На почетокот на 2020 ќе се знае колку административци ќе преминат во приватниот сектор

Најрано на почетокот на 2020 година ќе биде познато дали и колку административци ќе преминат во приватниот сектор.

 Одговорот ќе го дадат т.н. функционални анализи чиј почеток го најави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. Се очекува, со нова систематизација капацитетите во администрацијата конечно да бидат поефикасни во служба на граѓаните.

Целта на процесот на спроведување на функционална анализа, вели Манчевски, е да ги идентификува предизвиците од организациски и функционален аспект, кои можат потенцијално да го отежнат или попречат остварувањето на надлежностите и задачите на институцијата.

За примена на методологијата обучени се  претставници на 15 институции кои ќе можат да бидат поддршка на останатите при спроведувањето на функционалната анализа. На овој процес, претходела и анализа спроведена на инспекциските служби која покажала дека потребно е да има вкупно 12 инспекциски служби  наместо досегашните 28.

Џуканович: Одлуката на Европскиот совет е големо разочарување за сите нас во регионот

„Тоа може да има многу негативни последици и за западен Балкан и за ЕУ“

Неможноста за постигнување договор на Европскиот совет за отворање преговори со Македонија и Албанија е големо разочарување за сите нас во регионот, соопшти претседателот на Црна Гора Мило Џуканович.

-Тоа може да има многу негативни последици и за западен Балкан и за Европаска унија, порача претседателот на Црна Гора на Твитер.

Рама: Тоа е судир меѓу големите, ние ги завршивме нашите задачи

По недобивањето на датумот за прегвори, албанскиот премиер Еди Рама изјави дека тоа е судир меѓу големите и дека Тирана ги исполнила своите задачи.

 На опозициското барање тој изјави дека не размислува за оставка.

„Имаме многу нешта да направме и немаме време за губење заради задоволство на оние кои немаат работа и не знаат да најдат работа за себе“.

Џонсон: Нема подобро решение од договорот за Брегзит

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека нема подобро решение од постигнатиот договор за Брегзит.

Џонсон имаше низа состаноци по кои останува неизвесно дали британскиот парламент ќе го прифати новиот договор за излегување на Британија од ЕУ.

„Ги повикувам сите да замислат дека утревечер ќе решиме се, со почитување на желбата на народот. Така ќе имаме шанса да продолжиме напред“ , рекол Џонсон за „Би-Би-Си“.

Британскиот парламент утре ќе одржи вонредна седница на која ќе се гласа за новиот договор за Брегзит.

притисни ентер