Суперавтомобил без покрив и со воздух наместо ветробранско стакло (ВИДЕО)

Мек Ларен го претстави својот нов суперавтомобил Елва, чија почетна цена е 1,7 милиони долари без вградени системи како звучници или бочни панели од карбонски влакна.

Сепак , една опција никако не е достапна , а тоа е покривот. Суперавтомобилот Елва не е отворен роудстер, или автомобил кој воопшто нема покрив. Може да се плати дополнително за шофершајбна. За да се спречи ветрот да го удара возачот во лице, се вклучува системот за управување со воздух кога автомобилот вози побрзо од 40 километри на час. Системот го пренасочува воздухот околу кабината за да создаде „меур на тишината“ околу патниците. Воздухот се канализира низ предниот дел на возилото и излегува со голема брзина во форма на завеса десно од кабината.

Така, воздухот функционира како ветробранско стакло, насочувајќи го воздухот околу кабината. Малиот рутер за насочување на ветер, се крева пред возилото, насочувајќи го протокот на воздухот околу патничкиот простор.

Во случај на превртување на автомобилот при судир, патниците ќе бидат заштитени со автоматски систем за заштита од превртување. Мекларен не даде подетален опис освен дека системот за заштита од превртување вклучува силни метални шипки кои се сместени околу патничкиот простор во моментот кога сензорите откриваат дека возилото ќе се преврти.

Elvа е придвижуван од турбополнач V4 мотор со 804 коњски сили, кој се наоѓа зад седиштето и може да забрза до 100 километри на час за три секунди.

Мекларен најави дека ќе бидат произведени само 399 Елви, а првиот ќе биде доставен кон крајот на 2020 година. Британската компанија нуди и малку поприфатливи спортски автомобили, на пример, цената на „Мекларен 570S“ започнува од 200.000 американски долари, а „Мекларен ГТ“ може да се купи за околу 20 000 долари повеќе.

Заев од Чаир: Го градевме концептот едно општество, но градевме и патишта низ целата држава, покажавме дека има пари за сите потреби на граѓаните

„И во време додека ги решававме отворените прашања и додека го трасиравме патот кон НАТО и ЕУ, постигнавме клучни успеси и на домашен план, успеси во економијата, во инфраструктурата", порача претседателот Зоран Заев на граѓанската трибина во Чаир.

„Додека ги решававме споровите со Грција и Бугарија, додека го градевме концептот „едно општество", градевме и патишта низ целата држава. 750 километри патишта се изградија 750 километри патишта. Се гради интензивно Кичево - Охрид, се градат експресни патишта Штип - Кочани, Штип - Радовиш, а почна да се гради и автопатот Скопје - Блаце. Обезбедивме 70 милиони евра за локални патишта и 55 милиони евра за водоводи и канализација. Докажавме дека има пари за се во државата и да градиме патишта и водоводи и да враќаме пари кај граѓаните преку Мој ДДВ, преку раст на платите и пензиите. Постигнавме многу, ќе покажеме дека можеме и уште повеќе и уште подобро", заклучи Заев, се наведува во соопштението на СДСМ.

Јанушев: На 15-ти јули народот доаѓа по своето, а кога народот доаѓа по своето на СДСМ, Заев и Николовски ќе им се случи потоп

Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и Носител на изборната единица 3 денеска оствари средба со граѓаните на Истибања .

Јанушев укажа дека ВМРО-ДПМНЕ овдека секогаш ја добивало најголемата поддршка од овдека почнувајќи од Унијата на млади сили, Унијата на жени, основачите и ветераните на партијата.

Во овие три и пол години живееме во една агонија, во еден грч, во едно зловреме каде што сите нас не натераа да ја свиткаме кичмата и да ја наведнеме главата. Истибања е пример зошто и кога било најтешко сте покажувале како се сака државата, сте ни давале мотив да продолжиме со борбата, да истраеме и еве после три години кога многу малу веруваа дека можеме да бидеме фаворити во изборите не очекува и претстои една голема победа пред се за Република Македонија, кажа Јанушев.

Носителот на изборната единица при своето обраќање рече дека СДСМ и Заев се најголемото зло, најголемиот вирус кој што ја има зафатено државата и сега на 15 јули е времето кога треба да се збрише тој вирус. Тој рече дека треба сите граѓани заедно да кажат доста е на сите омаловажувања што ги направија и да се врати државата кај народот.

Она на што ја темелиме нашата држава, она што е содржано во оние 36о страници исполнети со 1000 проекти се обврзуваме пред секој еден од вас дека ќе го исполниме. Ние не сме СДСМ, истите лаги кои што ги слушавте во 2016 ви ги повторуваат и денеска. Тогаш ветуваа 30 000 денари плата, сега ветуваат 34 000. Нека кажат еден единствен проект, една единствена мерка што ја имаат направено сами. Нешто што го смислиле, го финансирале и еве дека не го направиле, барем што почнале да го прават. Не постои такво нешто, не во Истибањи, не во Виница, не во изборна единица 3, не во цела Република Македонија. Тие се најнеспособни. Викаат дека можат, но можеа. Можеа да не крадат, можеа да не лажат, можеа да не ги распродадат државните и националните интереси“, нагласи Јанушев.

Јанушев додаде дека оваа власт единствено нанесе лошо на државата како што не е нанесено никогаш досега. И токму поради тоа граѓаните ќе ги казнат на 15-ти јули.

„На 15-ти јули народот доаѓа по своето, а кога народот доаѓа по своето на СДСМ, Заев и Николовски ќе им се случи потоп“, потенцира Јанушев.

Јанушев потсети дека пред една година ВМРО-ДПМНЕ излезе јавно и побара да се донесе Закон за потекло на имот на политичари. Но СДСМ побегна од тоа. А, побегнаа бидејќи се што украдоа ќе треба да вратат, за се што излажаа ќе треба да одговараат.

„Но по формирањето на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се донесе тој Закон и секој еден од нив почнувајќи од Зоран Заев, Љупчо Николовски, Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска сите до еден ќе одговараат. Не за една година, не за три години туку во првите 6 месеци, тоа ви го ветуваме“, истакна Јанушев.

Јанушев за крај на граѓаните порача дека по 15-ти јули владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе работи напорно за доброто на граѓани и за Република Македонија. Време е да се врати достоинството на Македонецот и Република Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Познат пејач ја продава својата раскошна вила за 25 милиони долари , се преселил во стан (ВИДЕО)

Канадскиот пејач The Weeknd, со вистинско име Абел Тесфај, ја продава својата огромна вила со 9-спални и 11-купатила во Лос Анџелес за 25 милиони долари.

Тој ја платил 18,2 милиони долари вилата пред три години, што значи дека ќе заработи скоро 7 милиони долари.

Вилата има неколку тераси, базен, спа, соба за вино, кино сала..., а имотот има терен за кошарка.

Вариети пишува дека The Weeknd неодамна купил пентхаус во Вествуд за 21 милион долари, што е веројатно причината за продажба на вилата.

притисни ентер