Фото: Сликањето било забрането, но сепак се појавија фотки од свадбата на Рафа Надал

Рафаел Надал и Марија Франциска Перељо Чиска ја крунисаа со брак својата 14 –годишна љубовна романса.

Свечената церемонија со многу познати лица се одржала во најстарата тврдина во Шпанија, вредна 120 милиони евра.

Чиска на венчавката блеснала во венчаница на познатата шпанска дизајнерка Роса Клара.

Таа е една од водечките дизајнерка на венчаници во Шпанија.

Роса инспирацијата за венчавката на сопругата на Рафа, Марија ја нашла во Арт Деко стилот и се обидувала да ја долови нежноста на Чиска со многубројни цветни детали.

-Се чувствувам ногу среќно што токму јас ја дизајнирав венчаницата на Марија. Знам дека имав голема одговорност, но бев среќна што бев одбрана, изјавила Роса во видеото кое го споделила на Инстаграм.

Над 50 проценти од скопјаните користат сопствен автомобил како основно средство за превоз

Најголем дел од еколошкиот отпечаток кој се должи на транспортот произлегува од користењето на приватни автомобили. 

Според анкетата спроведена на граѓаните од град Скопје, 56,65 отсто користат сопствени автомобили како основно средство за превоз до секојдневните дестинации. Како резултат на возењето во такви услови на голем сообраќаен метеж, согорувањето на горивата е поголемо и на тој начин драстично се зголемува создавањето на стакленички гасови меѓу кои е CO2 .

Како што e објавено во билтенот на веб страницата на Град Скопје – zivotnasredina.skopje.gov.mk, споделување на возило за работа со колегите може да ни помогне да го избегнеме скопското секојдневие: многу возила, сообраќаен хаос и нервоза, а во повеќето возила има само по едно лице.

-Ако наместо да одите сами на работа, го споделите возилото со уште двајца-тројца колеги, со користење на соодветна заштита во овој период, бројот на возила на улиците ќе се намали за една третина. Колку полесно ќе се движиме низ градот тогаш, нели. Погледнете дали вашиот работодавец ќе ви овозможи да работите од дома еден ден во неделата – така на годишно ниво ќе ги намалите своите емисии на јаглерод диоксид за цел еден тон! За кратки патувања препорачуваме одење пешки или возење велосипед – ова ќе ви помогне да го подобрите вашето здравје и да го намалите јаглеродот. Возење 1,5 км велосипед наместо автомобил = 290 g CO2eq помалку во воздухот, наведуваат од Град Скопје.

Возењето велосипед, исто така, посочуваат, може да биде забавна и социјална активност со ниска употреба на јаглерод, за да истражите нови места доколку вежбате. Тоа е одлично за вашето здравје, го намалува загадувањето на воздухот и сообраќајот и ви заштедува пари, порачуваат од Град Скопје./МИА

Федерер по операцијата на коленото одлучи да остане на тенискиот терен

Легендата на светскиот тенис Роџер Федерер успешно се рехабилитира  по операцијата на повреденото  колено.

Најтрофејниот светски тенисер и покрај операцијата и фактот што за еден месец ќе наполни 39 години се уште не размислува за тениска пензија.

-Се чувствувам се подобро, иако се уште не можам да играм тенис. Знам дека е потребно трпение и време за рехабилитација и дека ме чека долг пат. Целта ми е да бидам вистински подготвен за следната сезона, навел Федерер.

Швајцарскиот тениски велемајстор покрај Вимблдон и уште неколку големи турнири, сака да настапи и на Олимписките игри во Токио, кој поради епидемијата од корона по прв пат се одложени за една година, и би требало да се одржат во 2021 година.

Федерер сака да направи уште еден голем резултат на залезот на кариерата, откако во 2008 година со сонародникот Стен Вавринка го освои златото на Игрите во Пекинг.

„Навистина е извонредно кога се чувствувате на теренот како да работите со јуниор која сака да напредува, а не со искусен професионалец на залез на кариерата. Сега е најзначајно Роџер целосно да се рехабилитира и во топ форма да ја дочека новата сезона, изјавил тренерот на Федерер, Северин Лути.

„Навистина е извонредно што чувствувате на терен

Филипче: На денот на изборите ќе биде сосема безбедно да се гласа - строгиот протокол за изборите и негова целосна имплементација се наша должност и одговорност

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче истакна дека во изминатите четири месеци тој и колегите во Комисијата за заразни болести се целосно посветени да обезбедат препораки, закони и протоколи со кои ќе се спречи ширењето на коронавирусот.

„Протоколите кои досега ги подготвивме за повторно отворање на бизнисите и нормализирање на животот по нови правила, се покажаа многу ефикасни. Се докажа дека со почитување на овие протоколи за лична заштита од коронавирусот, целосно е безбедно да се пазари во маркет, да се оди на работа или да се користи јавниот превоз. Тоа е едноставно нашата нова реалност и нов начин на живот“, рече министерот Филипче.

Идната седмица се одржуваат предвремените парламентарни избори. Министерството за здравство, во соработка со другите институции, изготви сигурен и ефикасен пртокол за заштита на здравјето на граѓаните при гласање.

„Сакам од мое лично име и од името на комисијата, да ве уверам дека на денот на изборите ќе биде сосема безбедно да се гласа и со тоа да го остварите вашето граѓанско право. Гласањето нема да биде помалку безбедно од било која друга нормална активност која ја вршиме секојдневно, како одењето во маркет. Строгиот протокол и негова целосна имплементација се наша должност и одговорност, и се обврзуваме на граѓаните да им обезбедиме сигурна средина во која ќе може да гласаат“, потенцираше министерот Филипче.

Со почит,

Одделение за односи со јавноста

Министерство за здравство

притисни ентер