Во Јапонија запленети рекорди 400 кг. кокаин

Јапонската полиција во пристаништето на градот Кобе запленила рекордни 400 килограми кокаин, чија улична вредност се проценува на фантастични 73 милиони долари, соопшти Царината на Јапонија.

Дрогата била запленета минатиот месец но дури денеска е објавена оваа информација поради тоа што официјалните преставници на полицијата и царината не смееле да објават детали поради истрагата.

Во август годинава јапонските власти запленија 177 килограми кокаин во префектурата Аичи.

Засега не е познато од каде кокаинот пристигнал во земјата на изгрејсонцето , но според јапонската новинска агенција Кјодо, дрогата во Кобе пристигнала по грешка.

притисни ентер