Одговорот од БМВ на Тесла Модел 3 ќе има 530 коњски сили

Германскиот гигант БМВ откри детали за својата електрична лимузина И4 која ќе пристигне во 2021 година.

БМВ со оваа лимузина ќе се обиде да грабне дел од колачот кој во овој момент го држи американската компанија Тесла со Модел 3.

БМВ И4 прво ќе пристигне со батерија од 80 киловат часа и мотор од 530 коњски сили кој ќ од 0 до 100 км/ч ќе забрзува за 4 секунди а максималната брзина е 190 км/ч.

Според првите проценки автономијата на БМВ И4 би требало да биде околу 600 километри.

И4 ќе користи нови батерии кои се значително помали од кај актуелните електрични модели на БМВ.

Тоа овозможува сместување на батериските ќелии и под возилото и овозможува полесно прилагодување за употреба на поголеми или помали возила.

Оваа генерација на батерии е и појака, што значи дека многу подобро ќе го поднесува брзото полнење. Од БМВ велат дека со брзо полнење оваа батерија достигнува 80% за околу 35 минути.

Исто така додаваат и дека со такво полнење И4 ќе може има 62 километри домет со полнење од само 6 минути.

Планинар се изгубил на Шар Планина, најден е утрово во бачило

Планинар од Скопје откако се одвоил од група вчера се изгубил на Шар Планина, па бил најден утрово околу 6 часот по потрагата што ја направиле двајца други планинари и полициски службеници.

Планинарот залутал на косовска територија поради магла, а бил најден во бачило во месноста „Коњушка река".

– Во 20 часот и 40 минути, З.Б.(41) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека група од 8 планинари од Планинарското друштво „Љуботен" се движела на потегот помеѓу тетовските села Јелошник и Вејце и дека планинарот Г.И.(49) од Скопје, кој се оддалечил од групата, поради густата магла, залутал на косовска територија, соопшти Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Планинарот бил најден без повреди и во добра здравствена состојба./МИА

Рачно изработил болид: Троши само два литра , а е брз како Порше (ВИДЕО)

Omega Car е автомобил од соништа за многумина, барем кога станува збор за перформансите.

Кејси Путс се нарекува себеси автомобилски дизајнер, инженер, уметник и професионален возач или „ренесансен човек од модерното време“. Факт е дека не му недостасува имагинација и знаење, особено ако го погледнете овој автомобил.

Genius Garage го претставува Omega Car, уникатен автомобил кој комбинира навидум некомпатибилни карактеристики, минимална потрошувачка и исклучително забрзување. Под хаубата е мотор на Volkswagen 2.0 TDI, додека многумин ќе го запомнат проектот XL1, концептното возило на Фолксваген кое троши помалку од литар на 100 км.

Омега е далеку поинаква. Целта е 100 mpg, или 2,35 л / 100 км. Но, Кејси ги искомплицира работите тука и вели дека овој автомобил мора да забрза подобро од неговиот Dodge Viper, односно да стигне до 96 км на час за помалку од четири секунди. Во таква атмосфера, секој ќе му прости на не многу привлечниот звук на моторот.

Кејси не застанува тука со неговите желби. Тој вели дека кога ќе ја постигнат целната изведба, дополнително ќе го дотераат автомобилот со цел да загадува што е можно помалку. Исто така, желбата е возилото да биде изработено од рециклирачки материјали.

По половина век , догодина ќе полета првиот суперсоничен патнички авион

По повеќе од 50 години од првиот лет на Конкорд, се подготвува полетувањето на новиот суперсоничен авион, пишува Си-Ен-Ен.

Старт-ап компанијата од Денвер, Boom Supersonic, објави дека ќе го претстави прототипот XB-1, една третина со големина на новиот суперсоничен комерцијален авион Oversure, на 7 октомври, а тест-летовите ќе започнат во 2021 година.

Овој потег ќе помогне да се отвори патот за првиот комерцијален суперсоничен лет откако легендарниот Конкорд се повлече во 2003 година.

„XB-1 е првиот чекор за враќање на суперсоничното патување низ целиот свет“, се вели во соопштението на Блејк Шол, основач и извршен директор на „Boom Supersonic“.

„Летовите со двојно поголема брзина значат дека можеме да патуваме двојно подалеку, приближувајќи нè до нови луѓе, места и култури“.

Според „Boom“, прототипот XB-1 треба да ги покаже и докаже „клучните технологии“ на Overture, како што е сложената конструкција со јаглеродни влакна и високо-ефикасната компјутерска оптимизирана аеродинамика.

Компанијата објавила и фотографии од експерименталните авиони во хангар опишани како „најбрзи во историјата “.

„Побрзото патување ни овозможува да ги доживееме светските нации, култури и места. Со прототипот XB-1, покажуваме дека сме подготвени да се вратиме во суперсониката“.

Компанијата тврди дека резултатите од тест-програмата XB-1 покажуваат дека станува збор за сто проценти неутрален јаглерод и дека резултатите се такви што ќе овозможат да се финализира дизајнирањето на суперсоничниот авион Овертур.

„Тврдиме дека суперсоничната иднина е безбедна, еколошка и економски одржлива“, додаде тој.

Според него, побарувачката за суперсонични авиони расте побрзо отколку што се очекувало во компанијата.

Пред пандемијата, Boom имал најмалку 6 милијарди долари пред-нарачки за авионите од 200 милиони американски долари, а меѓу купувачите се и Virgin Group и Japan Airlines, кои инвестирале 10 милиони долари во компанијата во 2017 година.

Авионите во кои можат да се сместат 55 до 75 лица треба да започнат со комерцијални патнички летови во 2030 година, пред се на прекуокеанските дестинации каде што може да се користи нивната брзина од 2,2 Мах, како што е рутата Њујорк-Лондон. Тој лет би траел само три часа и 15 минути.

Авионот дизајниран со помош на најновата технологија за намалување на бучавата при суперсоничните брзини би летал претежно над океанот за да не ги загадува населените места.

притисни ентер