Милчин: Не верувам во институциите и не знам до каде ќе оди ова

Екс новинарот  Бранко Тричковски во последниот пост на Фејсбук и Твитер ја згрози јавност со говор на омраза и закани.  Тричковски во последната објава се надмина себе си, вршејќи сериозна алузија на убиство со сечење на глави.

Тој на својот фејсбук профил објави:

-Кога ја сечев јапонската цреша во дворот на Моника Белучи, имав чувство како да му ја сечам главата на Владе Милчин. Имаат слична крошна тврди се и бесплодни.

Но откако се разбранува јавноста Тричковски објави и нов пост кој оди уште посликовито во алузијата на убиство со моторна пила. Тој на крајот на постот напиша.

-Еве инспирација за денеска. Недела е не смеам да ги оставам без причина да се згрозени. Ако со моторна пила го пресечете Милчин на пола што ќе добиете?! Две јапонски цреши по наредба на Заев. 

На местото каде деновиве се пресекоа јапонските цреши разговаравме и со режисерот Владимир Милчин.

Ваквиот наплив на говор на омраза по медиумите последно време зема се поголем замав откако  недостасуваат сериозни и конкретни дејства на основноте јавното обвинителство. Од таму побараме став во кој се вели:

-Јавното обвинителство ги следи сите објави и доколку се утврдат елементи на сторено кривично дело согласно законските надлежности ќе постапува. 

Загрижувачки е тоа што јавното обвинителство многу бавно реагира кога станува за говор на омраза односно тимот на обвинителството е ефикасен само кога стануваше збор на говор на омраза од Тони Михајловски и екс водителот Миленко Неделковски а нема ништо конкретно за кривичната пријава поднесена од Канал5 ТВ за серијалот говор на омраза од лицето Саше Ивановски.

Ведро и потопло, по котлините магла

Времето во земјава ќе биде ведро, во повисоките места со слаб до умерен ветер од променлив правец, а во скопската и полошката котлина има појава на магла.

Утринската температура ќе се движи од минус три до седум степени, а дневната од седум до 16 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со магла претпладне. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.

Следува период на стабилно и потопло време. Од понеделник по одделни котлини ќе биде облачно, магливо и постудено. Локален дожд ќе има во четврток во попладневните и ноќните часови кон петок.

Намалена видливост поради магла кај Демир Капија, Штип и Делчево

Поради појава на магла видливоста во сообраќајот кај Демир Капија е намалена на 100 до 150 метри, Штип до 50 метри и Делчево 50-100 метри. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Османи: Со измените на изборниот модел не губи ДУИ, губат Албанците пратенички места

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи оценува дека со предложените измени на Изборниот законик не губи ДУИ како голема политичка партија, туку губат Албанците.

Според него реакцијата не се однесува на СДСМ, туку на фактот да не дозволат да се намали бројот на пратеници Албанци заради изборниот модел.

– Вистина е дека една изборна единица повеќе и одговара на ДУИ. Симулацијата што ја има правено СДСМ е точна дека ДУИ добив два пратеника повеќе со една изборна единица отколку со шест изборни единици, меѓутоа истите симулации покажуваат дека вкупниот број на албански пратеници паѓа за осум до 10 пратеника. Да ДУИ добива како голема партија кај Албанците, но вкупниот број албански пратеници паѓа за осум до десет бидејќи во една изборна единица Донтовата формула ги собира гласовите од помалите партии ги дава на поголемите и така паѓа вкупиот број албански пратеници, изјави Османи во одговор на новинарски прашања.

Истакна дека реакцијата на ДУИ воопшто не се однесува на СДСМ, на некакви меѓукоалициски односи, туку се однесува на фактот дека, како што рече, нема да дозволиме бројот на пратеници Албанци да падне заради изборниот модел.

Пратеничката група на ДУИ поднесе речиси 5.000 амандмани на предлог–измените на Изборниот законик./МИА

притисни ентер