Кој е Иво Никодимов, новинарот на бугарската БНТ кој манипулираше со фактите во прилогот за Канал 5 ТВ?
ВМРО-ДПМНЕ: Од СДС пак со измислици, Филипче да каже јасно кои се неговите компании во Петрич и како профитираат
1Кој е Иво Никодимов, новинарот на бугарската БНТ кој манипулираше со фактите во прилогот за Канал 5 ТВ?
2ВМРО-ДПМНЕ: Од СДС пак со измислици, Филипче да каже јасно кои се неговите компании во Петрич и како профитираат
3Обраќање на Гаши на тема: Зајакнување на добрососедските односи и европската перспектива на регионот
ЖивотБритански медиуми: Принцот Ендрју учествувал во оргии со малолетнички Секојдневно се зголемува бројот на доказите против помладиот син на кралицата Елизабета II , Ендрју , кој според сведочењата на неколку жени учествувал во оргии со малолетнички организирани од осудениот педофил Џефри Епштајн.Принцот ги негира обвиненијата, но во неодамна отворените судски документи што се однесуваат на судењето на Вирџинија Робертс Џуфре против Џислаин Максвел, десна рака на Епштајн, таа, наводно, „средувала“ малолетнички и за него, открива новиот документарен филм на британскиот Канал 4. Џуфре тврди дека Епштајн започнала сексуално да ја злоставува кога имала 16 години. Таа вели дека му била понудена и на принцот Ендру, со кого била присилена да има секс во три наврати. Таа на суд изјавила дека имало уште осум девојчиња за време на третиот сексуален однос со него, пишува „Дејли меил“. „Бевме во оргија на приватниот остров на Епштајн“, рече Вирџинија, додавајќи дека во тоа време имала 18 години, а другите девојки биле подеднакво млади. Таа рече дека Епштајн се шегувал дека поради јазичната бариера, девојчињата биле „најлесни за манипулирање“. Принцот Ендру со години бил пријател со Епштајн. На новинарско прашање дали е свесен за своите злосторства, тој во официјалната изјава рекол дека е „шокиран“ од обвиненијата и нема поим за нив. Двајцата, наводно, се запознале во 1999 година, кога Андру бил прв пат на т.н. педофилски остров на Карибите на кој Епштајн држел малолетни лица. Ендру прв пат дошол на островот во придружба со возрасна жена и му оддаде почит на Епштајн со тоа што го покани на неговата забава во замокот Балморал, шкотски имот, сопственост на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора. Епштајн донел и женска придружба за сите други гости. Подоцна, тие главно се дружеле во Њујорк, а Ендру бил поканет на некои забави со Доналд Трамп, кој во интервју за магазинот Њујоркер во 2002 година изјави : „Јас го познавам Епштајн 15 години. Тој е одличен човек. Дури велат дека тој сака убави жени онолку колку што сакам јас, но многу од неговите се далеку помлади “.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКој е Иво Никодимов, новинарот на бугарската БНТ кој манипулираше со фактите во прилогот за Канал 5 ТВ? Станува збор за новинар кој, според проминентни медиумски работници и експерти од Бугарија, имал нарушен професионален и етички кредибилитет и човек кој изгледа како да тагува по бугарскиот фашистички режим на Борис III и бугарските територии.На ланските неколкудневни масовни ноемвриски протести против буџетот во Софија, овој новинар наместо да ја прикаже вистинската слика на масовноста на јавниот собир која изнесувала над 50.000 лица, тој ја свртил камерата на другата страна и изјавил дека протестот бил “мирен и непосетен”. Во неговото вклучување, поради неговата одалеченост од самиот протест, не можеле да се слушнат ниту критиките кон Бојко Борисов и Пеевски. Паралелно со овој негов авантуризам, тој генерира и вознемиреност кај одреден дел од нашиот источен сосед. На својот личен FB профил објави илустрација - мапа на воена Бугарија во периодот од 1940-1944 год, темниот период на Софија кога тогашниот фашистички режим беше дел од оската на Хитлер. Дополнително, овој историски “романтичар” ја коментира таа историска слика со висока доза на сопствен чемер и меланхолија па вели: “Успесите на бугарската армија и поразите на бугарските политичари”. Ваков текст на фаворизирање на фашизмот од времето на Втората Светска Војна сигурно немаше да помине барем без јавна осуда во било која друга земја членка на ЕУ. И сега, токму овој европски јавен радиодифузер БНТ и нивниот новинар не ни овозможуваат нам, на Канал 5 , законски гарантирана форма на одговор на нивниот прилог од 13 јуни, каде и во нивните ставови така и во изјавите на гостите , меѓу кои беше и Бугаринот од Велес, Драги Каров, нотиравме сериозна и загрижувачка доза на ксенофобија, клевети и манипулации. Да се биде европски јавен сервис, како што е Бугарскиот БНТ, не е доволно да се биде членка на ЕУ, треба да се практикуваат европски но и цивилизациски манири како и европски новинарски и етички стандарди.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Од СДС пак со измислици, Филипче да каже јасно кои се неговите компании во Петрич и како профитираатОд СДС да престанат со ширење на лаги и да ја манипулираат јавноста и да се фатат за работа, во земјава е потребна конструктивна опозиција, а не опозиција која секојдневно измислува приказни.Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, никогаш не аплицирал за никакво друго државјанство, а не пак за бугарско, и не остварил приход од фирмата во Бугарија. А ако веќе држат прес-конференции на темава, тогаш претседателот на СДС, Филипче, нека одговори неговите неколку компании регистрирани во Бугарија, во Петрич на улица Гоце Делчев број 12 , што точно работат и од каде е профитот. Математиката на СДС е да не работат ништо додека се во опозиција и само да ја дезинформираат јавноста, а преку додворување на странски власти да се обидат да дојдат некако на власт. Две години се опозиција, ништо немаат понудено, бегаат од работни групи, не гласаат за ништо во Собрание, што е од општествен интерес, се караат со медиуми, спинуваат изјави на странски амбасадори во земјава, и се занимаваат со се освен со тоа што им е работа.Тагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОбраќање на Гаши на тема: Зајакнување на добрососедските односи и европската перспектива на регионотНа генаралната дебата на Пленарната сесија на тема: Зајакнување на добрососедските односи и европската перспектива на регионот настапи се обрати претседателот на Собранието, Африм Гаши.Делегација на Собранието во состав: претседател на Собранието, Африм Гаши, како и пратениците Петар Ристески и Илир Демири, членови на Делегацијата во ПС на ПСЈИЕ учествуваат во работа на 13. Пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ што се одржува од 21 до 23 јуни 2026 година во Софија, Бугарија. Во рамките на Пленарната сесија се одржаа седници на Постојаниот комитет како и на Генералната комисија за економија, инфраструктута и енергетика, Генерална комисија за правда, внатрешни работи и безбедносна соработка, како и Генералната комисија за социјален развој, образование, истражување и наука на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС на ПСЈИЕ). Сите состаноци се одржуваат во рамките на бугарското претседателство со ПСЈИЕ 2025-2026. На генаралната дебата на Пленарната сесија на тема: Зајакнување на добрососедските односи и европската перспектива на регионот настапи се обрати претседателот на Собранието, Африм Гаши. Во прилог е интегралното обраќање на претседателот Гаши. Почитувани домаќини на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, Почитувана Михаела Доцова, претседателка на Народното собрание на Република Бугарија Почитувани колеги, Почитувани претставници на медиумите, Дами и господа, Почитувани пријатели, Чест ми е што денеска се обраќам на 13-тата пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, посветена на тема од клучна важност за иднината на нашиот регион: „Меѓу парламентарен дијалог, зајакнување на добрососедските односи и европската перспектива на регионот“. Во време на сериозни геополитички предизвици, кога Европа се соочува со нови безбедносни, економски и социјални предизвици, Југоисточна Европа има обврска да покаже политичка зрелост, визија и одговорност. Нашите граѓани очекуваат стабилност, развој и европска иднина, а наша задача е да ги исполниме тие очекувања преку дијалог и соработка. Меѓу парламентарниот дијалог не е само дипломатска форма. Тој е мост на доверба меѓу народите, простор каде што разликите се надминуваат преку аргументи, а не преку предрасуди, каде што се градат партнерства наместо поделби. Парламентите се местото каде што демократијата ја наоѓа својата суштина, а токму преку парламентарната дипломатија можеме да придонесеме за посилна регионална поврзаност и поголема меѓусебна доверба. Македонија останува длабоко посветена на негувањето на добрососедските односи. Цврсто веруваме дека отворената комуникација и взаемното почитување се единствените алатки способни за надминување на историските поделби. Со тоа што седиме на иста маса и ги синхронизираме нашите законодавни рамки, ние не само што ги решаваме разликите — туку активно градиме мостови. За Република Македонија, европската интеграција не е само политичка цел. Таа е стратешка определба која е поддржана од генерации на граѓани повеќе од три децении. Нашата земја помина исклучително тежок и комплексен пат. Донесовме тешки одлуки, направивме историски компромиси и покажавме подготвеност за решавање на отворените прашања со нашите соседи, секогаш водени од визијата за заедничка европска иднина. Неколку земји кандидатки во историјата на Европската Унија направија толку длабоки и чувствителни чекори во име на европската перспектива како што тоа го направи Македонија. Тоа беше пат исполнет со надеж, но и со разочарувања. Наспроти исполнетите критериуми и позитивните оценки од европските институции, процесот честопати беше изложен на билатерални условувања кои создадоа чувство на неправда меѓу нашите граѓани. Сепак, ние остануваме цврсто посветени на европските вредности. Веруваме дека тие добрососедските односи се темелот на стабилноста и дека сите отворени прашања можат да се решат единствено преку дијалог, взаемно почитување и разбирање. Веруваме дека европската интеграција на Западен Балкан е од заеднички интерес за целиот континент. Затоа очекуваме процесот на пристапување да биде предвидлив, фер и базиран на европски критериуми. Секое понатамошно одложување не само што ги ослабува кандидатите, туку и ја намалува довербата во самиот европски проект. Мораме да ја забрзаме нашата заедничка работа во рамките на Стратегијата JИЕ2030 (SEE2030). Со унапредување на нашата дигитална трансформација, заштита на нашиот човечки капитал и поттикнување на регионалната конкурентност, покажуваме дека не само што ја чекаме Европската Унија — туку активно ги градиме европските стандарди дома. Нашата генерација има историска одговорност да ја заокружи европската интеграција на Југоисточна Европа. Да покажеме дека соработката е посилна од конфликтот, дека дијалогот е помоќен од блокадите и дека европската иднина е поважна од секојдневните политички разлики. Да продолжиме да градиме регион на доверба, стабилност и просперитет, регион кој ќе биде целосно интегриран во европското семејство. Ви благодарам на вниманието. Парламентарното собрание на ПСЈИЕ, во кое членуваат парламентите на земјите на Југоисточна Европа: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Македонија, Молдавија, Романија, Словенија, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора своите цели и задачи ги базира на принципите на регионална сопственост и европска интеграција. Парламентарното собрание игра значајна улога во промовирањето на парламентарното учество и олеснувањето на меѓупарламентарниот дијалог и соработка во регионот, како и во поттикнувањето на процесот на интеграција во Европската унија.Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12