Јужна Кореја вложува 1,8 милијарди долари за развој на автономни возила на водород

Претседателот на Јужна Кореја, Мун јае-ин изјави дека државата планира да инвестира 1,8 милијарди долари за развој на автономни возила и еколошки чисти автомобили на водороден погон.

"Во иднина, веќе нема да треба да позајмуваме идеи од другите. Конечно, имаме можност да станеме лидери во глобалната автомобилска индустрија и треба да го искористиме тоа", рече Мун Јае-ин при посетата на Центарот за истражување на Хјундаи во вторникот, јавува корејската агенција Јонхап.

Тој истакна дека јужнокорејските компании веќе ја докажаа својата конкурентност во развојот на автономни и еколошки возила. Тој како пример го наведе договорот за испорака на 1.600 корејски хидрогенски камиони во Швајцарија.

Тој додаде дека постигнувањата на јужнокорејските експерти во производство на батерии, микрочипови и ИТ ќе и помогнат на Јужна Кореја да постигне светско лидерство во автомобилската индустрија.

Погонот на гориво со водород е еколошки извор на енергија со речиси неисцрпен ресурс. Електричната енергија се создава со електрохемиска реакција, од кои единствените нуспроизводи се водената пареа и топлината. За разлика од моторите со внатрешно согорување, системите со ќелии со водородни горива немаат подвижни делови, а загубата на ефикасност за време на работата е минимална.

За прв пат НАСА најде шеќери во метеоритите

Меѓународен тим  научници во метеорити пронајде шеќери неопходни за настанување на живот.

Овој наод ја поддржува хипотезата дека хемиските реакции на астероидите, матичните тела на многу метеорити, создаваат витални состојки за живот, и дека метеоритите на Земјата и пренеле елементи потребни за да се појават животот, пренесува НАСА.

Екипа на планетарни научници откриле рибоза и други шеќери, вклучително и арабиноза и ксилоза на два метеорити. Рибозата е клучна компонента на молекулата на РНК (рибонуклеинска киселина) која ги копира генетските инструкции од молекулата на ДНК (дезоксирибонуклеинска киселина) и ги доставува до рибозомите кои ги читаат за да изградат специфични протеини потребни за да се одвиваат биолошките процеси.

„Претходно во метеоритите, најдовме други важни градежни елементи за живот, вклучително аминокиселини и нуклеобази. Но, недостасуваше шеќери, кои се неопходни елементи за создавање на процесите на живот“, изјави научникот Џошихиро Фурукава од јапонскиот универзитет Тохоку.

"Оваа најнова студија го дава првиот директен доказ за присуство на рибоза во вселената, односноно на метеоритите. Вонземскиот шеќер можел да придонесе за формирање на РНК на Земјата или појава на живот", додаде тој.

Научниците сега планираат да анализираат уште поголем број метеорити за да добијат поголем увид во количината и преносот на шеќер на овие вселенски тела.

Франција во шок- Кучиња до смрт изгризале бремена жена (ВИДЕО)

Безживотно тело на бремена жена е пронајдено во шума во близина на францускиот град Вилерс-Котеретс, која била изгризана до смрт додека ги шетала своите пет кучиња.

Според полициската истрага, бремената Елиса Пиларски (29) била убиена од кучиња за време на организиран лов на елени во шума во северна Франција. На нејзиното тело се утврдени неколку фатални каснувања на горните и долните екстремитети и на главата.

Полицијата тестирала 93 кучиња и отворила истрага за убиство. Тестовите ќе се споредат со примероците на ДНК земени од телото на Елиса Пиларски за да се утврди кои животни ја нападнале и ја изгризале до смрт.

Тестирани се и петте кучиња кои припаѓаат на убиената бремена жена, која била во шести месец на бременост.

Елиса пред да биде изгризана до смрт во саботата, му пратила порака на телефон на нејзиниот партнер  изразувајќи загриженост дека може да биде нападната од чопор кучиња. Тој, кога видел дека Елиза не се вратила,  се упатил кон шеталиштето каде го пронашол нејзиното тело. Тој, наводно, ги следел вознемирените крици на нејзините кучиња.

Младата двојка живеела во куќа близу шумата, а откако е пронајдено безживотно тело, партнерот на Елиса побарал помош од сосед, кој повикал полиција.

Чопорот кучиња ловеле елени во истата шума во саботата, пренесува Ле Куриер Пикард.

Ангела Ван Ден Берг, која го организирала ловот , потврди дека бил организиран во шумата во саботата, но, смета дека трагичниот настан немал никаква врска со нивните кучиња или ловот.

Француската актерка Брижит Бардо, истакната активистка за правата на животните, ги повика француските власти да ги укинат сите дозволи за лов оваа сезона што е можно поскоро. Француското ловечко здружение инсистира на тоа дека нема докази дека ловечките кучиња се одговорни за  смртта на бремената жена.

Последниот произведен Сааб е продаден на аукција за неверојатна цена

Помина малку повеќе од еден месец од аукцијата на која беше понуден последниот произведен Сааб.

Малку е да се каже дека тоа е дел од автомобилската историја. Сааб има направено толку многу измени во својата историја што вреди да се спомене постхумно. Дури и на овој начин, што потврдува дека тој сè уште има лојални обожаватели.

Последниот Saab, 9-3 Aero Turbo 4, беше произведен во 2014 година, а неговиот турбо-мотор со моќност од 220 коњски сили извози само 66 километри. овој автомобил го купи Клаус Спангард, а автомобилот го плати неверојатни 465 000 шведски круни или околу 45.500 евра, што е над сите очекувања.

притисни ентер