Протестен марш на земјоделците во Скопје

Предводени од неколку трактори земјоделци од цела Македонија дојдоа на протест пред владата.

Замислениот марш од некогашно сајмиште до влада кај мостот Гоце Делчев беше за кратко блокиран од полициски кордон но потоа сепак протестот заврши пред владата. Лозари, овоштари, градинари, оризо производители и сточари од сите производни региони дојдени да го искажат својот револт од состојбите во кои е земјоделството, да побараат редовна и повисока исплата на субвенциите, помош за пласман да не завршува производството на храна по буништа и пореални откупни цени.

Кочанските производители на ориз ги повторија своите барања за реални откупни цени за да опстане производството.

За исплатата на субвенциите изминативе неколку дена велат дека е сепак само мал дел од парите кои ги имаат за земање а државата споро ги исплаќа обврските кон земјоделците.

Тие на протестот на премиерот и на министерот за земјоделство им дадоа рок од 7 дена за да седнат на маса и да разговараат за решавање на најважните прашања за средување на состојбите во земјоделството во спротивно најавуваат масовни протести, сите земјоделци во својот регион од каде доаѓаат.

Видео-Фото: Ибра како вистински борец

Еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, асот на Милан Златан Ибрахимовиќ покажа дека и со 40 години е вистински „ѕвер“.

Популарниот Ибра покажа дека со право не само што е мајстор со фудбалската топка дека е мајстор и во боречките вештини.

Шведскиот фудбалер со потекло од Балканот покажа и докажа зошто е носител и на црн појас.

Ибра како вистински ММА борец ја растури боксерската вреќа.

За Златан дефинитивно годините се само бројка.

Заради промоција на спортот, Златан има почесен црн појас во теквондо, кој во 2010 година му го додели олимпискиот шампион Мауро Сармиенто. Повеќе од десет години подоцна, Ибрахимовиќ се уште удира многу силно.

Најпродаваните автомобили во Европа

Со години првото место беше резервирано за „Volkswagen Golf“, а во октомври не е ниту меѓу првите десет во Европа, според „JATO Dynamics“.

Нарушувањата во производството на нови автомобили поради недостаток на чипови се веќе познати и поради тоа фаворитите во продажба од месец во месец изгледаат поинаку. Со години првото место беше резервирано за „Volkswagen Golf“, а во октомври не е ниту меѓу првите десет во Европа, според „JATO Dynamics“.

Првото место сега го има одличниот мал „SUV Peugeot 2008“ (18.109 продадени примероци), втор е „Renault Clio“ (14.639), потоа „Dacia Sandero“ (14.034), „Peugeot 208“ (13.978), на петтото место е „Ford Focus“. (12.704)…

Голфот испадна од првите десет - продадени се нешто повеќе од 11.000 возила. Поради недостиг на чипови, фабриката на Фолксваген во Волфсбург, Германија, работи на ниво кое не е забележано од 1958 година, пишува магазинот ХАК.

Санкционирани 78 возачи на автопат Велес – Скопје – Куманово

 На автопатот Велес – Скопје – Куманово при зајакната акциска контрола денеска се санкционирани 78 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од нив, 22 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Од МВР посочуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел заеднички придонес за побезбедни патишта.

притисни ентер