Судијата мораше да се спасува од ошамутениот борец (ВИДЕО)

Борбата меѓу Девин Пауел и Маркус Сурин на приредбата Белатор 232 стана вирален хит , поради снимката на она што се случуваше откако беше прекината.

Пауел ја забележа десеттата професионална победа на крајот од второто коло, и успеа да го стори тоа со звукот на сирената. Неколку секунди пред крајот, се чинеше дека ќе има и трета рунда, кога Сурин го крена палецот во воздухот и сигнализираше дека е добро и дека може да продолжи понатаму. Но, не можеше.

Штом Пауел го ослободи, овој отиде кај судијата. Загубениот борец се појави пред судијата Кевин Мекдоналд, мислејќи дека го напаѓа Пауел.

Се разбира, Пауел веднаш започна да вика дека победата е негова бидејќи неговиот противник е изгубен и судијата се согласи.

притисни ентер