Захарова : Европските надежи се урнаа како Берлинскиот Ѕид

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,  Марија Захарова изјави  дека се урнати надежите на европските држави дека ќе создадат обединета и просперитетна Европа без линии за демаркација по падот на Бeрлинскиот Ѕид. 

"Поради падот на Берлинскиот Ѕид, луѓето се радуваа на мирна, просперитетна и обединета Европа без линии на демаркација. За жал, тие очекувања пропаднаа. Овие надежи се распарчени како Берлинскиот Ѕид", рече Захарова на прес-конференција, пренесе АП.

Таа истакна дека Русија отсекогаш ја почитувала својата надворешна политика и ќе продолжи да ги почитува тие принципи и дека очекува од нејзините партнери „да се најдат на половина пат“.

Утре се одбележуваат 30 години од падот на Берлинскиот Ѕид, еден од симболите на Студената војна.

притисни ентер