Некогаш беше згоден заводник , а сега е запуштен и дебел (ФОТО)

Некогаш беше мускулестиот Максимус Децимус Меридиус во ,,Гладијатор” , а денеска Расел Кроу не се препознава во предебело и запуштено издание.

Денеска светските медиуми се преполни со неговите најнови фотографии направени на аеродромот во Сиднеј, што очигледно не му пречи.

Причината за зголемување на тежината е улогата во трилерот „Unhinged“ во кој глуми манијак кој брка жени, а се чини дека добивањето на тежина падна многу полесно отколку добивањето мускулна маса.

Освен дебелината, сите забележаа дека на аеродромот во Сиднеј , славниот актер на чуден начин си ги мести панталоните.

Кроу почна да ја зголемува тежината  летово и вели дека  „напорно работи“ за да одржува заоблената линија.

притисни ентер