На денешната седница, АВМУ ја одзеде лиценцата на 1ТВ

Агенција за медиумите на седница попладнево одлучи да се одземе лиценцата за емитување на 1ТВ телевизијата чиј неформален сопственик е првоосомничениот во предметот „Рекет“ Бојан Јовановски, дознава Канал 5.

Агенцијата отвори постапка поради неисполнување на минимум кадровски услови, медиумите имаше 15 дена да ги исправи пропустите, бидејќи тоа не е сторено донесена одлука за одземање на лиценцата.

Агенцијата поведе постапка и за скриено сопствеништво на медиумите откако самиот Јовановски во последното интервју во телевизијата призна дека тој е всушност сопственик иако како сопственици официјално беа наведени неговиот татко и Јасна Мандиќ, двајцата сега осомничени во проширената истрага за „Рекет“.

Продолжува битката за градоначалник на град Скопје

На помалку од 10 дена до изборите, се уште е незивесно дали претендентите за тронот на Скопје ќе се соочат на дуел пред очите на скопјани.

Данела Арсовска, независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ не одговори конкретно дали ќе застане наспроти актуелниот градоначалник Шилегов. Вели, дека предуслов за тоа е Шилегов да и се извени за дискредитациите во кампањата... За Шилегов ваквиот став е алиби да се избегне соочувањето, кое, како што рече, го потсетува на режимското владеење.

- Не бегам од дуел, прво очекувам да се извини, не бегам од дуел ниту сум бегала. Соочување на програми нема, бидејќи тој човек програмата од изминатиот градоначалнички мандат не ја оствари, како ние ќе реализираме или ќе соочуваме програми кога наспроти имаме човек кој што 95% од својата програма не ја реализирал,вели Арсовска

- Шилегов: Во првиот круг очигледна беше тактиката да се сокрие позади големиот број на кандидати, меѓутоа мислам дека скопјани заслужуваат да бидат ценети од оние луѓе кои што претендираат да го водат овој град на начин на кој што ќе бидат соопштени концептите во една дебата, нема подемократски чин од дебатата,вели Шилегов.

И двајцата кандидати и денеска вообичаено продолжија со своите активности на терен, Шилегов тоа го стори од местото на реконструирање на булеварот „Киро Глигоров“, додека пак Арсовска вети проширување на булеварот кај Јаја Паша во Чаир.

-Започнуваме со асфалтирање на булеварот „Киро Глигоров“, потегот од мостот „Близнак“ до крстосницата на улица „Перо Наков“ и очекуваме дека во текот на утрешниот ден овде ќе се стабилизира сообраќајот,вели Шилегов.

- Овде мора да постои уште една лента, како дополнување на ова решение е и надвозник од мостот „Битпазар“ до „Христијан Тодорвски Карпош“ и со тоа скопјани ќе добијат брзо и ефикасно сообраќајно решение кое што ќе ги поврзува општините Чаир, Бутел и Центар,вели Арсовска

Во првиот круг Арсовска освои околу 8 илјади гласа повеќе од Шилегов, но во вториот круг и двајцата почнуваат од 0 и се убеди дека ќе ја добијат мнозинската поддршка од скопјани..

Почна обуката на членовите на Доброволното противпожарно друштво во Кочани

Новоформираното Доброволно противпожарно друштво од Кочани денеска ја реализираше првата обука на своите членови, со што идните пожарникари се запознаваат со основите на дејноста што ќе ја извршуваат волонтерски.

Вклучени се педесетина доброволци, кои се распоредени во три групи, а теоретската и практична обука ја имаат во соработка со професионалната Територијална противпожарна единица.

– По презентацијата на целите и програмата на Друштвото, вработените во ТППЕ – Кочани ни ги претставија причините за избувнување пожар и начинот на лична заштита, како и опремата и возилата со кои располагаат, што за почеток ќе ги користиме и ние. Во втората фаза од обуката ќе излегуваме на терен, со што и практично ќе ги учиме постапките при интервенција. Најпрвин ќе спроведеме обуки за гаснење шумски и пожари на отворено, а потоа и на објекти, истакна Златко Илиев, претседател на Доброволното противпожарно друштво – Кочани.

Покрај обуките, се работи и на обезбедување потребна техничка опрема и униформи за пожарникарите волонтери, а добиени се најави за донација на возила од Австрија и Словенија.

Доброволното противпожарно друштво во Кочани беше оформено пред еден месец по граѓанска иницијатива, а со поддршка од Локалната самоуправа која за негово поефикасно дејствување и работа обезбеди просторија во објектот на Територијалната противпожарна единица. /МИА

Коњановски: Создаваме нова иднина за Битола

Очекуваме нови инвестиции, да ги откочиме процесите кои 4 години беа стопирани, вели Коњановски.

Почитувани,

Прво да заблагодарам за огромната поддршка од граѓаните на Битола кои ја дадоа во неделата, за нивната храброст, достоинствена одлука, излезеност во масовен број. Тоа го очекувам повторно и во недела.

Низ целата наша програма провејува фактот дека локалниот економски развој во основа на се, за развојот на Битола, пред се.

Очекуваме нови инвестиции, очекуваме да ги откочиме процесите кои беа стопирани во изминативе четири години. Знаеме дека во Битола нити една странска инвестиција или домашна инвестиција не доби можност. Веројатно вратите на Општината беа затворени.

Со помош еве на претседателот Христијан Мицкоски тоа го кажа, ние и во повеќе наврати разговаравме за тоа, во најава е нова инвестиција и не само таа, очекуваме она што граѓаните младите да си ги задржиме само преку локалниот економски развој и отворена врата на Општината за нови инвестиции и за нови вработувања во Битола. Само на тој начин можеме да излеземе од оваа баруштина која се наоѓаме.

Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на општина Битола

притисни ентер