Се мажи за осуден убиец: Пеачката ги згрози фановите со нејзиниот избор

Американската пеачка Ники Минаж во најновото интервју за „Е!“ открила дека веќе оваа недела би можела да го каже судбоносното „да„ на своето момче, продуцентот Кенет Пети.

Минаж во повеќе наврати истакнала дека никогаш во животот не била посреќна и дека едвај чека да се омажи, иако фановите не ја одобруваат нејзината врска со Кенет заради неговото проблематично минато.

Изминативе денови се слушаат гласини дека парот веќе се венчал во тајност, но контроверзната пеачка ги демантираше таквите гласини.

-Не сум се омажила. Добивме дозвола за брак, но ја чекаме пасторката за која од првиот ден знаеме дека ќе не венча. Таа има слободен распоред дури од наредната седмица, така да тогаш би можела да бидам во брак, изјавила пеачката и така повторно ги шокирала фановите.

Пеачката и пет години постариот менаџер ја потврдија врската кон крајот на минатата година, а во фокусот на јавноста тогаш се најде мрачното минато на Кенет. Имено тој во 1995-та е осуден за обид за силување на 16 годишно девојче, заради што добил казна затвор во траење од 18 до 54 месеци. Потоа во 2002-ра ја признал ината за убиство без предумисла, заради што цели седум години поминал во затвор.

My nigga home now he da Clyde to my Bonnie 🤞🏽

A post shared by Barbie (@nickiminaj) on

Нова рунда дијалог меѓу Белград и Приштина за ЗСО и забраната за динари во Косово

 Нова рунда од дијалогот Белград - Приштина ќе се одржи денеска во Брисел. Делегацијата од Белград ја предводи директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ.

Петковиќ рече дека ќе има разговори на техничко ниво за сите прашања важни за деескалација, вклучително и Заедница на општини со мнозинско српско население (ЗСО) и укинувањето на динарот.

-Темата секако е ЗСО, како прва и основна тема, но и други важни прашања за деескалација, а во рамките на нив, пред се, прашањето за динарот и забраната Србите да земаат плати, пензии во Косово, и се тоа води до хуманитарна катастрофа, изјави Петковиќ.

Претходната рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина во Брисел се одржа на крајот на февруари. /МИА

Едно лице е тешко повредено во сообраќајка на излезот од Прилеп за Битола

Едно лице е тешко повредено во сообраќајната несреќа што се случила ноќеска, пред 2 часот по полноќ. 

Во сообраќајната несреќа се судриле камион и патничко возило на излезот од Прилеп, на регионалниот пат за Битола, кај клучката во близина на „Паркот на револуцијата“. Поради тешките повреди лицето, возач на патничкото возило, било веднаш префрлено на лекување на клиниките во Скопје.

Според основниот јавен обвинител Маријана Илиеска која направила увид на местото на несреќата, сѐ уште не се знаат причините за несреќата.

-Несреќата се случила при директен судир на камион, натоварен со земјоделски средства и патничко возило марка „Ауди“. Од силината на ударот целата предна страна на патничкото возило е уништена. Тешко повреден е возачот на „аудито“ и по констатираните повреди веднаш е префрлен на лекување на скопските клиники“, рекла таа.

Полицијата и јавниот обвинител направија увид на местото на несреќата. Во камионот биле две-три лица.

Кембриџ доби 20 милиони фунти од компании за фосилни горива

 Британскиот универзитет Кембриџ денеска објави дека, по кампањата на студентите и академиците, усвоил мораториум за нови донации за компаниите за фосилни горива.

Одлуката следи по препораките во минатогодишниот извештај на поранешниот претставник на ОН за климатски промени Најџел Топинг.

Кембриџ рече дека суспензијата е усвоена во петокот „со оглед на посветеноста на универзитетот за справување со климатските промени преку транзицијата кон свет без јаглерод“.

Според извештајот на Топинг, универзитетот добива релативно мали донации од индустриски партнери, што изнесува 5,1 отсто од вкупниот буџет за истражувачки и хуманитарни програми.

Ова изнесува околу 3,3 милиони фунти годишно во последните шест години.

Индустриите за фосилни горива учествуваат со 0,4 отсто во финансирањето на истражувачки и хуманитарни програми, а нивните донации сочинуваат 0,1 отсто од вкупниот приход на универзитетот, се наведува.

Одлуката на Кембриџ првпат беше објавена во понеделникот од Фајненшл тајмс, кој рече дека универзитетот прифатил 19,7 милиони фунти од нафтените гиганти БП и Шел меѓу 2016 и 2023 година.

Универзитетот има за цел да постигне нула нето емисии на стакленички гасови до 2038 година.

притисни ентер