Неделен хороскоп за периодот од 4.11 до 11.11. 2019 година

Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 4. ноември до 11.ноември 2019 година. 

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Во текот на оваа недела вашите односи ќе напредуваат во позитивна насока , а вие ќе стануваат поотворени и порасположени за љубов. Саканата личност повторно ќе ве опсипува со нежности , а вие еднакво ќе и враќате. Самците ќе имаат се повеќе додворувачи.

Кариера

Неделава ќе ги добиете потребните информации , па затоа ќе работите со одредено олеснување. Мали напори ќе бидат поврзани со комуникациите , но се полесно ќе излегувате на крај и со овие проблеми. Ќе покажете дека сте дораснати на задачите. На некои ќе им бидете пример.

Здравје и совет

Најдете си ја вистинската мерка во животот.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Фантазијата и реалноста речиси секојдневно ќе ви се мешаат во љубовниот живот. Можеби ќе ја идеализирате саканата личност , припишувајќи и особини , кои ги нема во реалноста или ќе барате нешто невозможно. Треба да се симнете на земја. Тоа е здраво.

Кариера

Ќе ги зацврстите стекнатите позиции и повремено ќе се однесувате како диктатор , иако не сте такви. Гледате дека вредело што сте се потрудиле и сега мирно може да продолжите. Посебно добро ќе им оди на оние кои во работата ја користат својата интуиција или треба да се борат.

Здравје и совет

Задржете некои работи за себе.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе ве привлекуваат многу скриени работи. Некои ќе се измачуваат со искушение од тајна љубовна врска. Страста нема да ви даде мир и во себе ќе водите силна битка меѓу разумот и чувствата. Би било подобро да тргнете по разумот. Преиспитајте се.

Кариера

Работата од сенка ќе ви биде најрпријатната опција . Она што го работите, ќе го извршувате мирно без премногу стрес. Ќе уживате да истражувате непознати работи , но и во детали. некои своите амбиции ќе ги сведат на реална мерка и тоа ќе им одговара.

Здравје и совет

Не обрнувајте внимание на кошмарните соништа.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Малку е веројатно дека ќе ги отпуштите кочниците. Опуштањето е она што во овој момент добро би ви дошло , но вие цело време сакате нешто по секоја цена , па дури и на сила Кога малку би се олабавиле , се би изгледало поинаку , а и вам би ви било полесно.

Кариера

Утврдени се нови правила за работа и сега постапувате по нив. Тоа што е напорно , е напорно и намате каде.Прифатете ги новите предизвици и носете се со нив со помош на подобра организација. Така ќе бидете поефективни.

Здравје и совет

Добро би ви дошло да повежбате во теретана .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Пред вас се убави љубовни денови , во кои ќе има многу шанси за зближување. Вашиот социјален живот и натаму ќе биде богат ,а вие среќни и задоволни. Ако сте уште сами, немојте да седите дома. Одете меѓу луѓе , ве очекуваат.

Кариера

Вашите финансии постепено се стабилизираат . Истовремено ќе се отвори нова мрежа за деловна соработка, а некои од нив навистина ќе ви се допаднат. Поврзете се со можните колеги и соработувајте со секого кој за тоа ќе покаже интерес.

Здравје и совет

Опуштете се со добра музика.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Поголем дел од времето ќе се снаоѓате како што знаете . Еден ден ќе биде одлично , а другиот никако. Најдобро е оној другиот ден да останете дома. Не влегувајте во расправии , зашто лошо ќе завршат. Она убаво време меѓу вас и саканата личност , поминете го во љубов.

Кариера

Моментално не сте во најдобра форма за работа. Не само што не ви се работи , туку и ситуацијата не дава поттици. Недостатокот на мотивација ќе биде природна последица на ваквата состојба. Главно ќе го одработувате она што ви е обврска без премногу прашања.

Здравје и совет

Престојувајте во природа за да се освежите.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Повременета оддалеченост , што ќе ја забележувате во личните односи , понекогаш ќе ве загрижува.Прифатете ја како шанса за да поработите на својата лична анализа. Ова е преодна фаза низ која полесно поминувате со хумор.

Кариера

Работата ќе ви изгледа се полесна. Сепак , тоа е само вашиот агол на гледање. Сега имате доволно причини безгрижно да работите , но напорот ќе ве стигне. Затоа организирајте се подобро. Понекогаш ќе треба да направите пауза.

Здравје и совет

Вежбајте техники за релаксирање.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Пред вас е недела исполнета со интензивни излегувања и бројни шанси за љубов. Вашиот социјален живот ќе оживее и ќе стане толку богат , што во прв момент можеби нема да се снајдете. Прифаќајте ги поканите, дотерајте се и излегувајте меѓу луѓе.

Кариера

Излезете и во пресрет на една личност , која не е сигурна како да ја заврши работата. Бидете отворени , зашто на крајот ќе стане збор за заеднички резултати , што ќе дојдат нешто подоцна. Благодарноста што ќе дојде , ќе ви биде добар мотив за понатамошната работа.

Здравје и совет

Прифатете ги луѓето околу вас.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Малите грижи во приватниот живот ќе ги компензирате со добрите аспекти во другите сфери на животот. Многумина ќе бараат излез во својата работа или во друшттво на пријатели и таму ќе останат додека не најдат нешто што ќе ги привлече емоционално. Многу ќе разговарате со сите.

Кариера

Ќе се замислите над својата иднина , а посебно над своите таленти. Ќе увидите дека тие не се до крај изразени и искористени. Ќе барате начин како да ги вклопите во работата , а некои ќе се впуштат и во дополнителна работа надвор од работното место.

Здравје и совет

Бидете свесни за себе.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Деновиве ќе мешате два приватни стила- едниот е разновиден , атрактивен и со многу луѓе , а другиот е тивок , повлечен , обичен, секојдневен. Некогаш ќе бидете главна цел на додворување , а другиот ден обична личност што ја забележуваат само пријателите. Ќе се чувствувате добро.

Кариера

Можете повеќе отколку што мислите. Угледни луѓе ќе ве поддржат , но не стигнуваат потребните заслуги. Поради сето тоа ќе ви биде потребно трпение. И натаму ќе работите без премногу прашања , зашто наскоро ќе го добиете очекуваното. Бидете професионални и сериозни.

Здравје и совет

Вежбајте ја концентрацијата.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Во текот на наредните денови ќе знаете да се опуштите. Ќе почнат да ве интересирата најразлични теми , за кои ќе сакате да комуницирате со личности од спротивниот пол. Саканата личност ќе ја забележи оваа дистанца ,а за да не ве сфати погрешно , повеќе разговарајте со неа.

Кариера

Соработката меѓу вас и колегите ќе се обнови со помош на нови информации , кои ги очекувавте. Се ќе биде поставено на нови основи , а вие ќе треба да се најдете во нова улога. Ќе ви треба некое време за да се приспособите. Не треба да брзате.

Здравје и совет

Игнорирајте ги предрасудите и бидете поотворени.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе забележите дека вашите лични односи особено се подобруваат. Секој ден вие ќе станувате поподготвени за да споделувате со другите. Саканата личност повторно ќе биде отворена кон вас. Ќе ве освежи интересен излет или патување.

Кариера

Информациите што ви беа потребни , пристигнуваат. Поради чекањето доволно се нервиравте , па немојте повторно. Едноставно прифатете ги новите насоки и направете се што можете. Бидете реални во очекувањата.Резултатите ќе дојдат.

Здравје и совет

Бидете трпеливи и немојте да ги нервирате луѓето околу вас.

Илјадници Американки измамени , злоупотребени и силувани од гуру за ,,жешка” јога (ВИДЕО)

До сега шест жени го тужат за силување , а тој е во бегство и натаму лаже илјадници дека неговата јога лекува СИДА и Паркинсонова болест.

Бикрам Чудури е самопрогласен пронаоѓач на таканаречената ,,жешка” јога, во која вежбањето се изведува во просторија загреана до 40 степени Целзиусови.

Речиси половина век, тој е синоним за јога и се залагал за ,љубов, среќа и мир, ,,лекувајќи”  болни и им давал надеж на оние кои веќе ја немале. Но, зад тоа е внимателно конструираната фасада, која сè уште не е целосно срушена. Новиот документарен филм „Бикрам: јога, гуру, предатор“ на премиерно се прикажува денес на „Нетфликс“, при што режисерката Ева Орнер го детализира профилот на сериски силувач кој сè уште има голема армија од фанови ,додека самиот тој е  во бегство.

Бикрам е 75-годишен Индиец, кој кога пристигнал во САД во 1970-тите, започна да ја подучува наводно оригиналната јога на бикарм, која се состои од 26 асани и две вежби за дишење.

Претставата изгледа вака: Бикрам облечен само во црни Speedo гаќички и златен Rolex изговара специјално дизајниран „дијалог“ што ги води неговите ученици низ  програма за вежбање.

Жешката јога била наводно  специјално измислена за да го имитира времето во Индија, и така тој се здоби со популарност на почетокот на овој век, кога се чинеше како секоја друга јога да ја имитира оваа посебна јога.

Многу познати личности станаа промотори на бикам јогата, од Џенифер Анистон, Мадона до Лејди Гага. Бикрам тврди дека го излечил поранешниот американски претседател Ричард Никсон, кој пак му дал за возврат зелен картон. За него се вели дека победил на државни натпревари за јога, нарекувајќи се себеси комбинација на Мајка Тереза ​​и Хауард Стерн.

Бикрам наскоро бил на врвот на светот. Наскоро создал франшиза, а сите што сакале да станат тренери за жешка јога, прво требало да поминат обука кај Бикрам во траење од девет недели, да поминуваат скоро 24 часа на ден со него, и да платат 12.500 до 16.600 долари за сертификатот , кој ќе го  повторуваат на секои три години. Само во САД, отворени се 650 студија од неговите ученици, со стотици други во Европа, Азија и Австралија. Цената за отворање на едно студио изнесува околу 10.000 американски долари.

Набргу Бикрам станал мултимилионер кој можел да стори се што сака. Еден од луѓето што паднал на неговиот шарм е и Џил Лолер, која во 2012 година, како 18-годишна, го молела Бикрам да и ’дозволи да тргне на курс за обука на наставници, иако била премлада . Бикрам се сожалил и таа го поминала курсот во Лас Вегас. За вереме на обуката тој ја силувал и сексуално злоставувал младата девојка , која подоцна почнала да раскажува за ужасите низ кои минувала.

Детали за вистинскиот лик на Бикрам почнале да излегуваат на површина. За време на тренинзите, тој честопати би издвоил жени - ако му се допаѓаат, кои требало да го масираат сè додека прстите на нозете додека тој гледал филмови од Боливуд. Доколку  не можел да најде привлечни, ментално ќе ги злоупотребувал и омаловажувал оние кои плаќале за неговите часови.

Бикрам одговори на обвинувањата со цитирање на Петтиот амандман, кој ги штити граѓаните од, меѓу другото, сведочење против себе. Тој само изјави во стил на култен водач: „Зошто да ги малтретирам жените? Па, луѓето би дале милион долари само за капка од мојата сперма “.

Пресуда на суд во Франција: Патките може да квакаат колку сакаат ! (ВИДЕО)

Патките на мала француска фарма можат да продолжат да се квакаат, пресуди судот во Франција и ја отфрли тужбата од сосед кој се жалел дека звукот на патките му го направил животот мизерен.

Судот во градот Дакс донесе пресуда дека бучавата произведена од шеесет патки и гуски на пензионираниот земјоделец Доминик Дуте во подножјето на Пиринеите во југозападна Франција е во прифатливи граници, јави телевизијата Франс 3.

„Патките победија“, изјави Дуте за Ројтерс.

„Многу сум среќен затоа што не сакав да ги уништам патките“, истакна тој.

Судската жалба е поднесена од соседот, кој се преселил пред една година на имот оддалечен педесетина метри од фармата.

Спорот е последен во серијата судски случаи во кои се прави обид да се поткопа традиционалниот начин на живот во рурална Франција и да се заменат со модерни вредности, за кои се обвинети локалните жители од новодојденците.

Пред два месеци, судот му дозволи на петелот Морис да кукурика в зори и покрај поплаките од соседите кои исто така се доселиле од град на село.

Поголем луксуз не може да се замисли – Мајбах го претстави најновиот СУВ (ВИДЕО)

Заменскиот бренд на Мерцедес , задолжен за луксузни изданија , има нов модел и тоа супер луксузно возило во сегментот на големи спортско урбани возила (СУВ).

Со полно име Mercedes-Maybach GLS 600 4MATIC, ова е нова мешавина на дизајнерскиот концепт на SUV со онаа на крајниот луксуз, досега регуларно резервирана за лимузини.

Трендовите очигледно се менуваат, па откако „Бентли“, „Ролс-Ројс“ и сличните излегоа со луксузни модели, а BMW објави најава, не чекаа многу ниту од Мерцедес.

Она што GLS сега треба да го понуди е луксуз со висок квалитет. Возилото најдобро е илустрирано преку споредбата со летање во удобен салон. Електрично управуваните ролетни ја диктираат количината на контакт со околината, а програмата за суспензија на Мајбах нуди супериорна удобност при возењето. Панорамското лизгање / вртливиот подвижен покрив е исто така електрично управуван, како и климатизираните седишта за масажа.

Фиксната централна конзола го претвора автомобилот во простран четворосед, а задниот дел е подеднакво погоден за работа и релаксација.

Достапен е со можност за проширување, поместување маси и ладилник за шише шампањ. Се разбира, во понудата има сребрени чаши. И тоа не е сè, создаден е соодветен мирис како дел од дополнителниот пакет Air Balance: бел османт (маслинов цвет) , миризлив и лесен, заокружен со мека кожа нота и чај, велат од Мерцедес.

Непотребно е да се каже, моделот отскокнува  и со деталите на надворешниот дизајн. Sвездата на Мерцедес ја украсува хаубата на класичен начин, додека вертикалните хромирани шипки за решетката на радијаторот Мејбах создаваат шарен ефект. Покрај тоа, има хромирани детали и тркала со дијаметар од 23 инчи.

Под хаубата е познатиот 4.0 V8 мотор, специјално подготвен за новата улога. Испорачува 558 КС и 730 Nm и е комбиниран со електричен систем за напојување со моќност од 48 волти. Да, овој џин долг 5,2 метри не вози брзо, но добро е да се знае дека може. Достигнува 100 км на час за 4,9 секунди, и вози до 250 км на час.

Mercedes-Maybach GLS 600 4MATIC ќе се појави на пазарот во втората половина на 2020 година. Цената засега не е позната.

притисни ентер