,,Алибаба” излегува на берзата во Хонг Конг – Целта се 15 милијарди долари

Кинеската компанија за онлајн трговија ,,Алибаба” планира да излезе на берзата во Хонг Конг последната недела од ноември, со цел заработат до 15 милијарди долари.

Ова го објави Ројтерс, повикувајќи се на двајца неименувани извори кои се директно запознаени со ситуацијата.

Процесот на ,,Алибаба” за пронаоѓање потенцијални инвеститори и котација на акции треба да се одвива во недела што започнува на 25 ноември, според истите извори кои побараа да останат анонимни заради чувствителноста на информацијата.

Компанијата прво треба да побара одобрение од Комисијата за котирање на акции во Хонг Конг следната недела.

Јавната понуда на акциите на Алибаба, чија примарна берза е во САД, се одржува во клучно време за иднината на Хонг Конг, потресена со повеќемесечни антивладини протести.

,,Алибаба” во моментов има водечка позиција во светот во однос на зголемената вредност за време на првичната јавна понуда, бидејќи собра 25 милијарди американски долари на Њујоршката берза во 2014 година.

ДИК: СДСМ 36,13%, ВМРО-ДПМНЕ 34,65%, ДУИ 11,57%, АА и А 8,79%

Од преброени гласови 96,93 отсто од избирачките ливчиња, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме" води со освоени 36,13 отсто од гласовите пред ВМРО-ДПМНЕ со 34,65.

Податоците објавени од Државната изборна комисија во нивното седиште, имајќи предвид дека веб страницата повеќе од еден час не им функционира, покажуваат дека за ДУИ гласале 11,57, за Алијанса на Албанците и Алтернатива 8,79, за Левица 3,96, ДПА 1,48 и за Интегра 1,33 , а другите партии и коалиции учесници на изборите имаат под 0,4 отсто, информира пред малку на прес конференција портпаролот на ДИК , Адмир Шабани.

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ влегува во трка за формирање на нова влада

Народот покажа дека народот не сака криминална и коруптивна власт, рече генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ , Игор Јанушев.

Победивме во голем број градови и населени места рече Јанушев. Трката е тесна речиси изедначена , да почекаме да ги видиме финалните бројки.

ВМРО-ДПМНЕ влегува во трка за обезбедување мнозинство за формирање на нова влада .

ДИК: СДСМ 36,16%, ВМРО-ДПМНЕ 34,68%, ДУИ 11,54%, АА и А 8,8%

Од преброени гласови од 3.092 од вкупно 3.480  гласачки места, или околу 90 отсто од избирачките ливчиња, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме" води со освоени 36,16 отсто од гласовите пред ВМРО-ДПМНЕ со 34,68.

Податоците објавени од Државната изборна комисија во нивното седиште, имајќи предвид дека веб страницата повеќе од еден час не им функционира, покажуваат дека за ДУИ гласале 11,54, за Алијанса на Албанците и Алтернатива 8,8, за Левица 3,93, ДПА 1,45 и за Интегра 1,34 , а другите партии и коалиции учесници на изборите имаат под 0,4 отсто.

притисни ентер