Според странските медиуми, двајцата се долгогодишни соработници, кои во последно време биле многу блиски. Затоа не е изненадување што сите сега се прашуваат која е Александра (46) што го освои срцето на девет години постариот актер.
Александра е уметник и филантроп од Лос Анџелес која има одржувано изложби низ целиот свет. Нејзината држава на раѓање е Охајо, а од дипломирањето на колеџот Сарртмор во 1994 година, таа е вклучена во уметноста. Позната е по употребата на говорот во својата работа и соработува со писатели при изработка на скулптури, фотографии, цртежи и видео дела. Така се запознала и со Киану, кој покрај тоа што глуми во филмови, е заинтересиран и за поезија.
Александра живеела во Мексико, Шпанија и Франција, а нејзините дела се изложени во музејот на уметноста во Лос Анџелес (ЛАКМА), во Париз во Галери Градива и во Њујоршката галерија „Харис Либерман“.
Пред 11 години, таа го започнала филантропскиот проект Грант, преку кој продава уметнички дела и ги донира сите приходи на непрофитни здруженија.
Првата соработка со Кеану се случила во 2011 година кога ја објавија книгата „Ода до среќата“ а, наводно, се запознале две години порано.
Пред три години, тие ја издадоа својата втора заедничка книга „Сенки“, а Грант го фотографираше Ривс додека го снимал филмот „Џон Вик“.
"Никој не се движи како него. Тој навистина е екстремен изведувач. Затоа овие фотографии се интересни. Знаев дека ако ја придвижувам камерата додека танцуваме заедно, како фотограф и предмет, можеме да ги создадеме овие убави оптички илузии", вели Александра во интервју за списанието W..
Новинарот на W. напишал дека „за време на разговорот, двајца пријатели лесно разменувале реченици и внатрешни шеги и насмевки“.
Заедно тие ја основале издавачката куќа X Artists Books во 2017 година, со цел објавување книги „кои немаат свое место затоа што не се меѓу жанровите“.
Кеану се појавува на бројни фотографии на Инстаграм на Александра.
Иако прв пат се држеа за раце на црвениот тепих вчеравечер, не е прв пат заедно да се појавуваат во јавноста. Во јуни, тие ја гледаа модната ревија на Сен Лоран во Малибу, а еден месец порано се појавија на добротворна вечера на МПЦА.