Во пораст бројот на лица со Алцхајмерова болест, дијагностицирани дваесет илјади

 Се претпоставува дека околу 20 илјади лица во државава имаат Алцхајмерова деменција. 

Дополнително, околу 400 илјади луѓе на возраст од 65 години или повеќе може да се сметаат за потенцијални пациенти со ваква дијагноза. Лекувањето на овие пациенти се одвива според веќе утврдени стандарди и соодветни протоколи, кои обезбедуваат соодветна грижа и нега. На Клиниката за неврологија постои софтверски систем каде меѓу другите невролошки заболувања, се евидентираат и се следат пациентите со деменции, вклучувајќи ги и тие со Алцхајмеровата болест.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче во обраќањето на вториот по ред „Деменција мастер клас", настан од серијата едукативни состаноци што се одржуваат во земјите на Западен Балкан, со цел вмрежување и размена на искуства меѓу експерти од регионот и локални професионалци, вклучени во третманот и грижата на лицата со деменција.

Посочи дека подигнувањето на свесноста за деменцијата во јавноста е клучно за рана дијагноза, а воедно за справување со предрасудите и стигмата кон оваа категорија лица. Токму затоа, нагласи, од суштинско значење е заеднички да работиме на подигнување на јавната и професионалната свест за постоењето на болеста, а паралелно со тоа и на усовршување на дијагностиката, третманот, како и социјалната грижа и реинтеграција на болните и нивните семејства.

– Деменцијата не претставува само проблем на индивидуата, туку на цела социјална група, на пример на брачната двојка или на семејството, така што справувањето со деменцијата е предизвик на сите засегнати страни. Заштитата и унапредувањето на здравјето на граѓаните во нашата држава е приоритет на Владата и Министерството за здравство. Посебен фокус е ставен кон подобрување на условите за лекување за сите пациенти, а посебно на третманот на постарите лица, имајќи предвид дека е во подем бројот на лица со Алцхајмеровата болест, како најчест и најголем социо-медицински проблем и предизвик, додаде Филипче.

Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска, која присуствуваше на отворањето на Мастер класот за Алцхајмерова болест, Алцхајмерова деменција рече дека болеста треба рано да се дијагностицира и соодветно да се третира, бидејќи во државава има 20 илјади дијагностицирани. Посочи дека се смета дека само 20 проценти од луѓето заболени со оваа болест се дијагностицирани.

– Во иднина треба да се работи и на востановување Национален референтен центар и на линии за поддршка, да се направи соработка со невладините организации, но клучен чекор во тоа е востановување Национална стратегија за борба со Алцхајмеровата деменција, додаде Ѓоргиевска.

Доктор Габриела Новотни од Клиниката за неврологија истакна дека околу пациентот со деменција треба да има тим професионалци составен не само од невролози и психијатри, туку и од психолози и социјални работници, работни и физикални терапевти, сестри, да се организираат патронажни служби кои ќе ги посетуваат во домот, да се отворат дневни центри…

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

Грција воведува шестдневна работна недела

Во јули во Грција ќе се воведе шестдневна работна недела.

Во јули во Грција ќе се воведе шестдневна работна недела, а обврската ќе важи за државните служби, комуналните претпријатија, банките, фирмите, организациите и земјоделските стопанства кои досега практикуваа петдневна работна недела, пишува inNewspaper.

Според законот, работниот ден дополнително работно време не може да трае подолго од осум часа, а не е дозволена прекувремена работа. Оваа одредба, која стапува во сила од 1 јули, не мора да ја следат работодавачите на фирми кои по својата природа не се континуирани, односно до сега не работеле пет дена во неделата. Има и други исклучоци.

Во однос на ограничувањата, вработен во шестиот работен ден не смее да работи повеќе од 8 часа и не е дозволена прекувремена работа. Во случај фирмите да имаат петдневни ноќни смени (00:00-06:00 часот), тогаш шестиот ден може да не работат во ноќна смена.

Американците се згрозени од снимката на наставник како претепува ученик,додека другите гледаат

Наставник (27) претепал ученик кој наводно го навредувал на расистичка основа, а инцидентот се случил пред очите на другите ученици во училиштето Валеи во Лас Вегас.

Во вознемирувачкото видео е снимено како наставникот му удира шлаканици на ученикот, па го фрла на земја и го клоца пред насобраните средношколци.

Според првичните информации, ученикот го нарекол наставникот „црнец“, што резултирало тој да се налути и да се соочи со младиот човек.

Откако видеата беа објавени во јавноста, полицијата ги уапси наставникот и ученикот, а локалните власти известија дека на 27-годишниот маж отсега ќе му биде забрането да предава во областа.

По нападот ученикот бил примен во болница каде се уште е таму поради повредите со кои се здобил во нападот.

Наставникот, меѓу другото, е обвинет и за нанесување тешка повреда и бил пуштен со кауција од 9.000 долари, а судењето е закажано за подоцна.

притисни ентер