Гугл понуди услуга за мерење на емисијата на штетни гасови во Европа

Услугата што Гугл ја воведе во САД , за да можат градовите полесно да се справат емисијата на штетни гасови , од сега ќе биде достапна и во Европа.

Алатката комбинира податоци за сообраќај и изградба преку„Гугл мапс“ со јавно познати податоци за емисии на штетни гасови.

Гугл прво ќе ја понуди услугата на Бирмингем, Манчестер, Вулверхемптон, Ковентри, Даблин и Копенхаген.

Во наредните недели, ќе вклучува повеќе градови, сите кои аплицираат на Интернет.

Алатката им помага на градовите да одлучат какви мерки да преземат за да ги намалат емисиите на штетни гасови, како што се повеќе ленти за велосипеди или соларни панели на покривите.

Во еден сличен проект, Google Street View им дозволува на автомобилите да го измерат загадувањето на воздухот додека возат во градови како Лондон и Копенхаген.

„Веруваме дека ова ќе им помогне на градските власти подобро да ја согледаат тековната состојба и да го анализираат напредокот кон исполнување на целите за заштита на животната средина“, рече извршниот директор на меѓународната организација „Градоначалници за клима“.

Како да сокриете дека сте прочитале порака на „WhatsApp“?

Оваа опција лесно може да се активира или деактивира.

„WhatsApp“ како и многу други апликации за допишување, има покрај секоја порака ознака со помош на кој можете да видите дали лицето со кое се допишувате ја прочитало пораката.

Еден сив штиклиран знак значи дека пораката е пратена, два дека е примена, а ако покрај пораката стојат два сини штиклирани знака, значи дека е прочитана.

Сепак, оваа опција не им се допаѓа на сите а лесно можете да ја исклучите. Имајте во предвид дека ако ја исклучите, и вие нема да можете да гледате дали некој ја прочитал вашата порака, како ни обратно. Ова не важи за групни четови, каде секогаш се гледа дали пораката е прочитана.

Еве како да ја активирате оваа опција:

„Whatsapp“ -> Трите точки во горниот десен агол -> „Settings“->“Accounts“ -> „Privacy“ -> И „Reid receipts“ ставете го на „off“.

По истиот пат можете и да ја вратите оваа опција.

Почна истоварот на крузерот во Јокохама, Македонците остануваат во дополнителен карантин

По 14 дена во карантин во пристаништето во Јокохама, почна истоварот на патници од крузерот „Дајмонд Принцес“ на кој во изминатите денови беа утврдени над 500 случаи на корона-вирус.

Болеста во поблага форма беше регистрирана и кај еден од тројцата македонски државјани на бродот кој беше сместен во болница во Јокохама. Останатите двајца македонски државјани, кои се дел од екипажот на бродот, согласно протоколот, ќе останат во дополнителен две-неделен карантин заедно со останатите членови на бродскиот персонал.

 Анализите покажаа дека секој седми патник на бродот бил инфициран од вирусот.

Драмата на крузерот со околу 3.700 лица и членови на екипажот од 56 земји, почна на 4-ти февруари кога превентивно беше закотвен на пристаништето, а бродот беше ставен во карантин поради појава на корона вирусот.

Бројот на грипосани во Гевгелија во рамки на сезонскиот просек

Во Регионалниот центар за јавно здравје во Гевгелија до сега се пријавиле околу 110 заболени лица со симптоми на грип, што се смета за бројка во рамки на сезонскиот просек, рече денеска епидемиологот Сашо Олумчев.

Бројот на регистрирани во Општина Гевгелија не е алармантен и покрај тоа што во текот на оваа недела вирусот би можел да има висока активност и поголема распространетост, велат од Центарот од каде потврдија дека неделава поголем на број на пријавени се регистрирани кај помладата популација од пет до 19 годишна возраст.

Вирозите во гевгелиските училишта секојдневно ги празнат училиниците и голем е бројот на деца кои отсуствуваат од настава, но барем до сега овен што часовите се скратени за 15 минути, нема најава дека би можело да дојде до прекин на наставата.

Слична е ситуацијата и во детските градинки каде некои родители велат дека отуството на нивните деца има превентивно значење. /МИА

притисни ентер