Дефинитивно пописот се одлага - ќе се чека датум од новата влада

Пописот на населението кој се предвидуваше да се спроведе во Април идната година отпаѓа заради изборите – велат од Државниот завод за статистика. 

Од таму додаваат дека се затекнати од вчерашната одлука за предвремени парламентарни избори во истиот период, но и дека до сега во ниту една држава не се одржале избори и попис истовремено. Сепак, директорот на заводот Апостол Симовски, вели дека остануваат на ставот пописот да се спроведе годинава.

Симовски го повика и пратениците час поскоро да го изгласаат предлог-законот за попис, за да започнат со процедурата за спроведување на статистичката операција. Но, од технички причини вели дека отпаѓа целиот период од Јануари до Април идната година. Според него, најсоодветни термини заради мобилноста на населението вообичаено се Март или Октомври.

Македонија е без попис на населението цели 17 години. Последната таква статистичка операција беше спроведена во 2002 година, а обидот за спроведување на попис во 2011 година неславно заврши по серијата политички проблеми во владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ - ДУИ и меѓусебните обвинувања на релација власт-опозиција.

Пропаднатиот попис во тоа време ја чинеше државата десетина милиони евра, а СЈО отвори и страга во која осомничени се Никола Груевски и Али Ахмети.

притисни ентер