За прв пат во историјата финалето на Лигата на шампионите ќе се игра надвор од Европа ?!

УЕФА ги известила потенцијалните партнери дека во 2024 година финалето во Лигата на шампионите ќе се одржи во Њујорк.

Тоа би било прв пат во историјата, финалето на најелитното клупско фудбалско натпреварување во светот да се игра надвор од Европа, пишува американскиот портал „Морнинг Консалтинг“.

Тој наведува дека ТЕАМ Маркетинг АГ, швајцарска компанија која ги застапува деловните интереси на УЕФА, ги објавила овие информации, додавајќи дека агенцијата и УЕФА одбиле да ги коментираат нивните тврдења.

Покрај тоа, нивните извори велат дека е познато каде сакаат да се игра финалето. Избран  е стадионот МетЛиф во Њу Џерси, дом на два тима во НФЛ, Њјорк Џајантс и Њујорк Џетс.

притисни ентер