Бројот на загинати во вчерашниот земјотрес на Филипини се зголеми на петмина

Бројот на загинати во вчерашниот земјотрес на Филипините се зголеми на петмина со десетици повредени, соопштија локалните власти.

Јужниот дел на Филипини синоќа го погоди земјотрес со јачина од 6,3 степени кој предизвика лизгање на земјиште и пожар во трговски центар околу 19:30 часот по локално време. Земјотресот го погоди Северен Котабато и околните провинции, соопшти филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија.

Околу пет часот утрово, друг земјотрес со јачина од 5,3 степени ја погоди провинцијата Давао Ориентал. Институтот соопшти дека не се работи за афтершок и засега нема пријавени штети.

Синоќешниот земјотрес ги натера луѓето да избегаат од трговските центри и зградите, а болничките пациенти беа евакуирани на улици.

Нетанјаху е против едностраното признавање на Палестина, парламентот го поддржа

Парламентот на Израел денеска гласаше за поддршка на декларативната одлука на премиерот Бенјамин Нетанјаху со која се противи на едностраното формирање на палестинска држава.

Парламентот на Израел денеска гласаше за поддршка на декларативната одлука на премиерот Бенјамин Нетанјаху со која се противи на едностраното формирање на палестинска држава, по зголемените меѓународни апели за заживување на напорите за постигнување решение со две држави по деценискиот конфликт.

Партијата Ликуд на Нетанјаху соопшти дека 99 од 120 пратеници гласале за поддршка на одлуката, која е усвоена од владата претходно оваа недела.

Ставот на Израел е исто така дека секој траен договор со Палестинците мора да се постигне преку директни преговори меѓу страните, а не со меѓународни диктати.

Војната во Газа, која беснее по ненадејниот напад на Хамас на 7 октомври 2023 година, е последниот во серијата конфликти меѓу Израелците и Палестинците што трае седумдесет години и континуирано го дестабилизира Блискиот Исток.

Напорите за постигнување решение со две држави се во мирување од 2014 година. Американскиот претседател Џо Бајден, исто така, се обидува да постигне поширок договор на Блискиот Исток, кој исто така би вклучувал нормализација на односите меѓу Израел и Саудиска Арабија и другите арапски држави , како и формирање на палестинска држава.

Јакимовски: На Македонија ѝ треба квалитетен претседател

Вечерва својата кандидатура за претседател ја објави и претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски…

Јакимовски во обраќањето пред членството рече дека на Македонија ѝ е потребен квалитетен претседател, со што ја најави својата кандидатура за претседателските избори.

Парис Хилтон го прослави роденденот со супер луксузна забава во приватниот авион (ФОТО)

Славната Парис Хилтон го прослави својот 43-ти роденден за време на викендот, а со своите следбеници на Инстаграм сподели видеа од нејзината луда забава.

Парис во приватен авион тргна на патување со сопругот Картер Реум и нивниот едногодишен син Феникс Барон.

Иконата од почетокот на 2000-тите првпат сподели видео од Реум како го носи нивното машко бебе додека оди кон црн автомобил, додека му кажува како „ќе се забавува за роденденот на мама“. Таа потоа објави уште едно видео на кое се гледа надворешноста на приватниот авион украсен со десетици балони.

Кога се качила во авионот, Хилтон ја насочила камерата кон неколку маси украсени со цвеќиња, шишиња шампањ, слатки и бели очила за сонце во облик на срце. Во кадарот можеа да се видат и колачиња и голема кутија Шанел, потенцијален роденденски подарок за Парис.

Во третото видео што Хилтон го сподели на Инстаграм, таа се појави пред камера облечена во крзнена капа од Луј Витон, црна јакна и пижами со леопард принт. Иако таа го држеше синот во кадрите, нивната ќерка Лондон Мерилин не беше во ниту една од кадрите, но таа се отвори за својот живот како мајка на две деца во објава на Инстаграм во саботата.

- Се чувствувам благословено. Од мајчинство до женските должности и залагање за она што е правилно... Ова беше најдобрата година досега! – напиша Парис, пренесува Јутарњи лист.

Да потсетиме, наследничката на една од најголемите империи во светот, Парис Хилтон, во 2023 година доби две деца со помош на сурогат мајка.

Прво го доби синот Феникс, а потоа и ќерката Лондон.

притисни ентер