Меѓународниот суд на правдата ја усвои тужбата на Украина против Русија

Украина забележа правна  победа во Меѓународниот суд на правдата на ООН , кој денеска донесе одлука да ја прифати тужба поднесена од Киев против Русија за наводна поддршка на проруски сепаратисти, и покрај барањето на Москва да го отфрли случајот.

Претседателот на судот Абдулкави Јусуф рече дека се исполнети условите за целосно сослушување на случајот. Рускиот одбор на судии со мнозинство ги отфрли украинските наводи .

Судот пресуди дека има надлежност врз случајот заснован на договори за борба против тероризам и антидискриминација, потпишани од обете држави, поради наводна руска поддршка за сепаратистите во Крим и источна Украина.

Во јунско сослушување, Москва побара случајот да биде отфрлен, тврдејќи дека Киев го користи како изговор за да ја оспори законитоста на анексијата на Крим од Русија во 2014 година.

Заменик министерот за надворешни работи на Украина, Олена Зеркал, ја прогласи одлуката за победа на Украина, во изјава надвор од судот „Русија ќе мора да одговори и да ги претстави своите ставови“.

Одлуката може да создаде и преседан што ќе влијае на други случаи со Русија, како што е наводната поврзаност со несреќата на авионот на „Малезија ерлајнс“ во 2014 во источна Украина, при што загинаа сите 298 патници.

Бојко Борисов со закана до Македонија: Да заборавите дека Бугарија е фашистички окупатор!

Малку му беше ова, па дополни и дека не само што треба да заборавиме, туку и да почнеме да веруваме дека Бугарија не била на страната на фашизмот овде во Македонија во Втората светска војна!

Коментарите но и статусите на социјалните мрежи на интелектуалците во нашата земја, се во насока на „шок и неверување“.

Едноставно, никому не му е јасно до каде ќе оди ова недобрососедско однесување на официјална Софија, која почнува да ја „злопотребува“ нашата ЕУ и НАТО аспирација.

Претходно, властите во Бугарија усвоија декларација со која ни забрануваат нашиот , македонски јазик, да го именуваме како што е врпочем и кодифициран во ОН!

До каде ќе одат овие раскошни „добрососедки“ односи и пораки од официјална Софија?

Треба ли да крикнеме - аман  Бугарија, не не „брани“ повеќе ?

ВИДЕО: изјавата на Бојко Борисов
 

30 дена притвор за негувателката која претепа детенце во игротека (ВИДЕО)

Судот и одреди 30 дена притвор на негувателката која утрово претепа двегодишно дете во игротеката „Дежа ву“ во скопски Аеродром.

Жената попладнево била приведена и надлежен јавен обвинител, постапувајќи според член 201 од Законот за кривична постапка и одредил 30 дневен притвор. Мајката го однела детето на преглед во болница, а таму биле присутни и припадници на МВР односно инспектори за насилен криминал и одделение за имотни деликти и малотничка деликвенција.

Детето имало околу две години, а жената заедно со него чувала уште две деца. Трите деца и жената се од Аеродром. Приведена е околу 17:30 часот, а случајот го пријавил сопственикот на кафе барот и игротеката Дежаву, кој случајно ги прегледувал снимките од безбедносните камери.

Турција почна да ги враќа бегалците во Сирија на територијата на избрканите Курди

Турција објави денеска дека стотици раселени Сиријци за прв пат се вратиле во „безбедносната зона“ , област во северо-источна Сирија од која Анкара ја избрка курдската милиција поддржана од западните земји.

Скоро 200 луѓе, кои избегале на запад кон Сирија во област под турска контрола, „се вратиле во своите домови, доброволно и безбедно“, се наведува во изјавата на турското Министерство за одбрана.

Овие лица отишле на подрачјето меѓу сириските градови Тал Абџад и Рас ал-Аин, од каде Анкара ги избрка Курдите во борби со милицијата на Курдските народни сили за заштита (YPG) минатиот месец.

Областа, долга околу 140 км и со ширина од 30 км, Турција ја нарекува „безбедносна зона“.

Турското Министерство за одбрана додаде дека околу 300 дополнителни бегалци досега се преселиле во Тал Абџад од Џарабулус.

Турција ја прекина својата офанзива започната во октомври против КПГ, по склучувањето на двата договори со САД и со Русија, кои предвидуваат повлекување на КПГ од повеќето гранични позиции со Турција.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган изјави дека сака да пресели 2 од повеќе од 3,5 милиони Сиријци кои избегаа во Турција од почетокот на сирискиот конфликт во 2011 година.

притисни ентер