Се зголемува бројот на жртви во големите поплави во Јапонија (ВИДЕО)

Најмалку 40 лица загинаа во големите поплави во Јапонија предизвикани од тајфунот ,,Хагибис”.  

Спасувачките акции во Јапонија денеска беа спречени поради масовните поплави и лизгање на земјиштето по еден од најсилните тајфуни во последните децении, пренесуваат медиумите.

Тајфунот Хагибис во текот на викендот ги погоди централните делови на најголемиот јапонски остров Хоншу, вклучувајќи го и главниот град Токио. Најмалку 40 лица загинаа, 16 се сметаат за исчезнати, а најмалку 189 се повредени, објави јавниот сервис НХК.

„Штетата е направена во широк простор и повеќе од 30 000 луѓе мора да бидат подготвени за евакуација. Наша задача е внимателно да им помогнеме на погодените“, рече премиерот Шинзо Абе на вонредниот министерски состанок.

Спасувачките операции беа спречени бидејќи 21 река го пробила насипот, над 140 го поплавија копното, а патиштата беа затворени поради лизгање на земјиште.

Повеќе од 110.000 полицајци, пожарникари, војници и персонал на крајбрежната стража и 100 хеликоптери се вклучени во операциите за пребарување и спасување, изјави генералниот секретар на кабинетот Јошихидо Суга.

„Се очекува поголем дожд во погодените области. Нивоата на реките се високи, а почвата е нестабилна во некои области“, предупреди Суга.

Повеќе од 92.000 домови останаа без електрична енергија во понеделникот наутро, соопшти Министерството за економија, трговија и индустрија.

Вчера спасувачите случајно фрлиле 77-годишна жена од висина од 40 метри додека ја пренесувала од поплавено подрачје со хеликоптер во северозападниот дел на Иваки.Жената подоцна почионала во болница.

Бајден и Трамп прифаќаат дебата пред претседателските избори

Американскиот претседател Џозеф Бајден и неговиот противкандидат на претседателските избори во ноември, Доналд Трамп, соопштија дека прифаќаат јавна дебата пред изборите.

81-годишниот Бајден, кој се кандидираше за втор мандат, во радио интервју, прашан дали би учествувал во јавна дебата со неговиот 77-годишен претходник од републиканците рече дека „со нетрпение би го очекувал“.

Ова е прв пат Бајден јасно да стави до знаење дека е подготвен за дебата со својот републикански ривал.

Трамп, кој одби да учествува во дебати дури и со ривалите од сопствената партија, пак изјави дека е подготвен за дебата со Бајден „во секое време, каде било“.

Блинкен се очекува во Саудиска Арабија на самит за глобална економија и за Газа

Највисокиот дипломат на Вашингтон е меѓу лидерите кои се очекуваат на економскиот самит организиран од Саудиска Арабија, што треба да почне в недела, со силен фокус на тешката војна во Газа, рекоа организаторите.

„Американскиот државен секретар Антони Блинкен „ќе дојде директно од неговите посети во Кина и на пат за Израел“, рече Борге Бренде, претседател на Светскиот економски форум на прес-конференција денеска во Ријад.

Други учесници на дводневниот специјален состанок се палестинскиот претседател Махмуд Абас и министрите за надворешни работи и премиерите од целиот Блиски Исток и од Европа.

Тие вклучуваат министри за надворешни работи од Франција, Германија, Обединетото Кралство и ЕУ и премиери од Катар, Јордан, Египет и Ирак, се вели во соопштението на СЕФ.

„Вкупно 12 шефови на држави и влади се појавуваат меѓу повеќе од 1.000 учесници“, рече Бренде.

притисни ентер