СДСМ:Од денеска укинати квотите за лекови на рецепт, се грижиме за сите граѓани

Владата предводена од СДСМ го исполни ветувањето за укинување на квотите за лековите на рецепт.

Граѓаните сега можат да го подигнат потребниот лек од која било аптека, кој било ден од месецот, без страв од недостиг на лекови.

Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт го решаваме деценискиот проблем со недостиг на лекови, турканиците кај матичните лекари и во аптеките на почетокот на секој месец. Со оваа мерка, истовремено се зголемува контролата при издавањето на лековите од позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување и се елиминира фаворизирање на аптеките и спречување на конкуренција.

Со конкретни мерки и политики во здравството докажуваме што значи вистинска грижа за пациентите, за здравствените работници, за подобрување на условите во јавните здравствени установи.

Во рамките на мерките за подобрување на здраствениот систем, квотите за лекови стана минато, воведени се три нови инсулини и дополнителни 10 инсулински пумпи за дијабетичарите, значително се зголемени средствата за нови лекови за лицата со ретки болести.

Го вративме достоинството на здравствените работници со покачување на платите, а од ноември ќе се зголеми капитацијата на матичните лекари. Се спроведуваат активности, со кои на младите здравствени работници им се овозможуваат подобри услови за работа дома.

Продолжуваме со мерките и политиките што ја враќаат довербата во јавното здравство и ја зголемуваат грижата за граѓаните.

СДСМ

Центар за комуникации со јавноста

Роботот „Оптимус“ на Тесла излезе надвор и покажа што може (ВИДЕО)

Tesla објави ново видео од својот хуманоиден робот Optimus кој автономно оди на отворено, што претставува значаен чекор во развојот на овој проект.

Видеото покажува како роботот се движи по нерамен терен, потпирајќи се единствено на сензорите вградени во неговиот систем. Овој напредок предизвика ентузијазам кај фановите, но потсети и на поврзаните технологии кои веќе ги видовме од други компании, како што е Boston Dynamics.

Илон Маск, извршен директор на Tesla, долго време го истакна огромниот потенцијал на роботот Optimus, нарекувајќи го „можност од повеќе трилиони долари“ за компанијата. Маск очекува дека Tesla во иднина ќе произведува десетици милиони од овие роботи годишно, со цел првите модели да им бидат достапни на клиентите веќе следната година. Цената по парче би можела да биде помеѓу 25.000 и 30.000 долари, според проценките на Маск.

Сепак, има сомнежи за вистинските способности на роботот. На неодамнешниот настан „Ние, робот“, Тесла не беше целосно транспарентен за фактот дека некои сегменти од функционалноста на роботот се контролирани од далечина. Сепак, компанијата редовно објавува нови информации за развојот на роботот, што покажува дека напредокот не забавува.

Во последното видео, директорот на проектот Optimus, Милан Ковач, истакна дека роботот користи напредна невронска мрежа за обработка на податоци за само 2-3 милисекунди и без употреба на камера. Роботот се потпира на други сензори за да одржува рамнотежа на предизвикувачки површини, како што е прекривка. „И јас самиот се лизнав на овој терен, што го прави овој подвиг уште повпечатлив“, додаде Ковач.

Овој напредок, иако импресивен, потсетува на видео објавено од Boston Dynamics пред повеќе од осум години, кое ја доведува во прашање оригиналноста на технолошките решенија на Tesla. Критичарите истакнуваат дека Tesla можеби не е пред конкуренцијата во однос на технологијата, но предноста може да лежи во нивната способност за масовно производство и ефикасност.

Tesla планира да ги искористи своите постоечки капацитети во областа на батериите и компјутерите за заклучување за да го оптимизира производството на роботи. Иако компанијата моментално стои зад конкуренцијата, долгорочната стратегија фокусирана на економската профитабилност може да ги промени односите на пазарот на хуманоидни роботи.

Optimus се уште е во фаза на развој, но потенцијалот за практична примена и поширока достапност ја отвора вратата за промени во начинот на кој ја замислуваме иднината на роботиката.

Николоски: Добро е што обвинителството влезе во РЕК Битола, таму ќе најдат кримонал

Одговорност за криминалот во РЕК Битола ќе има и добро е што обвинителството смогна сили да влезе во еден ваков случај. 

Јас очекувам да продолжат. Во РЕК Битола мислам дека кај и да фатат има криминал, не затоа што јас во опозиција многу зборував на темата, туку затоа што се работи за факти, изјави во емисијата „Само интервју’’ на Канал 5 телевизија, министерот за транспорт и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој посочи дека поранешниот директор на РЕК Битола, Васко Ковачевски, кој е во бегство нема каде да оди ќе биде испорачан на правдата и дека тој и сите останати ќе одговараат поради криминалот кој што се случувал во изминатиов седум годишен период.

Николоски додаде дека поради криминалот во РЕК Битола и во целиот енергетски сектор имаше огромно покачување на цената на струјата.

„Видете само колку порасна цената на електричната енергија, производствена и се ќе ви стане јасно. И видете како ЕЛЕМ од компанија која што остваруваше профит во времето на Христијан Мицкоски како директор на ЕЛЕМ стана компанија загубар. Последен којшто купуваше механизација е сегашниот премиер кога беше директор на ЕЛЕМ и тоа е една од причините зошто тогаш ЕЛЕМ успешно функционираше, но тие прашања мора да се затворат затоа што цената на електричната енергија влијае на целото стопанство, не влијае само на домаќинствата’’, рече Николоски.

Николоски посочи на три многу важни проблеми кои што се имаат случено во РЕК Битола.

„Прво беше компанијата која што ги набави адитивите, второ беше квалитетот на адитивите и затоа 95% воопшто не се употребија, а се платија. И трето тие 5% што се употребија, уништија дел од производствените постројки и во Осломеј и во Битола’’, истакна Николоски.

Николоски се осврна и на тоа дека се работи на патната инфраструктура во државата и дека коридорите 8 и 10д ќе се изградат за многу брзо време.

„Кога станав министер, 300 милиони евра им беа платени на конзорциумот „Бехтел и Енка’’, метро немаа изградено. И јас да го раскинев договорот, на арбитража ќе не дадеа, како од шала уште 100-150 милиони евра ќе ни земеа, и ние ќе потрошевме како држава 400-450 милиони евра за нула километри автопат. Тоа ќе беше душмански однос кон македонските граѓани и Буџет’’, заклучи Николоски.

Украинците поставиле екплозив под мостовите, кога Русите испратија дронови (ВИДЕО)

Општо е познато дека беспилотните летала играат голема и важна улога во војната во Украина, за двете завојувани страни.

Но, новата снимка за прв пат покажа како малите беспилотни летала FPV се користени за уништување на мостот на реката Сноу, недалеку од украинскиот град Чернихив, во погранична област каде што нема директен конфликт.

Имено, украинската армија поставила експлозив на сите мостови во близина на границата со Русија, вклучувајќи го и овој, а Русија употребила дронови FPV за да го активира експлозивот и да го сруши мостот.

На снимката се гледа сета умешност на операторите со дронови, а користено е и леталото кое се контролирало преку кабел со оптички влакна, чија употреба со дронови е иновација на оваа војна. Имено, ваквите дронови FPV не се чувствителни на анти-електронско војување и непречено стигнуваат до своите цели.

Руски извори наведуваат дека нападот на мостот на реката Снов во пограничната област на Черниговската област бил извршен за да не може Украина да го искористи „за да ги пренесе своите диверзантско-извидувачки групи на територијата на соседната област Брјанск во Русија.

притисни ентер