Ципрас на Туск му ја истакнал важноста за отпочнување пристапни преговори за Македонија и Албанија

,,Ја истакнав важноста што ја има почетокот на пристапни преговори за Северна Македонија, но и за Албанија, доколку ги почитува обврските во врска со грчкото национално малцинство."

,,Ја истакнав важноста што ја има почетокот на пристапни преговори за Северна Македонија, но и за Албанија, доколку ги почитува обврските во врска со грчкото национално малцинство, напиша лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас на неговиот официјален профил на Фејсбук, по средбата со Доналд Туск.

-Ручек со претседателот на Европскиот совет. Разговаравме за претстојниот европски совет, за Брегзит и за бегалската криза. Му ја истакнав важноста што ја има почетокот на пристапни преговори за Северна Македонија, но и за Албанија, доколку ги почитува обврските во врска со грчкото национално малцинство. Ја потенцирав потребата да се искористат санкциите, за кои одлучивме на минатиот совет против Турција за нелегалните активности во кипарската ексклузивна економска зона. На крај, му се заблагодарив за нашата конструктивна соработка во изминатите четири и пол години, напиша Ципрас на Фејсбук и објави фотографии од средбата со Туск.

Како што претходно објави МИА, претседателот на Европскиот совет се сретна и со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а на средбата станало збор за темите што ќе се најдат на агендата на ЕУ Самитот, следната седмица, во Брисел.

Доналд Туск денеска и утре е во Атина за конференцијата „Athens Democracy Forum", а вечерва имаше обраќање за време на отворањето. /MИА

Меѓаши: Децата тешко се охрабруваат да пријават прекршување на правата

Насилството е сеуште еден од главните проблеми поради кој звони телефонот на СОС за деца и младинци. 

Без разлика дали станува збор за семејно, меѓуврсничко или насилство во образовните установи, а најголем број од оние кои се јавуваат се Македонци, а по нив следат Ромите и Албанците.

Според СОС линијата, кога станува збор за семејното насилство, најголем дел од пријавите се засноваат на физички напади , а голем е бројот и на оние кои пријавуваат психичко малтретирање на децата.

Во текот на една година на СОС телефонот за деца и млади се регистрирани 113 случаи, при што се опфатени 228 деца, но сепак загрижувачки е податокот дека децата не се охрабруваат сами да го пријават кршењето на нивните права. Од детската амбасада Меѓаши велат дека е потребно да се направи повеќе за охрабрување на децата, да се информираат или да пријават прекршување на своите права.

Во податоците за дојави се истакнува барањето на материјална помош, а горлив проблем останува и прекршувањето на правата на детото при бракоразводните постапки, каде што во 85 проценти од случаите детето има проблем да си го види едниот од родителите.

Мицкоски: Заев стана стечаен управник на Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на својот официјален фејсбук профил напиша дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев станал „стечаен управник на Македонија со глaвни извршители Катица Јанева и Вилма Рускоска".

– Проблемот е што Заев стана стечаен управник на Македонија со глaвни извршители Катица Јанева и Вилма Рускоска. И наместо да се занимава со ВМРО ДПМНЕ, државниот и антимакедонски стечаен управник Зоран Заев да каже што барал на тајна средба со Катица, и неговиот брат на средба со осуден за Рекет? Од овие информации дознавме дека главното занимање на Заеви, покрај плантажите со марихуана бил Рекетот. И таквото полнење на приватните џебови, значи празнење на џебовите на граѓаните. Но, добрата вест што овој стечај на Заев трае уште два месеци, до 12-ти април, пишува Мискоски на фејсбук. /МИА

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николовски гостин во вестите на Канал 5

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски гостин во вестите во Канал 5 телевизија.

За темите поврзани со предвидената кампања на партијата, можното коалицирање и случајот „Рекет“, со Николовски разговараше колешката Андријана Лазова.

Целиот разговор погледнете го во видеото.  

притисни ентер