МакедонијаЗа побрза дигитализација неопходана соработка со приватниот сектор Земјава е длабоко зачекорена во процесот на дигитализација и на него се работи многу, но се уште има недостатоци. Со стручно согледување на состојбата и поголема интероперабилност, посебно меѓу министерствата и јавните институции, за кратко време може да се постигнат значајни резултати, беше речено на денешната 16. конференција на МАСИТ. Учесниците порачаа дека податоците денес се еден од клучните ресурси, а наскоро ќе станат и најголемата вредност на компаниите. – Најголемите технолошки компании во светот се токму оние што ги поседуваат податоците. Нашата држава е веќе масовно зачекорена во областа на дигитализацијата на јавниот сектор, но клучна е соработката со приватниот сектор, изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. Тој потсети дека е веќе објавен порталот за отворени податоци со поставени над 200 податочни сетови од преку 45 институции, во функција е и Националниот портал за електронски услуги, кој ќе биде пуштен во употреба следниот месец, а лансиран е и Централниот регистар на население. – Ова значи дека граѓаните ќе можат на законски начин да го користат својот електронски идентитет за добивање услуги и од јавните институции, но и од приватниот сектор, потенцира министерот. Тој најави и дека следниот период со поврзување на разните бази на податоци и нивната дигитализација, ќе се креира уште поголема база на податоци кои ќе ги користат и приватните компании за развој на нови бизниси, анализи и иновативни решенија, како и државата за да стане поефикасна во испорачувањето услуги и да се доближи до граѓаните. Претседателката на Бордот на директори на МАСИТ, Анета Антова Пешева уште еднаш го нагласи значењето на ИКТ индустријата, посочувајќи дека за само два месеца, од јуни до август годинава, платите во овој сектор се зголемени за седум отсто. – Според растот што го имаме треба да се обрне поголемо внимание на ИКТ индустријата која за два месеца ги зголеми платите за седум проценти без каква било интервенција и сега тие во просек изнесуваат 96.430 денари бруто или 63.800 нето. Со зголемување на платите од 12.000 на 14.500 нема да ги задржиме младите во земјава, но можеме да почнеме да ги убедуваме да останат ако имаат добар стандард и добар третман, нагласи Антова Пешева. Порача и дека ИКТ индустријата во земјава треба да се качи на повисоко ниво и да биде столб на стопанството, а не сервисна дејност како што засега се третира. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно со повремени сончеви периодиСпоред УХМР времето денес ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Скопје, претежно облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од утре времето ќе биде стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот. Во четврток, петок и сабота ќе има услови за појава на утринска магла. Од петок облачноста ќе се намали. Во деновите од викендот се очекуваат постудени утра со минимална температура која наместа ќе се спушти под нула степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 4. ноември 2026 година Дневен хороскоп за среда, 4. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашата фаза на ,,ловечки приказни” би можела да потрае и денеска. Внимавајте некого да не изнервирате. Оние во врска се добро. Кариера Веројатно ќе извршите една помала анализа на една тема , а истата ќе ви донесе задоволство. Здравје и совет Не претерувајте со колачи. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов На некои можеби ќе им биде доста од се. Некои веќе изгубиле надеж и веќе ништо не очекуваат , додека другите ќе уживаат во осаменоста. Кариера Вашите цели се високи, па затоа ви се потребни одредени квалитети и квалификации. Проверете дали имате се што ви е потребно. Здравје и совет Бидете умерени. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денеска би можеле да излезете со пријатели и со нивна помош да ги надминете љубовните грижи. Кариера Ќе делувате на два начина – оној вообичаениот и оној што вклучува големи планови за иднина. Здравје и совет Се потрудивте да живеете уредно , што е добро. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Освен мали дневни уживања во двојка , денеска ќе размислувате и за некои подлабоки филозофски прашања. Кариера Веќе ништо не ви стои на патот . Ова се вашите пет минути на работното место и искористете ги најдобро што можете. Здравје и совет Почнете да спортувате. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денот ќе ви донесе многу смисол за друштвеност , па ако имате можност , излезете меѓу луѓе. Кариера Сите работи што вклучуваат соработка , контакти и размена на идеи , денеска ќе ви одат од рака подобро од вообичаеното. Здравје и совет Ќе се чувствувате посилно . Овен 21.3-20.4. Љубов Ако сте во врска , ќе излезете меѓу луѓе и убаво ќе си поминете. Ако сте сами исто така ќе излезете меѓу луѓе. Кариера Дури сега сфаќате колку е важно да имате добра соработка со другите. Тие ви даваа помош во работењето , а сега почнувате и вие да им враќате. Здравје и совет Подобро е да верувате , отколку да сде сомневате. Бик 21.4- 20.5. Љубов Денеска најдобро ќе поминете доколку бидете што е можно подискретни и помалку да зборувате. Мерете го секој збор. Кариера Вашите шефови ќе бараат од вас одредени постапки , кои ви изгледаат неумесни. Сепак , не се расправајте , туку прифатете ги. Здравје и совет Ќе бидете малку фрустрирани , но ќе ви помине. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Следува мала преодна криза во комуникациите со саканата личност , а со тоа и мали фрустрации. Сепак , сето тоа јуначки ќе го издржите. Кариера Може да се случи мала расправија со надредените околу нормите за работа и поставените критериуми. Бидете што е можно посериозни. Здравје и совет Нервоза. Рак 22.6-22.7. Љубов Повикот за дружење ќе биде од неврзан карактер. Доколку го прифатите и излезете , убаво ќе си поминете. Кариера Размислувате за тоа како во работата да воведете стручни лица. Анализирајте ги можните кандидати. Здравје и совет Имате смисла за хумор. Лав 23.7-22.8. Љубов Мелите фрустрации ќе бидат поврзани со потребата за интимност и за друштво, односно јавност и тоа во исто време. Кариера Она што другите ќе ви предложат , анализирајте го полека и во тишина , за да бидете целосно објективни. Здравје и совет Почнете со здрава исхрана. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе најдете поткрепа во вашата смисла за сочувство со другите. Ќе бидете отворени и внимателни кон другата страна. Кариера Не сте сигурни дали отворено да го кажете своето мислење. Ви недостигаат уште некои информации за да ја имате целосната слика. Здравје и совет Причекајте. Вага 24.9.-23.10 Љубов Пред вас е убав ден за дружба , излегување и нови познанства. Особено добро ќе се забавуваат оние помладите. Кариера Не се двоумете доколку треба да воведете некои нови методи во работниот процес . Истовремено ќе ви биде важно тоа да го направите на фин начин. Здравје и совет Подобрување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИлија Димовски и Гордан Георгиев во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Илија Димовски и Гордан ГеоргиевКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter