојде тука, ќе го однесам во рудникот ако нема отидено, за да види што е рудник, што се рудари и што е елементарна непогода во јагленови откопни полиња,,-изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Директорот на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски информираше дека во изминатиот период во рудниците се правеле и дополнителни брани и канали со цел да се заштитат пониските места за ископ и на тој начин е спречено да дојде и до полоша ситуација од моменталната. Ќурчиевски изјави дека со натчовечки напори на вработените во комбинатот, во функција полека се враќа дел од механизацијата за ископ.

,,Во функција веќе е вратен еден од багерите, 323, а очекуваме до утре во функција да се врати и багерот 630/1 со претоварниот уред, и со тоа да го обезбедиме континуираното снабдување со јаглен на термоелектраната и да го одржуваме нивото на депонијата на моменталната состојба, односно околу 80.000 тони јаглен, што е вообичаена количина за летниот период. Сите сили во наредниот период ќе бидат насочени кон оспособување и најголемиот багер, КУ 300 ,,-изјави директорот Ќурчиевски.

АД Електрани на Македонија

притисни ентер