Муцунски: Навистина е тешко да се води политичка битка против власт која што е непринципиелна

Навистина е тешко да се води политичка битка против власт која што е непринципиелна, која што ги користи институциите единствено во своја полза и за пресметка со својот политички ривал.

Значи време е во оваа држава да добиеме влада која што ќе биде фокусирана на реформи не влада која што има единствено за цел ново политичко владеење туку влада која што ќе се фокусира на економијата, на здравството, на образованието, на туризмот.

Денес сме во еден од најубавите делови од Македонија кој што е целосно запоставен нема луѓе по улиците, младите се иселуваат бидејќи нема никаква гаранција за нивната иднина. Треба да понудиме прогрес, треба да понудиме развој и тоа сето ќе го видите во една конкретна политичка програма насочена кон подобрување на сите овие области кои ги спомнавме. Имаме влада која во последните 3 години успеа само во една работа, распродажба и лицитација на националните интереси со нашето достоинство и со нашиот идентитет.

Ќе имаме влада која ќе се грижи за тие прашања примарно пред се и над се ќе се грижи Македонија да стане пристојно место на живеење. Тоа ќе го направиме со конкретни и стратешки реформи со одличен тим на кадри кои што имаат професионално искуство, секој во својата област луѓе кои ќе ја направат Македонија место каде што може младите не само да останат, туку и тие што се иселени, тие за кој секој ден ни е тешко бидејќи не може да ги гледаме секојдневно нашите семејства, нашите пријатели да ги вратиме.

Да создадеме услови да веруваат дека институциите функционираат да веруваат дека здравството функционира да веруваат дека нивните деца може да учат во еден квалитетен образовен систем. Тоа ќе го видите од ВМРО-ДПМНЕ конкретна програма конкретни кадри луѓе кои ќе понудат прогрес и работа не за свои лични интереси туку работа за вас. Единствените кои можат да ги направат промените во нашето општество сте вие.

Ние може да ви дадеме понуда да работиме со вас. Ако вие не ја дадете вашата поддршка на 12 април тогаш работиме без цел. Така да гласот кој што треба да допре сте вие да зборувате со вашите најблиски, со вашите пријатели да ги убедите дека сте на вистинската страна на страната која од 13 април ќе почне да нуди прогрес за Македонија, вели Тимчо Муцунски.

Саудиски „Арамко“ нов глобален партнер на ФИФА

Саудискиот нафтен гигант „Арамко“ ќе биде главен глобален партнер на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) заклучно со крајот на 2027 година, соопшти ФИФА.

Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран

Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово.

Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово, два во Крива Паланка, Прилеп, Охрид и Претор, три во Берово, четири во Струмица, Виница, Штип, Скопје-Петровец и Скопје-Зајчев Рид, пет во Велес и Демир Капија, шест во Кавадарци и Гевгелија, а 10 степени во Дојран.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало на Попова Шапка со седум литри на квадратен метар, пет во Тетово, четири во Пожаране, Крива Паланка и Крушево, три во Охрид, два во Прилеп, Виница, Маврови Анови и Претор и еден литар на квадратен метар во Лазарополе, Демир Капија, Берово, Штип, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Битола, Ѓуриште.

Во текот на ноќта и изутринава времето е претежно ведро со мала до умерена локална облачност.

Утрово во крајните западни и источни делови има појава на умерена облачност, а наместа долж речните долини има појава на магла. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец.

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста и досегот.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вчера го надгледуваше пробното истрелувањето ракети од 240 милиметри од повеќецевни лансири, произведени од новоформираната фабрика на воената индустрија, објави денеска агенцијата КЦНА.

Севернокорејската агенција не даде повеќе детали за фабриката. Се верува дека Северна Кореја го зголемува производството на артилерија, а САД и Јужна Кореја ја обвинуваат дека ја снабдува Русија со оружје.

Пробното истрелување покажа дека ракетите ги исполнуваат потребните стандарди за точност и досег, соопшти КЦНА.

Ким изјави, пренесе КЦНА, дека повеќецевниот ракетен систем, што вклучува нова технологија, „ќе донесе стратешка промена во зајакнувањето на артилериските способности на војската“.

притисни ентер