Предвремени избори на 12-ти април

Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 12-ти април следната година, ова е епилогот од лидерската средба кај претседателот Пендаровски во вилата Водно.

Предвидено е на 3 јануари да треба да почне да работи новата техничка влада, чија задача ќе биде спроведување на изборите. Михајло Видимлски вечерва е пред вилата Водно. Се чини дека лидерите на партиите покажале исклучителна конструктивност за клучните прашања вечерва.

Подетално во видеото.

Седумчлено семејство од делчевско Тработивиште бара материјална помош

Седумчлено семејство од делчевско Тработивиште бара материјална помош за подобрување на условите за живот.

Родител на пет деца од делчевското село Тработивиште бара материјална помош за подобрување на условите за живот во нивниот дом во селото.

Ариф Асанов, кој заедно со неговата сопруга имаат скромни примања, не е во можност сам да купи материјал за оспособување на простор за основни хигиенски потреби заради што реши да ја побара поддршката од хуманите граѓани.

-Две собички имам, сакам да доуредам простор за купатило, а и покривот исто е паднат. Само јас сум вработен, жената се грижи околу децата. Тие одат на училиште, а јас со моите примања не можам да успеам да направам купатило. Една плата е, сакам, но не можам да постигнам, вели Асанов.

Доколку обезбеди материјал, вели дека сам ќе ги заврши градежните работи, а добил ветување од соседите дека и тие ќе му помогнат.

-Знам да работам со малтерација и комшиите ветија помош, знам да работам со малтерација. Мора да го направам, ќе пораснат децата, нема кај да се избањаат. Инаку моментално јас и едната ќерка заедно спиеме во една соба, другите се во другата соба. Ако има материјал и за друга соба ќе ја направам. Сите кои сакаат да помогнат нека ме контактираат на 078/714-689, додава Асанов.

Поради ниските примања по завршувањето на работата Асанов собира пластични шишиња за да го прехрани семејството. Од нив, како што вели, успева да обезбеди 1500 денари за да го надополни и онака скромниот буџет.

Остава, како што вели, хуманите граѓани да го слушнат неговиот апел и да помогнат да обезбеди подобри услови за живот во тројната куќичка во Тработивиште.

Ѕиѕикостас: Транспортот е централен столб на Европа

Преку социјалните мрежи новиот грчки комесар рече дека е „голема чест и одговорност“ што претседателката на Европската комисија ѝ ги довери на Грција ресорите за одржлив транспорт и туризам.

Транспортот е централен столб на Европа, има геостратешко значење за клучните сектори како што се трговијата, енергијата и вмрежувањето, а во исто време обезбедува слободен пристап, движење и меѓусебно поврзување на граѓаните и регионите, основно право во Европската Унија, порача новиот комесар за одржлив транспорт и туризам Апостолос Ѕиѕикостас, јави дописничката на МИА од Атина.

Преку социјалните мрежи новиот грчки комесар рече дека е „голема чест и одговорност“ што претседателката на Европската комисија ѝ ги довери на Грција ресорите за одржлив транспорт и туризам.

Ѕиѕикостас посочи дека транспортот е важен и за циркулацијата на производи и услуги што претставуваат „клуч за кохезијата и конкурентноста на Европа“, но и дека „во срцето на транспортот се и поморството и поморскиот транспорт, кои имаат клучна улога за Европа“.

- Европската унија испраќа силна порака дека има сеопфатен и интегриран пристап кон развојот, фокусирајќи се на стратешки инвестиции во важни инфраструктури, зелен транспорт и одржлив туристички развој, кои го подобруваат секојдневието и квалитетот на животот, приближувајќи ја Европа до нејзините граѓани, истакна Ѕиѕикостас.

Како што вчера објави МИА, откако претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го објави составот на новата ЕК, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку Фејсбук изрази „големо задоволство за ресорот одржлив транспорт и туризам, за кое е избран Апостолос Ѕиѕикостас“.

Новиот грчки комесар пред да замине за Брисел беше префект на периферијата Централна Македонија во северниот дел на Грција./МИА

Почина поранешниот италијански фудбалски репрезентативец Скилачи

Најдобриот играч на Светското фудбалско првенство во 1990 година, Салваторе Тото Скилачи почина на 59-годишна возраст.

Поранешниот италијански репрезентативец почина по долго боледување.

Скилачи, како дел од репрезентацијата на Италија, го освои бронзениот медал на Светското првенство во 1990 година и беше прогласен за најдобар стрелец и најдобар играч на турнирот.

Заедно со Јувентус го освои Купот на Италија, а со торинскиот тим и Интер еднаш го освои Купот на УЕФА.

притисни ентер