Царовска: За само две години платите во образованието СДСМ ги покачи за 2.150 денари, а ВМРО-ДПМНЕ за 7 години само 850 денари!

ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја дробеше државата, земаа од најсирмашните, ги дисркиминираа а денеска не можат ниту конструктивна опозиција да бидат особено кога интересите на граѓаните и покачувањето на платите се во фокусот. 

Во Собранието земаат дневници нивните пратеници не гласаат за покачувањето на минималната и законот за раст на платите. Срамно е тоа однесување, рече потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска на вечерашната граѓанска трибина во Охрид.

-Го слушаме денеска Мицкоски, без никаков срам и перде, вели дека покачувањето на платите во образованието од нови 10%, односно покачувањето за вкупно 20% биле трошки кои оваа власт предводена од СДСМ го реализира. Неговата влада, на ВМРО-ДПМНЕ, за 7 години во образованието за само 850 денари обезбедиле покачување на платите а ние од СДСМ за 2,5 години сме ги качиле платите за 2.150 денари!, рече Царовска.

Заеднички со вас, граѓаните ја креиравме програмата со која ја добивме довербата во 2016 година, денес пак заедно со вас правиме пресек што сме оствариле и повторно заедно со вас бараме нови решенија кои го подобруваат животот, заедно ја креираме и новата изборна програма, порача потпретседателката Мила Царовска на граѓанска трибина „На прав пат" во Охрид.

Потпретседателката Царовска направи споредба со неодговороното однесување на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која нема идеја, нема програма, нема ниту план а од друга страна е против покачувањето на платите.

-СДСМ ги покачува платите на работниците и го подобрува животниот стандард на граѓаните. Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ неделава ги кочи законите кои обезбедуваат раст на минимална плата, поддршка за раст на платите во приватниот сектор. Тие доаѓаат во Собрание земаат плата и дневници а не гласаат за мерки што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните. Тоа е се уште истата матрица со кои 11 години ја крадеа државата. Но залудно, платите ќе продолжат да растат, истакна Царовска.

притисни ентер