Мајк Помпео во Охрид на средби со државниот врв

 Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска пристигнува во Охрид каде што ќе има средби со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев.

Помпео пристигнува на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле" по што е предвидено да оствари одделни средби со претседателот Пендаровски и со премиерот Заев.

На средбите во Охрид, како што информираа за МИА од Стејт департментот, Помпео уште еднаш ќе истакне дека Договорот од Преспа е исклучителен и храбар чекор на лидерите на Северна Македонија и на Грција за стабилизација и просперитет на регионот и за влез на земјата во НАТО и во ЕУ. Велат дека САД се фокусирани на Западен Балкан како стратегиски важен дел од идејата за обединета Европа и затоа државниот секретар Помпео ја комбинира повеќедневната официјална посета на регионот „за реафирмација на сојузништвото со 29-та (Црна Гора) и 30-та ( Македонија) членка на НАТО".

– Македонија е кандидат за членка на воената алијанса и учествува во мисиите на НАТО многу одамна, изјави официјален претставник на Стејт департментот, додавајќи дека деновиве се навршуваат 25 години од воспоставените дипломатски односи меѓу Вашингтон и Скопје откако земјата прогласи независност од поранешна Југославија.

Од Стејт департментот за МИА изјавија дека разговорите ќе се фокусираат и на безбедноста и можностите за економски развој на земјата. Една од темите ќе биде и дестабилизирачката улога на Русија во регионот.

Според протоколот, предвидено е секретарот Помпео да ја посети и црквата „Света Богородица Перивлепта", што беше реновирана и конзервирана со средства обезбедени преку УСАИД, односно од американските даночни обврзници.

Помпео, кој е 70-ти американски државен секретар, посетата на регионот ја започна од Ватикан, од каде што замина за Црна Гора, а по посетата на нашата земја заминува за Грција.

Претседателот Стево Пендаровски посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео ја оцени како враќање на голема врата на САД во регионот.

– Се надевам дека тоа значи враќање на голема врата на САД во регионот затоа што е неспорно дека сите клучни предизвици од нашата независност до денес за нашата земја беа решени со голема поддршка од САД. И убеден сум дека преостанатите прашања во регионот кои се многу битни и можат да значат и регионална дестабилизација ако не бидат решение на задоволство на сите нас во регионот не можат да бидат решени ако САД директно не се вклучени во сите тие процеси, рече Пендаровски.

Безбедноста во Охрид е крената на највисоко ниво и низ градот е забележливо присуство на униформирани и неуниформирани полициски и службеници од државните безбедносни агенции.

Во согласност со препораките од Министерството за надворешни работи, отстранети се сите контејнери на трасата каде што ќе минува високата американска државна делегација и се одржува висок степен на хигиена во градот со дежурни екипи што постојано се на терен.

Мајк Помпео е втор државен секретар на САД што ја посетува нашата земја, по Колин Пауел во 2001 година, кога оствари средба со тогашниот претседател Борис Трајковски. Лани во земјава беше тогашниот секретар за одбрана Џејмс Матис.

Највисок американски претставник кој ја посетил земјава е претседателот Бил Клинтон во 1999 година, кога домаќин му беше претседателот Киро Глигоров.

Мали тврди дека државата од 2020 година привлекла 15,9 милијарди евра странски инвестиции

Српскиот министер за финансии Мали тврди дека државата од 2020 година привлекла 15,9 милијарди евра странски инвестиции

Од 2020 година Србија кумулативно привлече 15,9 милијарди евра директни странски инвестиции, изјави денеска српскиот министер за финансии Синиша Мали на средба со инвеститори од САД, јави Бета.

„Не правиме разлика меѓу домашни и странски инвеститори. Се надевам дека во Србија ќе најдете проекти и можности кои ќе ве интересираат да инвестирате“, им порача Мали на инвеститорите кои по посетата на српската делегација на Вашингтон по повод Пролетната сесија на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка пристигнаа во Белград со цел да се запознаат со сите параметри на српската економија.

Мали изјави дека во Србија не се прави разлика меѓу домашни и странски инвеститори, соопшти Министерството.

„Се надевам дека во Србија ќе најдете проекти и можности кои ќе ве интересираат да инвестирате“, рече министерот.

Тој наведе дека ланскиот раст на БДП во Србија бил 2,5 отсто и дека само во последниот квартал бил 3,8 отсто, а во февруари годинава бил 5,9 отсто и дека се базирал на извозот и инвестициите, како и на таа официјална статистичка. Податоците на Србија покажуваат дека секоја економска гранка бележи раст.

Тој посочи и дека Србија има стабилен јавен долг, на ниво од 47,6 отсто од БДП. /МИА

Невладините со барања до партиите за подобрување на еколошката слика во земјава

Ако за време на претходните парламентарни избори, во фокусот на кампањата на политичките партии беше подобрувањето на квалитетот на воздухот, овој пат ниту еден политичар не стави акцент на екологијата.

Ако за време на претходните парламентарни избори, во фокусот на кампањата на политичките партии беше подобрувањето на квалитетот на воздухот, овој пат ниту еден политичар не стави акцент на екологијата, обвинуваат дел од граѓанските иницијативи и еколошки здруженија.

Тие бараат одговор од партиите што ќе преземат за намалување на загадувањето на воздухот, кога ќе го завршат префрлувањето на 700 јавни објекти од мазут и нафта на незагадувачки енергенси за загревање, дали имаат стратегија како да ја прекинат финансиската зависност на општините само од комуналии и издавање нови градежни дозволи.

Дали оваа иницијатива доаѓа со задоцнување, со оглед на тоа што програмата за парламентарните избори партиите веќе почнаа да ја презентираат, ја прашавме Ели Пешева од О2 Иницијатива.

Подносителите на иницијативата бараат конкретни одговори со рокови, буџет и одговорни институции кои ќе го сработат ветеното.

Премиера на претставата „Мац, мац“ вечерва во велешкиот театар

На сцената на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ вечерва премиерно ќе биде изведена претставата „Мац, мац“ инспирирана од „Мачка на вжештен лимен покрив“ на Тенеси Вилијамс во режија и кореографија на Филип Петковски.

Во претставата играат актерите Ведран Чешарек-Брик, Ана Јовановска, Илин Јовановски, Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Филип Христовски и Сандра Танчева.

Музиката е на Мориц Вернер од Германија, сценографија на Дардан Жегрова од Косово и Филип Петковски, а костимографијата е на Антонија Гугинска Јорданоска и Гордана Божиновска.

Проектот е финансиран од Интернационалниот фонд за копродукција (Internationaler Koproduktionsfonds) на Гете институтот и Министерството за култура. /МИА

притисни ентер