Тензично меѓу блиските на убиениот музичар и поддржувачите на „Златна Зора“

Во салата за свечености во судот во Атина, денеска продолжува сослушувањето на лидерот на „Златна Зора“, Никос Михалољакос, во рамките на судскиот процес што се води против партијата со обвинение дека станува збор за криминална организација.

Вчерашниот прв дел од сослушувањето заврши тензично, откако претседателката на судот го заврши рочиштето и следеа слогани и дофрлања меѓу поддржувачите на „Златна Зора“ и семејството и пријателите на убиениот музичар Павлос Фисас, а меѓу двете страни се најдоа фоторепортери и силно полициско обезбедување.

Мајката на убиениот Павлос Фисас, негови роднини и пријатели извикуваа „убиец“ кон Михалољакос, по што поддржувачите на Златна Зора го скандираа нивниот партиски слоган „Крв, Чест, Златна Зора“, за веднаш да добијат одговор од другата страна „Павлос е жив, уништете ги нацистите“.

Специјалните полициски единици формираа два коридори, за двете страни да не дојдат во директен контакт и за да се избегнат инциденти./МИА.

Мицотакис од Загреб повика на заедничка европска политика кон мигрантите

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис повика на заедничка политика на ЕУ за барателите на азил и заштита на надворешната граница на континентот.

Говорејќи на вториот ден од Конгресот на Европската народна партија (ЕПП) во Загреб, грчкиот премиер рече дека има три работи што требаше да се направат за да се справи ефикасно со мигрантската криза.

„Дозволете ни да ги заштитиме нашите граници, да ја споделиме одговорноста подеднакво меѓу земјите членки и исто така да ја видиме основната причина за проблемот, имено војната и сиромаштијата во некои важни делови на светот“, рече грчкиот премиер, пренесе АНА.

Микотакис ја обвини Анкара дека ја користи миграциската криза за меѓународни преговори и рече дека Европа не може да биде уценувана за ова прашање.

Тој истакна и дека е време за искрен дијалог и помалку неодговорни изјави, додавајќи дека Турција мора да го исполни својот дел од обврската ЕУ-Турција за миграција.

Микотакис истакна дека Европа веќе не може да се преправа дека миграциската криза влијае само на земјите-членки на границите на Унијата и рече дека одредбата од Даблин за бегалците и мигрантите во ЕУ, за жал, е недоволна.

Грчкиот премиер исто така истакна дека Грција се потешко може да се справи со големиот број мигранти кои доаѓаат секојдневно и дека како прва земја во која што доаѓаат мигранти не треба самата да го носи товарот на приливот на мигранти .

САД се заканија : Турција веднаш да се ослободи од руските системи С-400

Турција треба да се „ослободи“ од рускиот ракетен одбранбен систем С-400 , изјави висок функционер на американскиот Стејт департмент.

Според американските медиуми тој рече дека воведувањето американски санкции против Турција поради набавката на рускиот ракетен систем ,  е сè уште можно.

„Тие можат да изберат дали ќе продолжат  или ќе се ослободат од С-400“, рече тој.

По одлуката на Турција за набавка на современо руско оружје, односите меѓу Анкара и Вашингтон се затегнати, бидејќи САД сметаат дека набавката претставува закана за одбранбените способности на НАТО.

Пожарите и натаму пустошат низ Австралија – Од чад не се гледа операта во Сиднеј (ВИДЕО)

Чадот од шумските пожари што беснеат северно од Сиднеј го прекри денеска градот , а властите предупредуваа на големи пожари низ источните и јужните региони на земјата, што се шират поради високите температури и силниот ветер.

Втор пат за три дена, Министерството за здравство ги предупреди училиштата да не ги пуштаат децата надвор, а метеоролозите велат дека е малку веројатно дека чадот ќе исчезне во следните неколку дена, бидејќи пожарите продолжуваа да пустошат северно од Сиднеј.

Стотици пожари со недели беснеат долж источниот брег , но појавата на нови во јужна Австралија вчера предизвика евакуација на населението во близина на градот Аделаид.

Снабдувањето со електрична енергија е прекинато за 6.000 објекти во опожарената зона на Полуостровот Јорк во Јужна Австралија за да се избегне можноста од појава на пожар на електричните водови.

Државата Викторија се подготвува за за потенцијално катастрофални пожари бидејќи температурите се искачуваат над 40 степени.

Шест лица загинаа, а скоро 600 домови се уништени во пожарите од почетокот на минатиот месец.

Полицијата започна постапка против 54 лица од август за кршење на забраната за палење оган на отворено.

притисни ентер