Италијански ултрадесничари планирале да разнесат џамија

Италијанската полиција уапсила две лица , како дел од истрагата пшротив екстремни десничарски групи , кои планирале да разнесат џамија во близина на градот Сиена.

Полицијата соопшти дека 12 лица се испитани за нелегално поседување огнено оружје со субверзивна намена.

Специјалната полиција во Фиренца и Сиена извршија бројни претреси, соопштија властите. Тие тврдат дека „засолништата за оружје и експлозиви се скриени во домови, магацини и канцеларии во областа Сиена“.

Фотографии од предметите што ги запленила полицијата се појавија во италијанските медиуми, во кои се прикажани бројни пушки, дури и од Втората светска војна, вклучително и нацистички капи, свастики и фашистички знамиња.

Полицијата соопшти дека групата екстремисти планирале да ја разнесат џамијата во Коле Вал Д'Елса, на околу 25 километри северозападно од Сиена.

Осомничените го славеле фашизмот и нацизмот на социјалните мрежи, објави весникот „Ла Република“.

„Екстремизмот и десничарскиот тероризам се реална опасност и очекуваме сите да ги осудат“, соопшти италијанското исламско здружение Unione delle Comunità Islamhe d'Italia (УКОИ) во објавата на Фејсбук.

Затворените граници спас за домашниот туризам

Домашниот туризам гледа спас од банкрот од  затворените граници.

Македонските туристички работници очекуваат зголемен број посетители во домашните капацитети како и од Македонците, така и од Србија откако Грција ги спушти рампите и за нив. Како ќе тече летната сезона во земјава во услови на епидемија од коронавирусот со Мартин Јакимовски од Стопанската комора за туризам разговара Игор Манасиевски.

Истражување во Шпанија: Групен имунитет од Ковид-19 не може да се постигне

Големо шпанско истражување на коронавирусот откри дека само 5% од тамошната популација имаат развиено антитела, што ги зацврсти тврдењата дека групниот имунитет не може да се постигне.

Студијата објавена во медицинското списание покажа дека 95% од населението во Шпанија остануваат подложни на коронавирусот. Групен имунитет се постигнува кога доволен дел од населението односно околу 60%, е заразен со вирус или вакциниран против него, со што се спречува негово натамошно ширење. Според Европскиот центар за контрола на болести во шпанското истражување биле испитани 61.000 примероци, што го прави најголемо во Европа досега. Слични истражувања веќе се направени во Кина и САД и тие покажале дека најголем дел од населението останува неизложен на коронавирусот, дури и во областите каде што има негово големо ширење што ја прави идејата за постигнување на колективен имунитет преку природна зараза неостварлив. Ваквите испитувања во пракса кај нас покажаа дека двете пециентки од Куманово кои имаа прележан корона и имаа антитела по само два месеци повторно се заразија од истиот вирус. Од друга страна пак главниот шведски епидемиолог Андре Тегнел во отворено писмо кое го објавија медиумите вели дека карантинот и другите ограничувања кои ги воведоа практично сите европски земји можат да функционираат само на краток период, а на долги патеки шведскиот модел е подобар. Шведската влада не воведе рестриктивни мерки, туку само им даде упатства на граѓаните како да се однесуваат. Шведскиот модел на одбрана од коронавирусот има историски корени и се базира на идејата секој да учествува во одбраната и секој да даде свој придонес смета Тегнел.

Заев на трибина во Штип: Од задолжена држава и економија во минус, денес сме држава во која растат платите и пензиите, има пари за сите потреби на граѓаните

„840 милиони евра беше задолжена државата само за тие споменици, стиропор фасади, 150 милиони евра должеле Фондот за здравство, општините и комуналните претпријатија должеа 200 милиони евра.„

Претседателот на СДСМ и носител во изборната единица три, Зоран Заев, на вечерашната трибина во Штип пред граѓаните порача дека за три години СДСМ покажа решителност во затворање на надворешните прашања, но и силна посветеност во решавањето на домашните проблеми.

„840 милиони евра беше задолжена државата само за тие споменици, стиропор фасади, 150 милиони евра должеле Фондот за здравство, општините и комуналните претпријатија должеа 200 милиони евра. Денес, тоа е речиси комплетно раздолжено и при тоа ја подигнавме економијата, од минус 1,8 на 3.6 проценти. Покажавме дека има пари и за покачување и на плати и на пензии. Минималната плата ја покачивме на за 6, туку за 60 отсто, ни 150 евра не земаа голем дел од штипјани и штипјанки кои работеа во текстилните фабрики. Денес е 14.500 а до крајот на следниот мандат ќе биде 20.000 денари. Покажавме дека знаеме и можеме, ќе покажеме дека можеме и уште повеќе и уште подобро",порача Заев и повика граѓаните на Штип на 15 јули да излезат на гласање и да гласаат за бројот три за СДСМ и Коалицијата „Можеме".

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

притисни ентер