Во Скопје изминатото деноноќие 11 сообраќајки, четворица повредени

Четири лица биле полесно повредени во четири од вкупно 11  сообраќајни незгоди што вчера се случиле на подрачјето на СВР Скопје. Во седум сообраќајки била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 12 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила 10 возачи кои возеле под дејство на алкохол, 13 возачи пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и двајца почетници. Исклучени се и 11 нерегистрирани и едно технички неисправно возило.

Санкционирани биле 30 возачи за неноселе сигурносен појас и 19 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле. Сообраќајната полиција санкционирала и пет возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи за неправилно престројување, шест возачи за неправилно престигнување и двајца возачи за не давање првенство на минување на возилата во зона на крстосница,

Затекнати биле 100 непрописно паркирани возила, а со помош на специјалното возило „пајак", отстранети биле 75 возила.

Уапсениот украински министер е пуштен на слобода со кауција

Украинскиот министер за земјоделство, Микола Солски, кој претходно денеска беше приведен под обвинение за вмешаност во незаконско купување државно земјиште во вредност од околу седум милиони долари, е ослободен со кауција.

Судијата му одреди кауција на Солски во износ од 1,9 милиони долари, пренесува Ројтерс.

Солски ги негира наводите, кои се однесуваат на набавки од 2017 до 2021 година, пред да стане министер за земјоделство во март 2022 година.

Министерот вчера поднесе оставка, но технички останува на функцијата додека парламентот не го разгледа неговото барање за оставка.

Тој е првиот украински министер осомничен за корупција откако украинскиот претседател Володимир Зеленски е на власт.

Националното биро за борба против корупцијата соопшти дека обвинението се однесува на шема за стекнување сопственост на државно земјиште во вредност од 7,35 милиони американски долари.

Како што е наведено, земјиштето наводно незаконски им било одземено на две државни фирми и им било предадено на бранителите под услов да го дадат под закуп на одредени приватни фирми.

Солски и неговиот адвокат вчера на сослушувањето рекоа дека тој немал корист од таквата шема.

По ова обвинение тој може да се соочи со затворска казна до 12 години.

Тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Тимчо Муцунски се сретна со поранешни амбасадори

Денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски и меѓународниот секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Тодор Конески се сретнавме со поранешните амбасадори и конзули .

Денеска заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на општина Аеродром Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и заменик министер за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски и меѓународниот секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Тодор Конески се сретнавме со поранешните амбасадори и конзули Н.Е. Василка Треневска, Томи Димитровски, Веле Трпевски, Оливер Шамбевски и Драган Ѓурковски.

Во разговорот им ја претставивме нашата визија преточена во #платформа1198 и побаравме поддршка за следните активности на полето на дипломатијата и меѓународните односи.

Помеѓу другото се заложивме дека клучна стратегиска цел на идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ е Македонија да биде полноправна членка на Европската Унија. Исто така, заклучивме дека нашите надворешно-политички приоритети треба да се засноваат врз принципите на рамноправност, заемна доверба, солидарност, дијалог, меѓусебно почитување и реципроцитет.

Нашиот интерес е да градиме национално единство по клучните прашања , објави на ФБ Иванка Василевска член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Трагедија во САД: 28- годишна НФЛ ѕвезда е пронајден мртов

Поранешниот НФЛ играч Кори Канингем (28) вчера е пронајден мртов во неговиот дом во Клифтон, Њу Џерси, објавија американските медиуми.

Според извештајот на „РЛС Медиа“, се работи за самоубиство, откако неговата кариера во последно време беше во голем пад.

Во последните неколку месеци тој се обиде да се пробие во светот на претприемништвото и беше регистриран како агент на локална логистичка компанија во Њу Џерси.

Канингам присуствуваше на колеџот Синсинати и играше за Аризона Кардиналс, Њу Ингланд Патриотс и Њујорк Џајантс за време на неговата кариера во НФЛ. Неговиот последен ангажман беше во Далас Каубојс, каде членуваше само како тренер, а доби отказ во јануари минатата година. Тој беше член на тренинг кампот на Џиновите претходното лето.

Поранешниот клуб, Њујорк Џајантс се прости од него.

- Тажни сме поради веста за смртта на Кори Канингем. Тој беше клучен дел од духот и заедништвото во соблекувалната. Нашите мисли се со семејството на Кори, пријателите и соиграчите - се вели во соопштението на клубот.

притисни ентер