Трауматските доживувања можат да се „избришат" со ЕМДР-терапија

Не постои човек кој барем еднаш во животот не доживеал помало или поголемо трауматско искуство. Траумата е одговор на претрпеното негативно доживување.

"Неизразените емоции никогаш не умираат. Тие се живи закопани во човекот и подоцна се јавуваат во многу пострашен облик" – Зигмунд Фројд (1856-1939)

Не постои човек кој барем еднаш во животот не доживеал помало или поголемо трауматско искуство. Траумата е одговор на претрпеното негативно доживување. Кога сме во некоја трауматска ситуација, имаме чувство дека ни се заканува некоја опасност и оти ни недостигаат механизми за да се заштитиме.

Со самото споменување на зборот траума, повеќето мислат дека станува збор за некој екстремен настан што го надминува човековото искуство, како на пример војни, бегалци, природни катастрофи…. Но, освен овие интензивни трауми постојат и мали трауми кои речиси сите сме ги преживеале. Тоа се сообраќајни несреќи, ситуации во кои се одвојуваме од саканите, промена на средината, емоционално, физичко и сексуално злоставување, мобинг…

Самиот збор „траума" доаѓа од грчкиот јазик и значи „рана".

Траумите остануваат врежани во нашата меморија и го нарушуваат квалитетот на животот, и оттука е многу важно да се ослободиме од нив. Кога ќе се активира траумата, се јавуваат непријатни симптоми, пред се депресија, бес и анксиозност, но и телесни реакции како напнатост, грчење и отапеност.

Траумите во современата психотерапија се лекуваат со метода на психотерапевтски разговор, а понекогаш таа се комбинира со медикаменти. Меѓутоа, во последните 20 години откриена е нова метода кој покажува извонредни резултати во лечењето трауми, а која во Скопје првпат беше претставена неделава. Методот се нарекува ЕМДР-терапија (Eye Movement Desensitization and Reprocessing) и е метод базиран на докази што применува интегративен психотераписки пристап осмислен за третирање симптоми на траума и посттрауматски стрес.

Методата беше претставена на Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје од страна на врвни италијански научници и психотерапевти, кои две децении ја применуваат во Италија при разни колективни, но и индивидуални трауми и при тоа постигнуваат исклучителни резултати.

Во што се состои ЕМДР-терапијата

Оваа метода како форма на психотерапија ја разви Френсин Шапиро во 90-те години на минатиот век и се состои во тоа што од пациентот се бара да се потсети на стресни настани, слики во меморијата. И покрај контроверзите кога се појави овој метод, најновите истражувања покажуваат дека тој дава многу ефикасни резултати при лечење на трауми и посттрауматски искуства.

На прв поглед се чини дека овој метод пристапува кон психолошките проблеми на невообичаен начин. Се смета за нетрадиционален вид на психотерапија, бидејќи не се потпира на класичните методи на разговор и медикаменти.

Наместо тоа, овој метод ги користи брзите, ритмички движења на очите на пациентот, слично на РЕМ фазата при спиење. Движењата на очите го намалуваат интензитетот на емоционалните сеќавања на трауматските настани во минатото.

Во последните години ЕМДР-терапијата има широка примена, особено за третирање на посттрауматско стресно нарушување (ПТСД). Методот е широко применуван врз лечење на посттрауматски стрес кај војниците и многу армии ширум светот редовно го користат овој метод. Само во Европа успешно се користи во 31 земја.

Терапијата со ЕМРД може да трае и до 90 минути. Се состои во тоа што терапевтот ги мрда своите прсти напред и назад пред лицето на пациентот и бара од него да ги следи движењата на прстите со неговите очи. Во исто време, психотерапевтот бара од пациентот да се потсети на стресни доживувања. Ова вклучува емоционални и телесни сензации, што одат заедно со тоа.

Постепено, психотерапевтот го води пациентот да ги смени своите мисли на попријатни доживувања. Некои лекари употребуваат алтернативни движења со прстите, како тапкање со рацете или прстите на нозете или пак употребуваат музички тонови.

ЕМДР-терапијата може да ја изведува само високо обучено лице.

Стресот и траумите во раното детство претставуваат ризик фактор за ментални нарушувања подоцна во животот

ЕМДР методот се применува за третман на трауми, како и за лекување на анксиозност, состојби на тага како смрт на близок, болест, преселба, губење на физичка моќ, губење на финансиска сигурност, развод, насилство на интернет, домашно насилство, нарушувања на исхраната (анорексија и булимија), детска тага (реакција на детето при смрт на близок, смрт на милениче…)…

Изабел Фернандез Претседател на ЕМРД Европа и на ЕМРД здружението во Италија, беше еден од психолозите кој ја претстави методата во Скопје.

Таа е клинички психолог во Милано. Осумнаесет години предава на Италијанската школа за когнитивно-бихејвиорална терапија, а работи и како консултант на психијатриското одделение на болницата Нигуарда.

Во моментов е директор на Центарот за истражување на психотрауматологија во Милано и има објавено многу написи и книги за траума, ЕМДР и други теми. Организира ЕМДР терапии при природни катастрофи и соработува со цивилната одбрана, одбраната, локалните власти, давајќи психолошка поддршка и трауматски третман за професионалните работници од итната помош, пожарникари…

Фернандез вели дека траумата е ризик фактор за ментални нарушувања, додека стресот и траумите во раното детство неминовно ќе доведат до ментални нарушувања. Детските трауми можат да доведат до многу тешки ментални нарушувања како шизофренија, биполарно нарушување…

Под негативни искуства во детството што можат да доведат до трауми ги наведува периодично физичко насилство, психолошка или сексуална злоупотреба, доколку член на семејството е алкохоличар или зависник од психотропни супстанци, доколку некој од семејството е обвинет за криминал, доколку мајката е предмет на насилство, ситуации во кои детето расте со само еден родител или пак без родители, физичка или емоционална запоставеност.

-Има повеќе ранливи групи на кои им е потребна помош, а меѓу нив за првпат во последните години е вброена и сиромаштијата како ризик за подоцнежни психопатолошки појави. Луѓе со хронични заболувања, новороденчиња и деца кои се занемарени, луѓе изложени на конфликти и природни катастрофи… Истражувањата покажуваат дека ЕМДР е многу корисна за лекување траума. Постојат околу 2.600 публикации за нејзината делотворност објавени во научни списанија, последниот напис е во „Нејчр" (Nature), вели Фернандез.

Посочи дека ЕМДР е ефикасен и метод базиран на докази за лекување на т.н. трауми со големо „Т", но и на трауми со мало „т".

-Под трауми со големо „Т" спаѓаат трауми предизвикани од голем стрес и кои можат да доведат до посттрауматско нарушување. Тука се трауми на смрт на блиско лице, настани кои претставуваат опасност по живот по самата личност, како насилство и природни катастрофи, рече таа.

Под трауми, како што ги нарекува Фернандез со мало „т", претставуваат трауматични односи како што е на пример, психичко насилство, развод, мобинг, и настани кои можат да имаат емоционално влијание на самата личност.

-Со ЕМДР можеме да ги лекуваме сите овие непријатни искуства, од големи трауми до мали трауми. Истражувањата покажуваат дека ние како лекари можеме да го забрзаме процесот каде што мозокот може самиот да се ремоделира како одговор на искуствата. Психотерапијата може да ја стимулира активноста на невроните и да ги препознае информациите врзани за трауматски искуства и нивните шаблони на поврзаност со невроните. Психотерапијата и неврологијата имаат ветувачки развој во оваа област. Тоа е поле на постојан развој а методот ЕМДР има придонес во тоа, рече Фернандез.

Сеќавањата и ЕМДР- Терапијата не само што ги намалува непријатните сеќавања туку и ја поттикнува самодовербата

Фернандез кажа дека најновите студии покажуваат колку е важно да се работи на самото сеќавање на трауматско или стресно доживување за да се забрза ослободувањето и непријатноста што овие искуства ја предизвикуваат.

-Во оваа смисла, улогата на сеќавањето и како настанот е врежан и зачуван во меморијата, е многу важно. Намерата и на Шапиро беше токму тоа, а тоа е дека на трауматско сеќавање му е потребен терапевтски третман, појаснува Фернандез.

Како што појасни, ЕМДР се состои најпрвин во будење на трауматското сеќавање во сите негови компоненти (визуелни, емоционални, когнитивни и физички, преку телесни сензации), потоа се стимулира системот за обработка на податоците што не успеале да го разградат трауматскиот удар во сите негови компоненти.

-Движењата на очите, слични како оние при РЕМ фазата на спиење, можат да го стимулираат природниот систем на заздравување на мозокот, со цел да го заврши она што не успеал да го направи самиот по трауматското искуство, објасни Фернандез.

Преку ЕМДР-терапија, истакнува Фернандез, можеме да постигнеме подиректно и поефикасно лечење на траумите, процес за којшто обично е се потребни години терапија.

-Кога работи на сеќавањето на трауматското искуство, клиентот не само што ги решава непријатните емоции поврзани со овие сеќавања, туку е и свесен за процесот што го прави, со што ја зајакнува самодовербата, чувствотото за самиот себеси, и повеќе е фокусиран на овде и сега, и има поголема доверба во неговите способности и вредност како личност, вели Фернандез.

Таа заклучи дека ЕМРД-терапијата може целосно да ги промени знаците и последиците од рано и хронично трауматско искуство, како и ефектите од траумата на екстремен стрес, овозможувајќи да се прифати минатото на функционален начин, да се живее сегашноста и подготовка за иднината.

Марко Пагани, постар истражувач на Институтот за когнитивна наука и технологии при Италијанскиот национален истражувачки центар (CNR), се осврна на невролошките и клиничките импликации при ЕМДР-терапијата.

Тој вели дека мозокот е машина која постојано се модифицира.

Во однос на ефикасноста на ЕМДР методата, посочи и примери дека има ефикасни резултати и врз третирање на пациенти кои биле болни и од рак на дојка.

Во врска со траумите и хормоните кај жената, Пагани наведе една понова хипотеза, дека доколку жената доживее трауматско искуство во првите 15 дена од циклусот, полесно може да се соочи со тоа искуство и тоа да не се вреже во сеќавањето, отколку во следните 15 дена од циклусот, кога потешко ќе се соочи со траумата.

Перспективи за ЕМДР-терапија во земјава

На конференцијата на претставување на ЕМДР-терапијата беа присутни и психотерапевти од земјава, од кои некои планираат да ја воведат во својата практика.

Ивана Хаџиванова, психолог, гешталт психотерапевт и основач на НЕОКОРТЕКС – Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација, за МИА изјави дека одамна е запознаена со овој психотераписки пристап.

-Среќна и благодарна за организирањето на оваа конференција, која за мене беше од огромна корист. Беа презентирани заклучоци од најновите научни истражувања кои ја потврдуваат ефикасноста на пристапот, а слушнавме и фантастичен приказ на невро-физиологијата при процесот на настанување на траумите, како и психотерапискиот процес и неговите позитивни ефекти на мозокот, кои се случуваат користејќи ги ЕМДР протоколите, рече Хаџиванова.

Смета дека станува збор за многу апликативен психотераписки пристап, базиран на докази, ефикасен при работата со трауми, акутните реакции на стрес и пост-трауматското стресно растројство, но и многу пошироко бидејќи, како што вели, траумата може да е дел од етиологијата на голем број ментални растројства и психолошки потешкотии.

Таа би го применувала овој метод во нејзината практика.

-Би го применувала и мислам дека одлично можам да го интегрирам заедно со сегашните психотераписки пристапи за кои сум се едуцирала и ги користам, се со цел подобрување на психолошката состојба и ментално здравје на клиентите. Важен е фактот што го слушнавме дека ЕМДР е апликативен на сите возрасни групи, вклучувајќи ги и децата, а и дека може да допринесе за третман на анксиозноста, растројствата во исхрана, процесите на тагување и други психолошки потешкотии со кои луѓето се повеќе се соочуваат, посочи психотерапевтот Хаџиванова за МИА.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер