Дел од Општина Центар утре без вода

Корисниците од населбата Маџар Маало во Општина Центар, на потегот од улицата „Вардарска" до улицата „Охридска", утре од 8:00 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е изведување водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од два цола на улицата „Вардарска" бб.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација" – Скопје не завршат со активностите.

Манчевски од Валандово: Време е да се направи ветинг во судството, оние кои го спорведуваат законот, мора да го почитуваат

Време е конечно да се направи ветинг во судството, бидејќи има луѓе во судството кои навистина професионално работат, но има и такви за кои навистина треба да минат низ процес на ветинг.

Ова гопорача потпретседателот Дамјан Манчевски на вечерашната трибина На прав пат во Валандово.

Се обидувавме да го направиме и порано ветингот, но рековме да дадеме шанса законите да функционираат, системот да функционира. Но сите гледаме дека тоа не го бидува и мораме не само кај судиите туку целиот сектор да се проветри, да направиме сериозен ветинг. Време е луѓето кои го спроведуваат законот, да гипочитуваат законите и ова е нашето ветување: Веднаш по победата на 12 април, ќе го спроведеме ветингот на дело, порача потпретседателот Манчевски.

Караванот граѓански трибини „На прав пат" вечерва е со граѓаните на Валандово. Масовното присуство на валандовчани е потврда за исправноста на политиките на СДСМ и покажува дека граѓаните сакаат да продолжат по вистинскиот, по правиот пат, се наведува во партиското соопштение.

Џафери: Да стигнеме на целта заедно , како народи , како држави , како регион

Претседателот на Собранието Талат Џафери вечерва се обрати на на свечената академија по повод Денот на албанската азбука во МНТ.

,,Дозволете ми да го изразам задоволството што го имам денес, кога ја славиме 111-годишнината од Битолскиот конгрес и унифицирањето на албанската азбука, да ве поздравам во својство на претседател на Собранието и во име на моите колеги пратеници да ја искористам оваа можност да го честитам најважниот ден во историјата на политичкиот и културниот развој на Албанците, бидејќи одлуките од овој конгрес претставуваат еден од столбовите што помогнаа во издигнувањето за едно скалило повисоко на албанската култура и образование, но и понатамошното консолидирање во насока на развојот и напредокот на Албанците, со јасно избирање на ориентацијата и насоката што ќе ја следат во иднина. И овој чекор, колку и да изгледа скромен за старите светски цивилизации, сепак претставува придонес и во целокупниот развој на човештвото.

Секако дека овој интелектуален подем на Албанците се заснова врз темелите што ги поставија албанските интелектуалци и преродбениците од Здружението „Башкими“ собрани од сите страни на светот во Битола на Кирјази, чија што волја и визија и посветеност резултираше со најскапоцениот производ за животот и светлата иднина на еден народ, односно со унифицирана азбука која стана средство за писмена комуникација меѓу сите Албанци, но и стандардизиран јазик кој што е преведен и продолжува да се преведува на сите светски јазици. Со ова, продолжува животниот век на еден народ, односно неговата вредност и тежина. Затоа што, еден јазик е толку богат, толку вреден колку што се говори, пишува, збогатува и шири низ светот. Тоа е моќно оружје во интелектуалното, културното, уметничкото но над се, идентитетски знак на еден народ или како што рекол англискиот поет Семјуел Тејлор Колериџ „Јазикот е оружје на човечкиот ум, и во исто време содржи трофеи од своето минато и оружје за нејзините идни походи.“ И навистина, јазикот обединува луѓе, обединува идеи и овозможува соработка и се разбира напредок и развој. И во оваа прилика, сакам да изразам искрена благодарност кон сите сограѓани и претставници на домашните институции кои со своето присуство тука, меѓутоа и со сето свое институционално делување, покажуваат јасно дека само граѓанските општества со граѓани кои  уживаат права меѓутоа исто така имаат и исти обврски, можат да бидат моторот кој што ја води напред нашата држава и целиот регион на Западен Балкан кој што одамна е определен за градење на општества со прифатени универзални вредности за правата и слободите на човекот. 

Кога зборувам за издигнувањето и развојот, мислам на многуте вредности и всушност институциите кои сега го живеат полнолетството меѓутоа и оние кои се на зачетокот, како што е Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, на чие што раководство сакам да му честитам за нивната неуморна работа и за вредниот придонес што тие го даваат во насока на збогатување на културното и историското наследство на Албанците во овој дел на Балканот, чувајќи ги, негувајќи ги и промовирајќи ги вредностите од минатото и вредностите што ќе се создадат во иднина во насока на проширување на хоризонтот на делување. За поздравување е обемот и разновидноста на активностите што ги развива овој институт, се разбира секогаш во соработка со локалните институти, организации и академски институции од земјата и од странство, но над сè, научната и академската работа што трудољубиво се спроведува. Во иста линија е и основањето, консолидирањето и се надеваме набрзо и првите резултати од Агенцијата за примена на јазикот што се основаше пред една година. Почитувани, дозволете да го делам со вас чувството на гордост што го чувствувам во однос на востановувањето на Државната награда „22 Ноември“ за признание кон луѓето од политичкиот, културниот и социјалниот живот во Македонија, кои придонеле во унапредувањето на меѓучовечкиот соживот и взаемното разбирање помеѓу припадниците на различните заедници, култури и религии во земјата и што оваа година, оваа награда оди во рацете на почитуваниот научник, историчар и хуманист Давид Хосафлок и на просветните ветерани, Кимете и Аднан Агаи.

Минатата година, кога прославувавме 110 години на Денот на Азбуката, кога говорев за новата реалност, мислев на новиот политички контекст во кој што се наоѓавме како регион тогаш и сега, кога правам споредба со актуелниот контекст, можам да кажам дека Република Северна Македонија е речиси внатре во НАТО, таму каде што Република Албанија сега веќе одбележува полни десет години членство и набрзо ќе бидеме партнери и во оваа димензија на соработка, додека пак што се однесува на нашето заедничко патување во постигнувањето на нашите интеграциски аспирации во европското семејство, за жал наидуваме на пречка која и после целиот наш ангажман и искрена посветеност, повторно не зависи од нас и ние не можеме значително во менување на истата. Меѓутоа, секако продолжуваме со истиот ритам на правење на реформи, со подобрување на квалитетот на живот на нашите граѓани и над се, со создавање на поволни услови за нашите млади,  за овозможување на отворање на нивните крила и поттикнување на нивните творечки, научни афинитети и над се, отворање на бескрајните хоризонти на производство на опипливи човечки вредности за нивниот потенцијал, нивниот придонес за општеството, за државата и регионот биде виден, ценет и да се ужива од страна на сите. Затоа што, како што реков и тогаш, времињата се менуваат, дискурсот се менува меѓутоа, битно е една работа да биде иста и заедничка, а тоа е целта каде сакаме да стигнеме, и тоа да стигнеме заедно, како народ, како држави, како регион.

Честит 22 Ноември!

Манчевски во Валандово: Она што го вети СДСМ во програмата, парите кај граѓаните, е исполнето согласно роковите

Успеавме  за 2,5 години да ја зголемиме минималната плата, да ги покачиме платите во јавнатаадминистрација и тоа го ветуваме ќе продолжиме со двојно повеќе работа истакна потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски на граѓанската трибина во Валандово.

-Она што го ветивме – парите кај граѓаните, го правиме и го исполнивме во рокови. Првите пари од проектот мој ДДВ наскоро ке легнат на сметките кај граѓаните. Тоа се пари од државата, никогаш порано се нема случено преку ваков проект пари да завршат кај граѓаните. Минималната плата денес е 14.500 денари. Тоа значи за  5.5000 повисока од пред 2,5, години. Ние сме левичари, нашата цел е да им помогнеме на граѓаните, на работниците, на ранливите групи. Со сите овие мерки просечната плата сега е над 25.000 илјади денари а социјаната помош е зголемена за 300%, рече Манчевски.

Посветено работиме за просечна плата од 30.000 денари до крајот на 2020 година. истакна потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски на граѓанската трибина под мотото „На прав пат" во Валандово.

Манчевски додаде дека за 2.5 години отоврени се над 54 нови илјади работни места, пред се во приватниот сектор а невработеноста е намалена на најниски 17.5%, се наведува во соопштението на СДСМ.

притисни ентер