Есенско чистење на Општина Гази Баба

Со 30 работници на терен, две автоцистерни, три специјални комунални возила – патарки и две електрични метларки, ЈП „Комунална хигиена" – Скопје денеска ја чисти Општината Гази Баба.

Во рамките на акцијата се спроведува рачно и машинско миење и метење на булеварите и улиците, како и отстранување на дивите депонии.

Градоначалникот на Општината Гази Баба, Борис Георгиевски и помошник -директорот на ЈП „Комунална хигиена" – Скопје, Етула Амети учествуваа на екопредавањето во ООУ „Стив Наумов", каде учениците беа информирани за штетноста на дивите депонии што се создаваат како резултат на несовесното постапување со отпадот и директно ја загадуваат нашата животна околина.

Во рамки на есенската акција во општината Гази Баба, ЈП „Комунална хигиена" – Скопје организираше и чистење на дворовите на градинките, основните и средните училишта во оваа скопска општина.

Џуканович: Одлуката на Европскиот совет е големо разочарување за сите нас во регионот

„Тоа може да има многу негативни последици и за западен Балкан и за ЕУ“

Неможноста за постигнување договор на Европскиот совет за отворање преговори со Македонија и Албанија е големо разочарување за сите нас во регионот, соопшти претседателот на Црна Гора Мило Џуканович.

-Тоа може да има многу негативни последици и за западен Балкан и за Европаска унија, порача претседателот на Црна Гора на Твитер.

Рама: Тоа е судир меѓу големите, ние ги завршивме нашите задачи

По недобивањето на датумот за прегвори, албанскиот премиер Еди Рама изјави дека тоа е судир меѓу големите и дека Тирана ги исполнила своите задачи.

 На опозициското барање тој изјави дека не размислува за оставка.

„Имаме многу нешта да направме и немаме време за губење заради задоволство на оние кои немаат работа и не знаат да најдат работа за себе“.

Џонсон: Нема подобро решение од договорот за Брегзит

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека нема подобро решение од постигнатиот договор за Брегзит.

Џонсон имаше низа состаноци по кои останува неизвесно дали британскиот парламент ќе го прифати новиот договор за излегување на Британија од ЕУ.

„Ги повикувам сите да замислат дека утревечер ќе решиме се, со почитување на желбата на народот. Така ќе имаме шанса да продолжиме напред“ , рекол Џонсон за „Би-Би-Си“.

Британскиот парламент утре ќе одржи вонредна седница на која ќе се гласа за новиот договор за Брегзит.

притисни ентер