Патувал од Норвешка на Флорида за да го изненади тастот , а тој го убил (ВИДЕО)

Норвежанецот Кристофер Берган сакал да го изненади својот таст , кој живее на Флорида и да му го честита 61. роденден.

Норвежанецот тргнал на пат од Норвешка за Флорида и пристигнал во домот на Ричард Денис минатата недела во вторникот вечерта. Затропал на вратата на својот таст, но тој не знаел кој е надвор и со зборови го бркал ненајавениот посетител, пренесува Си-Ен-Ен.

Неколку часа подоцна, во 11:30 часот, Ричард Денис повторно слушнал тропање на вратата, но овој пат на  задната врата.

Домаќинот го запалил светлото и излегол, а потоа неговиот 37-годишен зет од Норвешка скокнал од сенка. Денис се исплашил затоа што не разбрал за што станува збор и испукал од пиштол , а куршумот го погодил Берган во срцето.

Несреќниот Норвежанец починал на самото место, објави шерифот на округот Санта Роса , Боб Џонсон.

Шерифот во истрагата заклучи дека станува збор за несреќен случај и никој не е обвинет.

Ослабнала 50 килограми и станала Мис на Велика Британија (ФОТО)

Џен Аткинс е новата Мис на Велика Британија. Русокосата 26-годишна жена стана најубавата жена во земјата, откако изгуби неверојатни 50 килограми.

"Не можам да поверувам. Ако некој ми го кажеше ова пред три години, би помислил дека е луд", вели Аткинс, која рече дека живеела од испорака на  храна пред неколку години. Откако донела цврста одлука да го смени својот животен стил и да ја замени нездравата храна со здрава, килограмите почнаа да се топат.

Џен исто така била редовна во теретана и дека од масно ткиво може да станат мускули, и станало јасно пред две години кога ја освои наградата на локалниот избор за убавина. Таа реши да тренира уште повеќе и за две години го оствари сонот на многу девојки.

„Ништо не е невозможно со волја и напор“, им рече Џен на сите.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Less than 6 weeks until the @missgb_official finals - the 75th Anniversary final 👑 what an incredible honour to be part of such a huge event! What’s my story? Well, after years of being obese, unhealthy and uncomfortable I found motivation and managed to lose 8 stone. It transformed me into an ambitious and hard working person in all areas of my life; achieving something so incredible changed my mindset and made me realise if I worked hard enough for something, I could achieve it. Believe in yourself, put the hard work in, stay positive and make your own dreams a reality ✨ #motivation #weightloss #transformation #missgbfinalist #begreat #hardwork #misslincolnshire #beautyqueen #misconception #happiness #health #healthybodyhealthymind

A post shared by Jen Atkin (@jenatkinuk) on

Бијонсе шокира со барањето на комеморацијата за Коби Брајант (ВИДЕО)

Во понеделникот вечерта во Стејплс центарот во Лос Анџелес се одржа комеморација за трагично загинатиот кошаркар Коби Брајант и неговата ќерка Џана, кои загинаа во хеликоптерска несреќа кон крајот на јануари во Калифорнија.

На комеморацијата присуствуваа илјадници луѓе, меѓу кои и многу познати имиња.

Бијонсе на комеморацијата ја изведе омилената песна на Коби ХО и песната Хало, а странските медиуми објавија дека пејачката им забранила на фотографите да ја сликаат за време на комеморацијата.

Уредниците на фото агенциите како „Гети Имиџс“ и „Асошиејтед прес“ за „Пост“ изјавија дека им било забрането да ги снимаат децата на Коби, како и славната пејачка.

"Бијонсе секогаш мора да има контрола над сè. Мислам дека е навредливо и за семејството на Брајант. Таа секогаш избира кои фотографии да ги објави во медиумите. Ниту семејството на Мајкл Џексон , ниту Кристина Агилера, никој го немаше тоа барање. Таа секогаш смета дека сè се врти околу неа ", изјави извор за американските медиуми.

Персоналот во „Стејплс Центар“ мораше да се увери дека нема фотографи на сцената. Ова не е првпат тимот на Бијонсе да утврди кои медиуми што може да објават. По нејзиното појавување во Супербол во 2013 година, BuzzFeed беше принуден да отстрани напис што зборуваше за 33 најжешки моменти во изведбата на Бијонсе.

Во САД уапсено шестгодишно девојче : Не ми ставајте лисици! (ВИДЕО)

Полицијата во Орландо уапси шестгодишно девојче минатиот септември. Сега, таа и нејзиното семејство раскажаа детали во интервју за весникот „Орландо Сентинел“.

Каја Роле, прваче во основно училиште, удрила тројца вработени во училиштето поради што и ставиле лисици на рацете.

„Не, не ми ставај лисици!“, се слуша на снимката каде девојчето плаче. Полицајците ја однеле во службено возило.

„Не сакам да одам во полициски автомобил“, им вика Каја на службениците.

Полицаецот на тоа и одговара: „Не сакаш? Мораш“.

На видеото не се гледа како вработените во училиштата се обидуваат да го запрат апсењето на шестгодишното девојче. Полицијата ја привела и полицаецот додаде дека ако беше поголема, ќе носеше вистински лисици. Следниот ден, тужбата на семејството на девојчето била отфрлена.

Нејзината баба Мералин Киркланд изјави дека се надева дека луѓето, откако ќе го видат записот, ќе го поддржат предлог-закон за изменување на законот според кој лицето кое се приведува мора да има најмалку 12 години.

„Знаев дека она што го сторија е погрешно, но не знаев дека таа моли за помош. Ја гледав колку е скршена“, додаде бабата на Каја.

притисни ентер