Вил Смит на шега отиде на колоноскопија , па се смрзна од резултатот (ВИДЕО)

Актерот Вил Смит на Инстаграм објави видео од својата прва колоноскопија , но не знаеше дека ќе добие лоша вест по прегледот.

"Велат дека не можеш да достигнеш 50 милиони следбеници на Инстаграм без да го покажеш својот задник. Еве јас сум за тоа, правам колоноскопија", се пошегува актерот.

Потоа, тој објави целосен блог, во кој следи процесот на подготовка за колоноскопија, на која отиде откако неговиот лекар Ал Стенфорд му препорачал да изврши преглед на дебелото црево, бидејќи има над педесет години.

Вил одлучи да ја истакне важноста на прегледот, но самиот доби резултати што не ги очекуваше. Му бил дијагностициран полип, кој се покажал како малигно ткиво, и имало опасност да се развие во тумор. Полипот веднаш бил отстранет и Вил потврди дека сè е завршено.

„2019 е година. Мора да внимаваме на здравјето. Постои одреден срам, но вие мора да го сторите тоа“, истакна актерот, заклучувајќи: „Мислев дека е забавно да се снима ова видео. Не знаев дека ќе се појави полип“.

Стотици бомби од Втората светска војна се пронајдени на аеродром во Атина,избегната е трагедија

Стотици бомби од Втората светска војна се откриени при работа на местото на поранешниот аеродром Хелиникон во Атина.

Градоначалникот на регионот Елинико-Аргируполи, Јанис Константатос, изјави дека 314 бомби, кои биле складирани од германски војници за време на Втората светска војна, биле уништени во контролирани експлозии.

Тој наведе дека бомбите се наоѓаат два метри под поранешните објекти на Понтичка лига, градинка и спортски објекти во внатрешноста на поранешниот аеродром, како и соседните објекти за Олимписките игри, односно на места каде секојдневно поминувале илјадници луѓе, објави грчкиот јавен сервис ЕРТ.

Според него, бомбите биле пропуштени при реконструкцијата на стариот аеродром во Атина.

Аеродромот Елинико се наоѓа на само неколку километри од центарот на Атина, работеше до 2001 година, а беше затворен по изградбата на меѓународниот аеродром Елефтериос Венизелос (АТХ) за Олимписките игри во 2004 година.

На местото на поранешниот аеродром е предвидена изградба на станбен комплекс, комплекс за забава, казино, хотел и парк, како и облакодер висок речиси 200 метри.

Николоски до директорот на ТЕЦ Неготино: Од каде ти се парите за хациендата во која живееш?

За Неготино предвидуваме убави работи во оваа програма, предвидуваме изградба на експресниот пат Кавадарци до Неготино, планираме изградба на обиколница околу Неготино, планираме завршување на гасификацијата и гасификација на ТЕЦ Неготино. 

Планираме можеби за мене најзначајно најдостоинствени цени за лозарите, за откуп на грозјето кои што ќе значат достоинствено и зголемено производство и она што е многу значајно рестартирање на Повардарие доколку не може на друг начин државата да го рестартира, за да се стави крај во откупот на монополот во откупот на грозје и производството на вино, за да ставиме крај на олигархијата која што ве понижува со понижувачките цени кои што ги даваат за откуп на грозје, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 3 на денешниот митинг во Неготино во рамки на претседателската и парламентарната кампања.

Николоски пред неготинчани рече дека во секоја општина има по неколку криминалци од СДСМ, но неготинчани за жал имаат двајца од најголемите да се токму во Неготино, посочувајќи дека едниот е актуелниот директор на електрани на Македонија, другиот актуелниот директор на ТЕЦ Неготино.

-Постојат многу причини зошто СДСМ и ДУИ ќе се борат до последен ден, пред се заштита на криминалот и корупцијата. Криминалци има од секоја општина од секое место во Македонија, но вие ја имате несреќата двајца од најголемите да се токму од Неготино. Едниот актуелниот директор на електрани на Македонија, другиот актуелниот директор на ТЕЦ Неготино. И кога се прашувате зошто им го дозволуваат ова што им го дозволуваат на ДУИ, единствениот одговор е за да можат да крадат заедно и едните и другите, нема друг одговор освен ова, истакна тој.

Николоски упати прашање до актуелниот директор на ТЕЦ Неготино со која директорска плата се гради хациенда како неговата, посочувајќи дали истата е платена од тендерите кои неговата сопруга ги има добиено од крими тендерите во РЕК Битола или пак од неговиот криминал со мазут во ТЕЦ Неготино?

-Би сакал одовде да го прашам директорот на ТЕЦ Неготино со која директорска плата се градата хациенди како да е на Холивуд, со која директорска плата директоре се градат хациенди кои што не се видени на ниедно друго место во Македонија, обичен свет не може да ги замисли, а верувајте и подобри бизнисмени не можат да ги замислат. Дали тоа е со платата или можеби од тендерите која што твојта сопруга ги добива преку нејзината фирма во електрани во Македонија, но сега малку подолу во РЕК Битола, праша Николоски.

Николоски нагласи дека деновиве има сознанија за влијание на граѓаните и притисоци, уцени и закани како и нудење за поткуп, укажувајќи дека ќе има одговорност и за ова, но и за тендерите на мазут.

- И слушам деновиве во нелегални активности на обид за влијание врз гласачи на притисоци, на уцени, на закани на нудење на поткуп на гласачи, за тоа се одговора како што ќе се одговара за криминалот и корупцијата во ТЕЦ Неготино, ние баснословната набавка на мазут нема да ти ја заборавиме, ни првата, ни втората. Ние нема да заборавиме како беа штелувани условите за да не може да се пријави никој друг освен оној кој што го доби тендерот, рече Николоски, се наведува во партиското соопштение.

Панди нападнаа чуварка во зоолошка, посетителите врескаат во паника (ВИДЕО)

Чуварка на зоолошката градина во градот Чонгкинг била нападната пред бројните посетители, кои испаничени врескале додека ја гледале драматичната сцена.

Жената влегла во куќиштето и две панди веднаш скокнале врз неа, ја собориле на земја и почнале да ја гризат. На видеото кое кружи по мрежите, можете да се види како се обидува да ги тргне животните од себе и да избегне повреди на нозете, рацете и телото.

Несреќната жена во еден момент успеала некако да стане, а една панда се засолнила на дрво. Друга панда ѝ скокнала одзади и изгледало како да ја гризе за вратот.

Потоа се појавил друг стражар кој и помогнал на колешката да се засолни. Пред животното да го најде својот пат, тие побегнале од заградениот простор, пишува Daily Mail.

Кинеските корисници на социјалните мрежи го коментираа инцидентот, при што еден напиша:

„Се чини дека чуварката била неискусна. Требаше веднаш да побегне, но реши да се обиде да ги спречи“.

Друг додаде: „Нивната сила е неверојатна. За среќа, чуварката на зоолошката градина е добро“.

притисни ентер