Шест месеци затвор за Миле Јовановски

Поради нанесување на тешки телесни повреди со боксови и клоци врз првиот сосед таткото на Боки 13, Миле Јовановски е осуден на шест месеци затвор. 

Тој на минатото рочиште призна дека на Божиќ во 2017-та година физички го нападнал свештеникот Виктор Стојчев, но денеска не дојде да ја слушне пресудата во Кривичниот суд. Наместо Јовановски, присутна беше неговата адвокатка која рече дека ќе поднесе жалба за досудената затворска казна. До одлуката на Апелација, Јовановски останува на слобода.

Свештеникот Стојчев веќе најави дека оштета ќе бара и во граѓанска постапка, а по рочиштето изјави дека е со оваа одлука на судот правдата ќе биде задоволена, а сторителот соодветно казнет.

„ Ние конечно ќе можеме после овие три години поминати во стрес со секакви закани да можеме да продлжиоме со нормалниот живот и да не се повтори на никому, “- Виктор Стојчев – оштетен.

Според обвинението кога свештеникот стигнал пред својата куќа со неговиот џип со бугарски регистраски таблички, почнал да свири бидејќи било паркирано друго возило. Потоа се појавил Бојан Јовановски да го препаркира возилото. Од соседната куќа се појавил татко му Миле Јовановски физички го нападнал свештеникот и од ударите му го скршил зглобот од левата нога.

Миле Јовановски минатата недела откако ја призна вината, изјави дека бил испровоциран од страна на свештеникот бидејќи го навредувал неговиот син.

На таткото на Боки 13 веќе му е одземен пасошот и има забрана за напуштање на Скопје бидејќи е осомничен и за перење пари со хуманитарната организација Меѓународен сојуз.

Хамас бара Израел да ги појасни своите услови за прекин на огнот

Милитантната група Хамас денеска побара од Катар и Египет, како посредници во преговорите со Израел, да ги појаснат условите на израелската делегација за договорот за прекин на огнот и ослободување на заложниците.

Официјален претставник запознаен со преговорите изјави за „Тајмс оф Израел“ дека Хамас сака јасни услови за безусловно враќање на раселените Палестинци во северниот дел на Газа.

Хамас, исто така, сака да обезбеди дека втората фаза од договорот ќе вклучува разговори за постепено и целосно повлекување на израелските трупи од Појасот Газа.

Во моменталниот договор не е објаснето на кого и кога би било дозволено да се врати во северниот дел на Газа.

Досегашниот договор меѓу Хамас и Израел, во неколку фази, вклучува ослободување на 33 заложници и во замена за прекин на борбите и ослободување на стотици палестински затвореници од израелските затвори. /МИА

Во Охрид одржан велигденски концерт

 Во духот на предвечерието на големиот христијански празник Воскресение Христово –Велигден, НУ „Охридско лето“ организира концерт на православна хорска музика со Женскиот хор „Менада“ од Тетово.

Под диригентската палка на професор доктор Ивица Зориќ во Охрид вчера настапија 21 хористки кои изведоа православна духовна музика со што дадоа свој придонес во одбележувањето на овој христијански празник.

-Со големо задоволство ја прифативме поканата да земеме учество на овој концерт со единствена желба да дадеме свој придонес, посебно во овој катедрален храм, црквата „Света Софија“. Направивме ретроспектива на православна духовна музика. Имавме неколку визнатиски напеви, грузиски, македонски, грчки, но и напеви на други јазици. Вечерта ја заокруживме со ретроспектива на композиции кои се во духот на повеќегласното црковно пеење, така што имавме нагорна линија на најсовремени композиции што се пишуваат сега. И на крајот, завршувме со молитва, со „Оче наш“, со желба што повеќе луѓе да го почувствуваат овој голем христијански празник. Се надевам дека секој понесе позитивна мисла од концертот, вели маестро Зориќ.

Маестро Зориќ, целиот свој работен век го има посветено токму на Женскиот хор „Менада“, но и на Детскиот хор „Лале“ чиј основач е самиот тој.

-Со „Менада“ годинава одбележуваме 43 години постоење. Јас сум од првиот работен ден со овој хор. Исо така, работам и со Детскиот хор „Лале“ кој исто така настапува и во Охрид по разни поводи, а годинава одбележува 47 години постоење. Двата хора ги основав јас и раководам со нив сите изминати години, и навистина е огромно задоволството што човек се посветува самиот себеси. Ме радува што има интерес за нашите настапи. Тетово е град на хорската музика, но патуваме често и во странство. Досега имаме посетено повеќе од 20 земји, појаснува маестро Зориќ.

Со програмата што ја изведоа на Велигденскиот концерт во организација на НУ „Охридско лето“, Женскиот хор „Менада“ во октомври треба да настапи во Истанбул, Турција.

Непознати лица се обиделе да запалат синагога во Варшава

Непознати лица синоќа фрлиле молотов коктел врз единствената зачувана предвоена синагога во Варшава која се уште служи како место за богослужба и се обиделе да ја запалат, соопшти полската полиција.

„Командата на полицијата добила пријава за обид за палење на синагогата Нозика во Варшава. Полицијата води истрага во врска со тоа“, изјави Јацек Вишњевски од варшавската полиција за полските медиуми.

„Рабинот Шудрих пишува дека некој се обидел да ја запали синагогата со помош на молотов коктел. Фала му на Бога, никој не беше повреден. Интересно, кој се обидува да ја наруши годишнината од нашето влегување во Европската Унија?“, реагира на социјалната мрежа Икс, шефот на полската дипломатија Радослав Сикорски.

Таа синагога се реновира од 2008 година. /МИА

притисни ентер