Царовска : Со социјалната реформа 22,374 деца земаат детски додаток, а 27.387 граѓани гарантиран минимален приход

Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска денеска беше во посета на Шуто Оризари, кадешто се сретна со граѓаните и дискутирааа за актуелните реформи и случувања во областа на трудот и социјалната политика,соопштија од СДСМ.

„Нашите граѓани веќе ги чуствуваат придобивките од социјалната реформа и земаат во просек за 300% зголемена помош. Во споредба со претходниот систем, дури 20 пати се зголемува бројот на сиромашни деца на кои им следува помош од државата. Конкретно, од почетокот на социјалната реформа 22.374 деца земаат детски додаток, а 8.678 деца добиваат детски додаток. Гарантиран минимален приход примаат 27.387 граѓани, а над 2.000 возрасни лица веќе користат социјална пензија, којашто за првпат ја воведовме", истакна Царовска.

Царовска исто така информираше за предлог-законот за неевидентирани лица во матична книга на родени, којшто Владата го усвои на последната седница.

„Го решаваме долгогодишниот проблем на лицата неевидентирани во матична книга на родени. Овие луѓе премногу долго живееа на маргините на нашето општество. Со новиот Предлог-закон кој го утврдивме на Влада им овозможуваме право на здравствена, социјална заштита и редовен работен однос, а децата конечно ќе можат да се вклучат во образованиот процес", дополни таа.

На денешната средба со граѓаните од Шуто Оризари се дискутираше и за активните мерки за вработување, кои се дел од Оперативниот план, за којшто оваа година се издвоени рекордни 1,1 милијарди денари. Граѓаните ја поздравија и одлуката за покачување на пензиите, која го следи растот на платите во државата. Потпретседателката лично ги информираше за претстојното покачување на пензиите во јануари 2020 година кое ќе изнесува од 860 до 900 денари со пресметаните дополнителни усогласувања.

Непознати лица се обиделе да запалат синагога во Варшава

Непознати лица синоќа фрлиле молотов коктел врз единствената зачувана предвоена синагога во Варшава која се уште служи како место за богослужба и се обиделе да ја запалат, соопшти полската полиција.

„Командата на полицијата добила пријава за обид за палење на синагогата Нозика во Варшава. Полицијата води истрага во врска со тоа“, изјави Јацек Вишњевски од варшавската полиција за полските медиуми.

„Рабинот Шудрих пишува дека некој се обидел да ја запали синагогата со помош на молотов коктел. Фала му на Бога, никој не беше повреден. Интересно, кој се обидува да ја наруши годишнината од нашето влегување во Европската Унија?“, реагира на социјалната мрежа Икс, шефот на полската дипломатија Радослав Сикорски.

Таа синагога се реновира од 2008 година. /МИА

Повеќе од 40 приведени во операција против „Исламска држава“ во Турција

Повеќе од 40 лица се приведени во Турција за време на операција против „Исламска држава“, јави турската државна телевизија ТРТ Хабер, повикувајќи се на изјава на министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Акциите биле спроведени на територијата на 12 (од вкупно 81) окрузи во земјата, меѓу кои Истанбул, Ескишехир, Каракале, Невшехир и Маниса. Тие биле извршени од страна на окружните полициски служби под координација на разузнавачките и антитерористичките сили на Генералниот директорат на полицијата.

Како резултат на операциите уапсени се вкупно 41 осомничен, од кои 10 во Истанбул. Запленети се пиштоли во нелегална сопственост, бројни дигитални материјали и поголема количина девизи и турски лири. /МИА

Филипче: Почитта кон работниците ја преточивме во подобри права и повисоки плати

Меѓународниот ден на трудот 1 Мај Д-р Венко Филипче го поминува во Дојран од каде испрати порака дека работничкиот труд, солидарност и истрајност треба високо да се ценат. 

Како носител на листа во Изборната единица 4 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина Филипче потсети на најтешките времиња и најголемите кризи кога во прашање беше здравјето на граѓаните и егзистенцијата на семејствата.

„Влогот на работниците нивниот труд, солидарност и истрајност најмногу го почувствувавме во најтешките времиња. И не го заборавивме. Го вреднуваме и унапредуваме. СДСМ е партијата која обезбеди повисока минимална плата за работниците и постави методологија за сигурен и континуиран раст што денес резултира со минимална плата од 22.500 денари. Тоа беше незамисливо до пред само седум години. И продолжуваме. Си поставивме цел за минимална плата од 600 евра и просечна плата од 1.100 евра во новиот мандат. Работниците се двигатели на секоја економија во секоја држава. Затоа не се откажуваме од унапредување на работничките права, растот на платите и обезбедувањето подобро платени работни места“, порача Филипче од Дојран.

Д-р Венко Филипче на денешниот меѓународен ден на трудот потсети дека за седум години просечната плата од 22.000 денари денес е зголемена на близу 40.000 денари, а минималната плата од 8.000 денари денеска изнесува речиси 23.000 денари. Тој зборуваше и за невработеноста која од 25% во 2016 година е преполовена на 12,8 %, дека е зголемен животниот стандард и куповна моќ за цели 35% како и тоа дека недела е ден на семејството и е неработен ден.

Грижејќи се за граѓаните Филипче не изуми и на антикризните мерки и обезбедените 2,6 милијарди евра за поддршка на граѓаните и стопанството со што беше заштитен животниот стандард и достоинството на граѓаните, но и зачувани работните места. Д-р Филипче од Дојран зборуваше и следниот мандат кој предвидува програма за млади во која младите до 26 години ќе добиваат по 200 евра за прво вработување, субвенции и поволни цени за купување сопствен дом за млади до 29 години, како и гарантирана плата за млади, додека грантовите за отпочнување на сопствен бизнис за млади, се зголемува на 8.000 евра. Д-р Филипче се осврна и на растот на платите на здравствените работници во следниот мандат.

„Платите на медицинскиот персонал значително ќе се зголемат. Специјалистите ќе имаат до 180.000 денари плата, општите доктори, до 120.000 денари. Медицинските сестри, до 90.000 денари. Само во земјава од цел регион имаше реален раст на плата за време на кризата. Доколку повторно ја добиеме вашата доверба во наредните четири години ќе обезбедиме европски и достоинствен животен стандард за граѓаните. Нека е за многу години денот, Честит 1 Мај, ние ќе продолжиме во духот на социјалдемократијата да го почитуваме и цениме трудот на секој работник“, порача Филипче.

Меѓународниот ден на трудот 1 Мај Д-р Венко Филипче го поминува во Дојран од каде испрати порака дека работничкиот труд, солидарност и истрајност треба високо да се ценат. Како носител на листа во Изборната единица 4 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина Филипче потсети на најтешките времиња и најголемите кризи кога во прашање беше здравјето на граѓаните и егзистенцијата на семејствата.

притисни ентер