Џенифер Анистон го растури Инстаграм – 4 милиони лајкови за еден ден (ФОТО)

Џенифер Анистон , иако е една од холивудските ѕвезди , кои последни се приклучија на Инстаграм , може веќе да се нарече кралица на оваа социјална мрежа.

„Џен во црно“, напиша актерката со фотографија снимена од грб во друштво на нејзиниот телохранител. Џенифер е прикажана во секси црн фустан со отвор на задниот дел.

На повеќе од четири милиони луѓе им се допадна оваа фотографија за помалку од 24 часа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Jen in Black

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston) on

„Чекајте, имате мускули на грбот?“, „Вие сте убави од сите агли“, „Ми треба вашата диета и план за вежбање, не можам повеќе“, ја пофалија нејзините фанови.

Патем, Џенифер моментално ја следат повеќе од 18 милиони луѓе на Инстаграм, а нејзиниот прв пост, селфи со колегите од серијата „Пријатели“, буквално го сруши Инстаграм на неколку секунди.

Драстична промена: Тања Савиќ стана русокоса

Пеачката Тања Савиќ од почетокот на својата кариера не експериментираше многу со својот изглед.

Таа е препознатлива по својата црна коса, меѓутоа пеачката на социјалните мрежи покажа каква промена направила.

-Драги мои, сакам да ја најавам долго очекуваната песна. Доаѓа песна која ќе го растопи и најтврдото срце. Спотот само што не е завршен, до тогаш уживајте во фотографиите. Очекувајте нешто сосема поинакво од она што до сега сум го работела, порача Тања.

Нејзините фанови се воодушевени од новиот изглед.

Фото: Северина има иста чанта како Меган Маркл

Северина овој викенд објави фотографии од Монте Карло каде што отпатувала со својот сопруг Игор.

Хрватската пеачка изненади многумина со својот стајлинг на последните фотографии.

На фотографиите се гледа скапоцена кожна чанта од уругвајската дизајнерка Габриела Хеарс  каква што има и војводката Меган.

Оваа чанта чини околу 1800 евра.

Јагуар претстави седишта кои симулираат одење

Голем број на возачи по долго патување чувствуваат болка во лумбалниот дел од рбетот и рамената.

Експертите советуваат почести паузи за време на подолгите патувања, за да се избегнат воспалувања и повреди кои настануваат поради неудобно седење.

Конструкторите од компанијата Јагуар осмислија нов тип на автомобилско седиште. Иновативниот производ симулира движења  слични на оние кои настануваат кога одиме.

Седиштето моментално се тестира во одделна компанија задолжена за производство на ентериер на возила.

За време на возењето ова седиште се помрднува и создава вибрации кои симулираат чекорење. Со тоа се намалува здравствениот ризик од долго седење зад воланот. Седиштето се прилагодува на анатомијата на телото на секој возач и патник.

Според податоците од Светската здравствена организација, повеќе од една четвртина од луѓето на планетата поминуваат премногу време во седечка положба. Тоа предизвикува сериозни оштетувања на мускулите на нозете, деформирање на колковите и рбетот. Професионалните возачи се посебно загрозени, затоа што работниот ден го проаѓаат зад волан во подолги временски интервали.

Компанијата Јагуар со своите иновации сака да го унапреди здравјето на своите купувачи.

притисни ентер